Колибата исполнета со смеа е побогата од палатата преполна тага“ – 26 зен мудрости!

Бидете трпеливи, обрнете внимание на работите кои се случуваат во секој момент околу вас и сконцентрирајте се на сегашниот миг – сега и тука.

Зен будистичката мудрост дава една сосема поинаква перспектива кон животот и може да ви ги даде одговорите по кои трагате:

 1. Искушението да се откажете е најсилно токму пред победата.

 2. Целта во животот е да умрете млади, но колку што е можно подоцна.

 3. Не зборувај, доколку тоа не ја подобрува тишината.

 4. Патувањето од илјада милји започнува со првиот чекор.

 5. Силниот човек ги совладува препреките, мудриот човек го поминува целиот пат.

 6. Немојте да се плашите од бавно движење, плашете се од застанување.

 7. Дури и среќата на будалите – е еден вид на среќа.

 8. И да паднете, не значи дека сте го одбрале погрешниот пат.

 9. Колибата исполнета со смеа е побогата од палатата преполна тага.

10. Секогаш гледајте ја посветлата страна на работите. Доколку не можете да го сфатите тоа, полирајте го она што го изгубило сјајот, додека не почне пак да свети.

11. Што и да се случува, секогаш се случува во вистинското време.

12. Некој што ви ги истакнува недостатоците, не е нужно ваш непријател. Некој кој зборува за вашите доблести, не значи дека ви е пријател.

13. Немојте да се плашите од она што не го знаете. Плашете се доколку нема да го научите.

14. Добриот учител ќе ви ја отвори вратата, но морате сами да влезете во просторијата.

15. Ветерот завива, но планините остануваат.

16. Живеј мирно, ќе дојде времето кога цветовите сами ќе процветаат.

17. Не постои пријател кој нема маана. Но, доколку започнете да ги барате сите неговите недостатоци, ќе останете без него.

18. Несреќата влегува низ вратата која останала отворена.

19. Никој не се враќа од долго патување како личноста каква што била претходно.

20. Личноста која умее да се зацрвени во лицето, не може да има лошо срце.

22. Подобро е да се биде човек еден ден, отколку илјада години сенка.

23. Вашиот дом е местото каде што мислите ви пронаоѓаат мир.

24. Човекот кој поместува планини е оној кој започнал со носење на најмалите камења.

25. Доколку сте погрешиле, најдобро е само да се насмеете во врска со тоа.

26. Најдоброто време да засадите дрво беше пред 20 години. Другото најдобро време е сега.

Стилизирајте ја косата, со четка за заби!

Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак за коса на четка за заби и нежно измазнете ги непослушните влакна, советува британскиот фризер Patrick Wilson

Познатиот британски фризер Patrick Wilson, кој работи со многу ѕвезди како Cindy Crawford и Kendall Jenner, откри зошто тој секогаш во фризерскиот прибор има четка за заби.

Тој вели дека четката за заби е одлично помагало за измазнување на непослушната коса и врвови.

– Таа е совршена алатка за усовршување на убавината на вашиот изглед, за беспрекорна завршна обработка. Понекогаш наједноставните трикови се најдобри кога станува збор за постигнување на изглед како на црвениот тепих – рече тој.

– Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак на четката за заби и нежно измазнете ги неправилностите на косата – ја објасни постапката и препорачува инвестирање во четка со подобар квалитет, а не класична со која што повеќето луѓе ги мијат забите.

Тој ја демонстрирал оваа техника за време на фестивалот за убавина, Гламур во Лондон во 2019 година, на негова блиска пријателка и постојан клиент, пејачката Моли Кинг, која му беше модел во таа пригода.

„Кога Моли се појавува на телевизија или на црвениот тепих, мора да се осигураме дека нејзината коса ќе издржи добро“- рече тој.

Тикови за сите жени: Како да ги проширите чевлите кои ви се тесни?

Табелата со величини можеби била погрешна или стапалата ви се отечени; како и да е набиени палци и пликови по стапалата се загарантирани.

Растегнувањето обично се случува во ширина, а не во должина, бидејќи најдолниот дел од чевлите што е во директен контакт со земјата не може да се растегне многу. Затоа, колку и да ви се допаѓа одреден пар брендирани потпетици, не фрлајте си ги парите на број 38, ако всушност носите 39.

Употребете фен

Доколку се работи за кожени чевли, облечете два пара чорапи – колку подебели, толку подобро. Облечете ги чевлите и дувајте со фенот во нив на средна температура околу 30 секунди. Избегнувајте да дувате на едно место бидејќи може да ја оштетите кожата.

Повторете го процесот додека не почувствувате дека стапалото влегува полесно.

Ставете ги чевлите во замрзнувач

Наполнете една третина вода во мала ќеса за замрзнување. Заврзете ја убаво и осигурајте се дека нема дупка за да истече водата во чевелот. Ставете ја ќесата во чевелот во пределот на прстите, а потоа чевелот ставете го во замрзнувач додека водата не смрзне.

Кога мразот ќе се формира, може да го извадите чевелот дваесетина минути да се отпушти и потоа да ја повторите постапката сè додека не го растегнете доволно.

Купете растегнувач за чевли

Ова е едноставен алат и најмалку ризичен метод за растегнување на чевлите, односно нема да мора да се грижите дека ќе го уништите сјајот на новите чевли, ниту дека ќе ги оштетите со вода. Консултирајте се со чевлар за тоа каде може да се набави ваква алатка, инаку е достапна на amazon.com.

За да ги избегнете ваквите непријатни ситуации, најдобро е да се осигурате дека има барем 1 сантиметар простор од врвот на вашиот највисок прст на ногата до врвот на чевелот. Исто така, се препорачува да купувате чевли на крајот од денот, кога стапалата ви се малку отечени.

Лепа Брена не дозволи на Кија да биде дел од музички настан: „Или таа или јас - изберете!“

Кристина Коцкар беше предвидено да учествува на музички фестивал кој се одржа неодамна на Копаоник, каде што требало да настапи рамо до рамо со најголемите ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Милица Павловиќ и „Парни ваљак“. И покрај желбата на луѓето од организацијата на фестивалот да ја донесат да пее, Кија беше исфрлена од листата на изведувачи, токму поради фолк кралицата Лепа Брена.

Таа буквално ги условила организаторите: “Или таа или јас”, бидејќи Брена смета дека не треба да споделува сцената со девојка од релно шоу, која има едвај двее-три песни и пее само од пред неколку месеци“ –  потврдил добро информиран извор, додавајќи дека по интервенцијата на фолк ѕвездата, организаторите и го откажале ангажманот на Кија.

 

извор: вистина.мк  

Најчитани

Твитови