Девојки, еве зошто не можете да си фатите дечко!

Кружат многу муабети за девојки кои подолго време се сингл, некои велат дека не се способни, други дека се глупави да си најдат некој. Но всушност чаршиските муабети се далеку од вистината. Еве зошто девојките не можат/не сакаат да си најдат момче:

1. Не се плашат да бидат сами, затоа што пред се, знаат дека тоа што се сами, е доблест. За нив самотијата претставува мир и спокој, релкасирање по работниот ден. 

2. Знаат што сакаат, во секој домен, и не ги симнуваат своите стандарди само за да ги задоволат опшествените потреби. 

3. Не им треба некој да им ги олесни работите, тие се научени да фукционираат самостојно и кога им е најтешко. 

4. Нивните цели во животот  имаат поголем приоритет од пронаоѓањето партнер. Едноставно успешна кариера ги исполнува многу повеќе од милувањата со партнерот. 

5. Тие се гласни и моќни. Можеби делува  застрашувачки, но едноствано тие немаат влкана на јазикот да го кажат она што го мислат и да го направат она што го сакаат. 

Денес жените владеаат со светот и немаат потреба од лигавењето на мажот!

Уште едно засилување за Борусија Дортмунд: Пристигнува и Брант!

Напаѓачот на германската репрезентација ќе биде нов член на клубот од „Вестфален“. „Милионерите“ жестоко кренаа во летниот преоден рок. До сега потрошија околу 70 милиони евра и тоа за Пако Алкасер кој го откупија од Барселона, на Нико Шулц од Хофенхајм и Торган Азар од Мехенгладбах.

Иако Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сепак Џулија Брант се одлучи за чекор понапред. Преговорите помеѓу директорот на Дортмунд, Михаел Цорк и агентот на фудбалерот се веќе во тек, а најважно од се е дека играчот изразил желба да го облече дресот на „милионерите“.

Трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот помеѓу Брант и „фармацефтите“. Реално, Германецот вреди многу повеќе, но Леверкузен мораше да ја прифати оваа клаузула кога го продолжуваа договорот со фудбалерот.

2 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

Сигурно не постои рецепт за среќна врска, но постојат некои работи без кои врската не би успеала. Доколку сакате да дознаете дали вашата врска има потенцијал, размислете дали ги има следниве 2 нешта.

1. Слични особини

Веројатно сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но ако гледате на долгорочен план, потребно е да имате некои сличности со партнерот. Односно, потребно е да делите одредени ставови и погледи за животот. Сепак, доколку сте различни, не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да наоѓате компромис и меѓусебно да се надополнувате.

2. Сексуална компатибилност

Доколку сте компатибилни и уживате во интимноста, сè друго може да функционира. Без сексуална компатибилност, врската ќе страда, без разлика колку добро се согласувате во другите области.

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година благодарение на дополнителни приливи во буџетот кои ги одобри американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

„Само 12 луѓе оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“, вели директорот за комуникации на НАСА, Нетини Инклан, додавајчи дека послениот човек на месечината чекорел во 1972 година.

Наведува дека ни една жена никогаш не чекорела по Месечината.

 

Доналд Трамп во понеделникот откри дека ќе издвои дополнителни 1,6 милијарди долари за НАСА за да можат да „се вратат на Месечината“.

„Под моја управа ќе ја направиме НАСА повторно голема и ќе ја вратиме на Месечината, потоа одиме на Марс“, објави Трамп.

Зголемувањето на буџетот е по иницијалното барање на НАСА за 21 милијарди долари што ќе овозможи повторно враќање на Месечината.

Администраторот на НАСА Џим Бриденстајн изјави дека инвестицијата ќе овозможи НАСА да тргне напред во дизајн, развој и истражување.

Најчитани

Твитови