20 причини зошто не можете да убедете девојка да излезе со Вас!

Момците во Македонија често имаат проблеми околу тоа да убедат девојка да излезе со нив на состанок. Ќе пишувате на фејсбук и вибер со месеци и таа секој пат кога ќе ја викнеш на кафе нешто спонтано и излегува. Секој петок некоја баба има роденден, а секоја среда тетка и е на гости. Вторник е ден за со другарките, среда учи за во четврток да го полага тој испитот кој ти го зборува 8 и пол месеци дека не може да го положи поради професорката што ја мрази дека е најубава во групата и сите машки и викаат барби. А, најтрагично е што кога те одбива вика, злато ајде следен пат обавезно!

Факти зошто девојките упорно ве одбиваат:

1. Бос си бе брат, не boss туку бос немаш пари

2. Не сака да ја видиш во живо, бидејќи е ружна пута 100 од тоа што изгледа на Инстаграм со ефекти, фотошоп, корел, илустратор, прекодирање, шминка од 50 евра и тазе фризура

3. Нема време не биди глуп, зафатена е со друг/и дечковци

4. Грд си ко злото

5.  Имаш слика со Заев!

6. Стилот на облекување ти е Јордан Митев

7. Сите другари со кои се дружиш за да стигнат до Центар менуваат 3 автобуси и такси фаќаат од автокоманда за да стигнат за во диско навреме а тргнале во 20.00ч

8. Немаш „Snapchat“, не си „In“

9. Не си и ставил на сите слики срциња, муциња, кучиња, гушки, бацки јеботе си промашил сигурно 3 каде што е со тетките на слика од ланскиот роденден

10. На приватен факултет си уште прва година, а 25 години имаш

11. Бившиот ја демнее не смее да излезе од дома освен со сестра и, мајка и братучетката од Велес (истовремено!)

12. Конзервативна е... неможе за 8 и пол месеци тинтрање да излезе со тебе! Мора да си толерантен, те тестира. Како ќе знае дека ќе ја сакаш кога ќе се фатите после 3 години кога ќе се бакнете првпат?

13. Чека да се вработиш по струка на угледно место со минимална плата од 700 евра!

14. Возиш пунто донесено од Холандија, тјунирана во Чаир и модифицирано во Кратово. Си го купил од првиот газда, така ти кажале.

15. Женет си. На профилна си со двете деца како те гушкаат и description ти пишува моите срцки!

16. Заљубена е во друг. Тој е на печалба на Италија бери праски и цело време мора да онлајн на скајп за да си мирцаат. Кога бери тој праски се заебава со тебе те лаже дека сака да се гледате.

17. Работиш во Дрекслер и Мајер во Кавадарци, а си од Делчево... или си на работа или си на пат до/од работа. Кога ти ќе си слободен да си одите на Date, таа си најде дечко од Австралија, трудна е 4 месец со близнаци и има веќе државјанство

18. Девојката работи во Специјално јавно обвинителство, не смее да излезе со некој кој цело време шерува постови од Курир дека Заев краде и му се суди за корупција со description: Е сега нега те аболицира Бранко пак!

19. Член е на ОК Мралино - цело време има состаноци ( 24/7 за организацијата и е мотото и нема време за тебе сега во кампања. Кога ќе заврши кампањата и ќе има избори ќе излезете. НИКАД! )

20. Немаш бугарски пасош и немаш аспирации да ја напуштиш државата, глуп си работиш овде во приватна фирма како програмер и заработуваш 73.400 денари плус бонуси 

Уште едно засилување за Борусија Дортмунд: Пристигнува и Брант!

Напаѓачот на германската репрезентација ќе биде нов член на клубот од „Вестфален“. „Милионерите“ жестоко кренаа во летниот преоден рок. До сега потрошија околу 70 милиони евра и тоа за Пако Алкасер кој го откупија од Барселона, на Нико Шулц од Хофенхајм и Торган Азар од Мехенгладбах.

Иако Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сепак Џулија Брант се одлучи за чекор понапред. Преговорите помеѓу директорот на Дортмунд, Михаел Цорк и агентот на фудбалерот се веќе во тек, а најважно од се е дека играчот изразил желба да го облече дресот на „милионерите“.

Трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот помеѓу Брант и „фармацефтите“. Реално, Германецот вреди многу повеќе, но Леверкузен мораше да ја прифати оваа клаузула кога го продолжуваа договорот со фудбалерот.

2 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

Сигурно не постои рецепт за среќна врска, но постојат некои работи без кои врската не би успеала. Доколку сакате да дознаете дали вашата врска има потенцијал, размислете дали ги има следниве 2 нешта.

1. Слични особини

Веројатно сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но ако гледате на долгорочен план, потребно е да имате некои сличности со партнерот. Односно, потребно е да делите одредени ставови и погледи за животот. Сепак, доколку сте различни, не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да наоѓате компромис и меѓусебно да се надополнувате.

2. Сексуална компатибилност

Доколку сте компатибилни и уживате во интимноста, сè друго може да функционира. Без сексуална компатибилност, врската ќе страда, без разлика колку добро се согласувате во другите области.

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година благодарение на дополнителни приливи во буџетот кои ги одобри американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

„Само 12 луѓе оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“, вели директорот за комуникации на НАСА, Нетини Инклан, додавајчи дека послениот човек на месечината чекорел во 1972 година.

Наведува дека ни една жена никогаш не чекорела по Месечината.

 

Доналд Трамп во понеделникот откри дека ќе издвои дополнителни 1,6 милијарди долари за НАСА за да можат да „се вратат на Месечината“.

„Под моја управа ќе ја направиме НАСА повторно голема и ќе ја вратиме на Месечината, потоа одиме на Марс“, објави Трамп.

Зголемувањето на буџетот е по иницијалното барање на НАСА за 21 милијарди долари што ќе овозможи повторно враќање на Месечината.

Администраторот на НАСА Џим Бриденстајн изјави дека инвестицијата ќе овозможи НАСА да тргне напред во дизајн, развој и истражување.

Најчитани

Твитови