Бог секогаш има план за Вас: Прочитајте го текстот и ќе сфатите дека вистинските желбите секогаш се исполнуваат!

Кога работите не ви одат од рака, секогаш треба да знаете дека Господ има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде големи дарови.

Си биле три стебла на брдо во шума. Ги разгледувале своите надежи и сништа кога првото стебло кажало:

„Еден ден се надевам дека ќе станам ковчег за злато. Можеби ќе бидам украсено со прекрасна гравура и секој ќе може да ја види мојата убавина“.

Тогаш второто стебло кажало:

„Еден ден јас ќе бидам моќен брод. Ќе ги превезувам кралевите и кралиците преку водата и ќе пловам до крајот на светот. Секој ќе се почувствува сигурен во мене поради силата на мојот трап“.

Конечно третото стебло кажало:

„Јас сакам да пораснам и да бидам најубавото и најрамното стебло во шумата. Луѓето ќе ме гледаат од врвот на брдото, ќе ги гледаат моите гранки и ќе мислат на небесата и на Господ и како јас сум им блиску. Јас ќе бидам најзначајното стебло на сите времиња и луѓето секогаш ќе се сеќаваат на мене“.

По неколку години после молитвите за нивните сништа да станат реалност пристигнала група дрвосечачи до стеблата. Едниот му пришол до првото стебло и кажал: „Ова и изгледа како силно стебло, мислам дека ќе можам да го продадам на  дрвар“. И почнал да го сече стеблото. Стеблото било среќно. Знаело дека дрвосечачот ќе умее од него да направи ковчег за злато.

Кај второто стебло вториот двосеча кажал:„Ова стебло изгледа уште посилно, ќе го продадам на бродоградилиште“. Второто стебло било среќно. Знаело дека е на пат да стане моќен брод.

Кога третиот дрвосеча дошол до третото стебло, стеблото било исплашено, зошто ако го исечат, неговите сништа нема да се остварат. Третиот од дрвосечачите кажал:„Не ми треба ништо посебно од сите стебла, па еве ќе го земам ова“. И тој го исекол стеблото.

Кога првото стебло пристигнало кај дрварот  од него направиле јасли за хранење на стоката. Го ставиле во штала полна со сено. Тоа не беше она за што тоа се молело.

Второто стебло било искористено за изработка на мал рибарски чамец. Завршија неговите сништа за моќен брод кој ги превезува кралевите.

Третото стебло било исечено во големи парчиња и оставено само во темница. Поминаа годии, стеблата ги заборавија нивните сништа.

Еден ден човек и жена пристигнале до шталата. Таа се породила и го ставила детето во јаслите кои се направени до вистинско дрво. Човекот посакуваше да можеше да направи колевка за бебето, но морал да се помири дека и овие јасли ќе послужат. Стеблото, гледајќи ја убавината на детето и неговата невообичаеност, ја почувствувало важноста на овој настан, претчувствувајќи дека во себе го чува најголемото благо на сите времиња.

Години подоцна, група луѓе влегле во рибарски брод направен од второто стебло. Еден од нив бил изморен и заспал. Додека пловел по водата, започнало големо невреме и стеблото увидело дека не е доволно силно да ги заштити луѓето. Луѓето го разбудиле човекот кој спие, тој станал и кажал:„Мир“ и невремето запрело. Тогаш стеблото увидело дека го превезувало кралот над кралевите.

Конечно, некој дојде и го зема третото стебло.  Било носено низ улиците додека другите луѓе му се потсмевале на човекот кој го носи. Кога пристигнале на местото, човекот бил закован на стеблото и кренат во височина да почина на врв на брдо. Кога дошла недела, стеблото увидело дека било доволно силно да стои на врвот на брдото и да биде блиску до Господ, затоа што Христос беше  распнат на него.

Поуката на ова приказна: Кога работите не ви одат од рака, секогаш знајте дека Господ има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви подари големи дарови. Секое стебло го добило тоа што го посакувало, само не начинот на кој го замислило.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Уште едно засилување за Борусија Дортмунд: Пристигнува и Брант!

Напаѓачот на германската репрезентација ќе биде нов член на клубот од „Вестфален“. „Милионерите“ жестоко кренаа во летниот преоден рок. До сега потрошија околу 70 милиони евра и тоа за Пако Алкасер кој го откупија од Барселона, на Нико Шулц од Хофенхајм и Торган Азар од Мехенгладбах.

Иако Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сепак Џулија Брант се одлучи за чекор понапред. Преговорите помеѓу директорот на Дортмунд, Михаел Цорк и агентот на фудбалерот се веќе во тек, а најважно од се е дека играчот изразил желба да го облече дресот на „милионерите“.

Трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот помеѓу Брант и „фармацефтите“. Реално, Германецот вреди многу повеќе, но Леверкузен мораше да ја прифати оваа клаузула кога го продолжуваа договорот со фудбалерот.

2 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

Сигурно не постои рецепт за среќна врска, но постојат некои работи без кои врската не би успеала. Доколку сакате да дознаете дали вашата врска има потенцијал, размислете дали ги има следниве 2 нешта.

1. Слични особини

Веројатно сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но ако гледате на долгорочен план, потребно е да имате некои сличности со партнерот. Односно, потребно е да делите одредени ставови и погледи за животот. Сепак, доколку сте различни, не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да наоѓате компромис и меѓусебно да се надополнувате.

2. Сексуална компатибилност

Доколку сте компатибилни и уживате во интимноста, сè друго може да функционира. Без сексуална компатибилност, врската ќе страда, без разлика колку добро се согласувате во другите области.

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година благодарение на дополнителни приливи во буџетот кои ги одобри американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

„Само 12 луѓе оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“, вели директорот за комуникации на НАСА, Нетини Инклан, додавајчи дека послениот човек на месечината чекорел во 1972 година.

Наведува дека ни една жена никогаш не чекорела по Месечината.

 

Доналд Трамп во понеделникот откри дека ќе издвои дополнителни 1,6 милијарди долари за НАСА за да можат да „се вратат на Месечината“.

„Под моја управа ќе ја направиме НАСА повторно голема и ќе ја вратиме на Месечината, потоа одиме на Марс“, објави Трамп.

Зголемувањето на буџетот е по иницијалното барање на НАСА за 21 милијарди долари што ќе овозможи повторно враќање на Месечината.

Администраторот на НАСА Џим Бриденстајн изјави дека инвестицијата ќе овозможи НАСА да тргне напред во дизајн, развој и истражување.

Најчитани

Твитови