Внимавајте: Опасни бактерите кои се отпорни и на најмоќните антибиотици!

Како последица на заразата од супербактерии отпорни на антибиотици секоја година умираат околу 33.000 Европјани, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во чиј извештај се наведува дека тие болести се споредуваат со смртните последици од грип, туберколоза и ХИВ заедно.

Во анализата на ЕЦДЦ, бројот на инфекции отпорни на супербактерии се повеќе се зголемува, а евидентирани се голем број бактерии кои се отпорни и на најмоќните антибиотици од групата карбепенема-ЦРЕ. Станува збор за опасни и тешко излечиви ентеробактерии, резистентни и на најмоќните  антибиотици  меѓу хоспитализираните пациенти каде речиси е невозможно лечењето на инфекциите.

Карбапенеми се бета-лактамски антибиотици со широк спектар на делување и се последна линија на одбрана кај резистентните бактерии. 

Супербактериите се шират со огромна брзина, а најчеста причина е претераната употреба на антибиотици во одделите за интензивна нега, каде се лекуваат тешко болните пациенти. 

Стратегијата за спречување и контрола на бактериите отпорни на антибиотици налага координирана активност на ЕУ и Европската економска област (EEA) на глобално ниво, но имајќи ги во предвид различностите на случаевите се наметнува индивидуалнен пристап прилагоден кон секоја држава пооделно.

Лесната достапност, препишувањето без адекватна индикација и претераната употреба на антибиотици во земјоделството ја предизвикаа појавата и ширењето на овие бактериски врсти. Денес голем број бактерии во својот ген содржат поголем број гени кои се резистентни и отпорни на различни класи антибиотици.

Истовремено, поедини причинители во блиска иднина можат да станат резистентни на сите достапни антимикробни лекови, поради кои експертите предупредуваат дека се приближуваме на т.н. постантибиотска ера.

Лековити дејства на маслото од семки од тиква!

Во текот на годините се појавија многу здрави и популарни масла за јадење, што стана навистина збунувачки да се одбере вистинското.

Она што остана непроменето е хранливата вредност на маслиновото масло, а сега тоа добива нов „пријател“ што би требало да се најде на вашите полици во кујната.

Се работи за масло од семки од тиква, кое освен што е лековито и ароматично, е и суперхранливо бидејќи е полно со минерали, витамини, протеини и незаситени масни киселини.

Секако, најквалитетно е ладно цеденото и треба да се консумира како додаток во храна, без негова термичка обработка.

1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем и ги прочистува цревата.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи, како што се домашните ванилици.

Родителите vs. баби: Кој како го чува детето! Чиста вистина...

Баба ви има билка која е решение за секој здравствен проблем и главна грижа во животот и е да не сте гладни и да не ви студи.

Родителите знаат сè за нас, а бабите дури и малку повеќе. Ако ја прашате мајка ви кое ви е омилено јадење, ќе одговори како од пушка, но ако ја прашате баба ви, таа веќе ќе го има приготвено за вас.

И веруваме дека на ум ви доаѓаат уште илјада такви примери кога бабите се заложувале и повеќе од доволно за вас.

Како чуваат дете родителите vs. како чуваат дете бабите:

Од најдобри пријателки до непријатели: Еве зошто Кија Коцкар ја откачи Ана Кораќ!

Кристина Киа Коцкар и Ана Кораќ беа најдобри пријатели во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, а тие продолжија со своето пријателство и по неговото завршување.

Сепак, се чини дека нешто крупно се променило, со оглед на тоа што на социјалните мрежи почнаа да циркулираат информации дека Киа ја „откачила“  Ана. Како главна причина, се наведува фактот дека Ана била во добри односи со Луна Ѓогани, откако обете влегоа во втората сезона на „Задруга 2“

Најчитани

Твитови