Што возат македонските газди - кој вози најскапа кола? (ГАЛЕРИЈА)

Македонските газди на големи фирми нормално е да возат скапи автомобили. Дел од нив знаат навистина да уживаат во своите авто миленици. Некој вози кола од само 50.000 евра а некој од 500.000 евра. Во Скопје често се забележуваат луди автомобили со затемнети стакла, а од нив излегуваат скопските газди, кој со шофер кој сам. Ајде да видиме кој што вози и колку отприлка вредат тие автомобили:

Живко Мукаетов - Алкалоид - Мерцедес s500 – над 300.000 евра

Златко Леов - Леов Компани - Ферари f590 – над 300.000 евра 

Чедо Кочан - Трансмет - Мерцедес s63 amg – над 250.000 евра

Далибор Ѓошевски – Жито Велес – Порше Панамера над 100.000 евра

Силјан Мицевски – ГП Пелистер – Ауди a8  над 100.000 евра

Тоше Зафиров – Хотел Парк – Ауди а8 над 100.000 евра

Пеце Стојановски – Стентон Градба – Порше Панамера над 100.000 евра

1Зоран Заев – Цела Струмица – Ауди а8 над 100.000 евра

Диме Спасов – МТСП – Нема кола

Орце Камчев – ОРКА Холдинг – Мерцедес s500 над 300.000 евра

Сефер Цановски – ФОН – Бентли Continental над 250.00 евра

Владимир Тодоровиќ  - Тинекс – џип Lexus – над 100.00 евра

Латас – Сител – Џип Мерцедес – 80.000 евра

Борис Стојменов – Канал 5 – Порше Карера над 180.000 евра

Лековити дејства на маслото од семки од тиква!

Во текот на годините се појавија многу здрави и популарни масла за јадење, што стана навистина збунувачки да се одбере вистинското.

Она што остана непроменето е хранливата вредност на маслиновото масло, а сега тоа добива нов „пријател“ што би требало да се најде на вашите полици во кујната.

Се работи за масло од семки од тиква, кое освен што е лековито и ароматично, е и суперхранливо бидејќи е полно со минерали, витамини, протеини и незаситени масни киселини.

Секако, најквалитетно е ладно цеденото и треба да се консумира како додаток во храна, без негова термичка обработка.

1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем и ги прочистува цревата.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи, како што се домашните ванилици.

Родителите vs. баби: Кој како го чува детето! Чиста вистина...

Баба ви има билка која е решение за секој здравствен проблем и главна грижа во животот и е да не сте гладни и да не ви студи.

Родителите знаат сè за нас, а бабите дури и малку повеќе. Ако ја прашате мајка ви кое ви е омилено јадење, ќе одговори како од пушка, но ако ја прашате баба ви, таа веќе ќе го има приготвено за вас.

И веруваме дека на ум ви доаѓаат уште илјада такви примери кога бабите се заложувале и повеќе од доволно за вас.

Како чуваат дете родителите vs. како чуваат дете бабите:

Од најдобри пријателки до непријатели: Еве зошто Кија Коцкар ја откачи Ана Кораќ!

Кристина Киа Коцкар и Ана Кораќ беа најдобри пријатели во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, а тие продолжија со своето пријателство и по неговото завршување.

Сепак, се чини дека нешто крупно се променило, со оглед на тоа што на социјалните мрежи почнаа да циркулираат информации дека Киа ја „откачила“  Ана. Како главна причина, се наведува фактот дека Ана била во добри односи со Луна Ѓогани, откако обете влегоа во втората сезона на „Задруга 2“

Најчитани

Твитови