Екстра совет: Начини како да заработите добри пари со минимален труд!

Иако вашата прва работа е добра платена, остварување на екстра профит секогаш ќе ви биде од корист. Вториот сигурен прилив на пари ви обезбедува поголема сигурност и ви дава поголема флексибилност за тоа како се трошат парите во странство.

Сепак, многумина од нас едноставно немаат слободен простор за втора работа.

     1. Рентајте соба на AirBnb

Доколку имате резервен простор во вашиот дом, без разлика дали е тоа соба или пак заедничка станбена површина, може да ви биде од корист, само за време на празниците. Таа е прилично беспотребно, па поради тоа вие може да остварите екстра приход.

    2. Напишете книга и земете авторски права

Секако дека пишувањето на книга е голем напор. Меѓутоа, тоа е добар начин за остварување на пасивен приход кој ќе трае доживотно, благодарение на приходите од авторските права. Приходите од авторски права се пари кои што можете да ги добиете како автор за секоја копија од продадена книга.

    3. Инвестирајте во финансискиот пазар

Освен ако имате диплома по финансии, инвестирање во берзата може да биде опасен фактор. Сепак, постои еден исклучок, а тоа се Индекс средствата. Секако, нема да добивате толку пари колку што сте инвестирале во одделни фондови, но исто така нема ни да изгубите премногу.

    4. Станете блогер

Блогирањето е добар начин за остварување екстра приход, доколку играте правилно. На крајот на краиштата, многу блогери кои што почнаа од дното, сега добиваат големи парични приливи преку рекламирање такси, а исто така добиваат и бесплатни работи.

    5. Продавајте ги фотографиите онлајн

Доколку фотографирањето претставува ваше хоби, зошто да не пробате да правите профит од него. Ако веќе правите добри фотографии, зошто да не ги продавате? Преку ова, може да остварите добар прилив на пари за да купите додатна опрема или пак да одите на одмор.

   6. Креирајте апликација

Без разлика дали сакате да направите корисна апликација, првата основна точка е кодирањето. Овој курс се базира на проекти, што значи дека ќе добиете многу практично искуство и ќе научите како да креирате апликација од почеток до крај.

  7. Инвестирајте во недвижен имот

Иако е важно да се напомене дека инвестирањето во секоја работа содржи ризици, сепак вложување на ваши пари во недвижен имот претставува побезбедна работа. Покрај сето ова, луѓето секогаш бараат места за живеење, така што оваа работа има смисла.

  8. Креирање онлајн курсеви

Секој е експерт за нешто, без разлика дали е хоби или пак познавање во индустријата. Ако знаете да комуницирате ефективно, тогаш знаењето што го имате за одредена тема може да ви помогне да добиете постојан прилив на пасивни приходи.

Стилизирајте ја косата, со четка за заби!

Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак за коса на четка за заби и нежно измазнете ги непослушните влакна, советува британскиот фризер Patrick Wilson

Познатиот британски фризер Patrick Wilson, кој работи со многу ѕвезди како Cindy Crawford и Kendall Jenner, откри зошто тој секогаш во фризерскиот прибор има четка за заби.

Тој вели дека четката за заби е одлично помагало за измазнување на непослушната коса и врвови.

– Таа е совршена алатка за усовршување на убавината на вашиот изглед, за беспрекорна завршна обработка. Понекогаш наједноставните трикови се најдобри кога станува збор за постигнување на изглед како на црвениот тепих – рече тој.

– Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак на четката за заби и нежно измазнете ги неправилностите на косата – ја објасни постапката и препорачува инвестирање во четка со подобар квалитет, а не класична со која што повеќето луѓе ги мијат забите.

Тој ја демонстрирал оваа техника за време на фестивалот за убавина, Гламур во Лондон во 2019 година, на негова блиска пријателка и постојан клиент, пејачката Моли Кинг, која му беше модел во таа пригода.

„Кога Моли се појавува на телевизија или на црвениот тепих, мора да се осигураме дека нејзината коса ќе издржи добро“- рече тој.

Тикови за сите жени: Како да ги проширите чевлите кои ви се тесни?

Табелата со величини можеби била погрешна или стапалата ви се отечени; како и да е набиени палци и пликови по стапалата се загарантирани.

Растегнувањето обично се случува во ширина, а не во должина, бидејќи најдолниот дел од чевлите што е во директен контакт со земјата не може да се растегне многу. Затоа, колку и да ви се допаѓа одреден пар брендирани потпетици, не фрлајте си ги парите на број 38, ако всушност носите 39.

Употребете фен

Доколку се работи за кожени чевли, облечете два пара чорапи – колку подебели, толку подобро. Облечете ги чевлите и дувајте со фенот во нив на средна температура околу 30 секунди. Избегнувајте да дувате на едно место бидејќи може да ја оштетите кожата.

Повторете го процесот додека не почувствувате дека стапалото влегува полесно.

Ставете ги чевлите во замрзнувач

Наполнете една третина вода во мала ќеса за замрзнување. Заврзете ја убаво и осигурајте се дека нема дупка за да истече водата во чевелот. Ставете ја ќесата во чевелот во пределот на прстите, а потоа чевелот ставете го во замрзнувач додека водата не смрзне.

Кога мразот ќе се формира, може да го извадите чевелот дваесетина минути да се отпушти и потоа да ја повторите постапката сè додека не го растегнете доволно.

Купете растегнувач за чевли

Ова е едноставен алат и најмалку ризичен метод за растегнување на чевлите, односно нема да мора да се грижите дека ќе го уништите сјајот на новите чевли, ниту дека ќе ги оштетите со вода. Консултирајте се со чевлар за тоа каде може да се набави ваква алатка, инаку е достапна на amazon.com.

За да ги избегнете ваквите непријатни ситуации, најдобро е да се осигурате дека има барем 1 сантиметар простор од врвот на вашиот највисок прст на ногата до врвот на чевелот. Исто така, се препорачува да купувате чевли на крајот од денот, кога стапалата ви се малку отечени.

Лепа Брена не дозволи на Кија да биде дел од музички настан: „Или таа или јас - изберете!“

Кристина Коцкар беше предвидено да учествува на музички фестивал кој се одржа неодамна на Копаоник, каде што требало да настапи рамо до рамо со најголемите ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Милица Павловиќ и „Парни ваљак“. И покрај желбата на луѓето од организацијата на фестивалот да ја донесат да пее, Кија беше исфрлена од листата на изведувачи, токму поради фолк кралицата Лепа Брена.

Таа буквално ги условила организаторите: “Или таа или јас”, бидејќи Брена смета дека не треба да споделува сцената со девојка од релно шоу, која има едвај двее-три песни и пее само од пред неколку месеци“ –  потврдил добро информиран извор, додавајќи дека по интервенцијата на фолк ѕвездата, организаторите и го откажале ангажманот на Кија.

 

извор: вистина.мк  

Најчитани

Твитови