Не е се така СЈАЈНО. Мрачните тајни на Дубаи!

1. Работниците работат 14 часа дневно на температура од околу 40 степени целзиусови

Дубаи се развива со неверојатна брзина, а додека ја читате оваа статија, градот веројатно добил барем една градба или пат во своја сопственост. Иако тамошните моќни луѓе можат да ги имаат сите пари на светот, сè уште им е потребна старата и „обична“ работна сила за да ги градат работите толку брзо. Проблемот е во тоа што богаташите мислат дека таа работна сила не би требало да се третира како останатите граѓани, па повеќето од нив живеат во ужасни услови и се изложуваат на опасности секој ден. 

2. Затвор поради бакнување во јавност  

Луѓето во Дубаи претежно се муслимани, што значи дека правилата, особено оние за интимноста, се многу строги. Сите оние „кул“ слики на Инстаграм лесно можат да ве залажат прикажувајќи го градот како либерално место, но тоа е најголемата грешка која можете да ја направите при посетата на Дубаи. Не само што бакнувањето е забрането, туку е илегално и да се држите за раце во јавност – а, туристите кои ќе ги прекршат тие правила плаќаат огромни казни. Ако решат да се побунат, им се заканува и затворска казна. 

3. Трговија со луѓе

Иако законите се строги кога станува збор за алкохол, дрога и секс, правилата не важат секогаш. Девојката може да се најде во неволја само ако чекори по улица со непокриени раце, но, кога ќе падне ноќ – сè се менува. Најстариот занает во светот цвета во Дубаи – постојат повеќе од 30 илјади проститутки кои отворено ја покажуваат својата кожа и наплаќаат по 500 долари на час. Но, тоа не е главниот проблем. Најголемиот проблем е што претприемачите и моќните луѓе ја поддржуваат проституцијата и заработуваат од неа, а белото робје е валканата јавна тајна на Дубаи пред која полицијата замижува, пишува Express.hr. 

4. Фрлање огромни количини на вода за пиење  

Со оглед на тоа што е лоциран во пустина, Дубаи мора да увезува вода. Се` додека парите таму „растат на дрво“, расфрлувањето со вода за пиење не го гледаат како проблем. На пример, таму постои голем број на голф игралишта за чие одржување се трошат околу 4 милиони литри вода на ден, само за тревата да остане зелена. Додека остатокот од светот се соочува со недостатоци на вода за пиење и навистина постојат луѓе кои умираат од жед, во Дубаи не се грижат за тоа се` додека можат на мира да играат голф. 

5. Кога ќе ја снема нафтата, сè ќе пропадне

Не е тешко да се изгради овој рај среде ништо сè додека се има изобилство на „црно злато“. Сите знаат дека областа на Средниот Исток значително зависи од нафтата и дека тоа им е единствената надеж на економијата. Но, се чини дека луѓето во ОАЕ не сфаќаат дека ништо не трае вечно, а прогнозите откриваат дека нафтата веројатно ќе ја снема за околу 20 години. Тогаш, или нема да биде доволна, или цената ќе биде толку висока, што луѓето ќе се префрлат на други извори на енергија. А, што ќе се случи тогаш со Дубаи? Најверојатно нивниот златен меур ќе експлодира, а скапите трошоци за одржување ќе ги однесат во губитоци. 

6. Луд расизам  

Во 21-ви век поголемиот дел од светот не го прифаќа расизмот како норма. Сепак, човечкиот род е подготвен да прави исклучоци, па на пример, никому не му е грижа што расизмот е движечка сила на Дубаи. Градот е брутално место со диви правила, каде што човекот вреди онолку колку што му вреди неговиот пасош. На пример, за иста работа во исто претпријатие, работниците од Европа и Америка добиваат двојно поголема плата од колегите од земјите од третиот свет. 

7. Работниците ги претвораат во робови, одземајќи им ги пасошите

Колку подлабоко се копа, толку повеќе излегуваат на виделина мрачните приказни и кривичните дела. Така, Дубаи е место каде што ропството сè уште е присутно. Секако, формално сè е легално, но во пракса луѓето од земјите како Индија, Пакистан и Кина се принудуваат да работат прекувремено за речиси никакви пари. Освен тоа, многу од тие несреќници не можат да го напуштат Дубаи, бидејќи владата или компаниите по нивното доаѓање им ги одземаат пасошите. Тоа не е сценарио од филм, туку суровата реалност на луѓето кои емигрирале таму со надеж за подобар живот, но наскоро откриле дека дошле во пекол. 

8. Отворено ја уништуваат околината  

Со помош на робовската работна сила, Дубаи забрзано се развива, а секој ден се појавуваат нови комплекси од никаде. Инвеститорите не сакаат да чекаат за нив, а од секое градилиште доаѓаат големи количини на ѓубре, канализација и хемиски отпад. Системите за заштита не можат да го следат темпото на развој, па компаниите го фрлаат својот отпад на некое друго место. Тоа обично го подразбира морето. 

9. Дивите животни таму не се диви

Богаташите од Дубаи имаат толку многу пари, што веќе не знаат на што да ги потрошат. Некои купуваат позлатени автомобили, други пливаат во млеко, но најновиот тренд е да набават егзотично и диво животно како домашно милениче. Шеиците повеќе не се задоволни со кучиња и мачки, туку купуваат тигри, пантери, лавови и слично. Притоа плаќаат тренери и дресери кои ги злоставуваат животните во обид да ги цивилизираат. 

10. Слободата на говорот е мит, а земјата е диктатура  

Ако некој изнесе јавно мислење со кое не се согласуваат моќните луѓе, добива телефонски повик од т.н. тајната полиција на Дубаи. Многу директно тие им даваат два избори – да замолчат или да изгубат се` што имаат. Освен тоа, дури 80 отсто од жителите се имигранти, а законот е толку комплициран, што не може да се стане полноправен граѓанин без многу пари и трпение, без оглед на тоа дали таму живеете 10 или 50 години. Ако странец проговори нешто лошо, едноставно го депортираат. 

Внимавајте: Не се заљубувајте во припаднците со овој хороскопски знак!

Не се заљубувајте во Рак затоа што има златно срце, најчисто срце кое некогаш ќе го запознаете. Тие влегуваат во врска без никакви задни намери и не бараат ништо од вас. Тие ќе ве сакаат со цело срце ако им покажете дека го заслужувате тоа. Тие се прекрасни души кои даваат сѐ од себе за другите да бидат среќни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што и покрај тоа што има срце од злато, тие околу себе имаат ѕидови. Морате малку да се потрудите за да им се приближите. Нивната љубов не е едноставна, но знаеме дека најдобрите работи во животот никогаш не се едноставни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што ќе запомнат сѐ што ќе им кажете, дури и ако го кажете тоа со шепот. Тие слушаат повеќе од она што го кажувате и навистина се грижат. Тие ќе запомнат работи кои вие сте заборавиле дека сте ги кажале. И ќе се чувствувате дека ги познавате цел живот.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие премногу се грижат. Се грижат за вашите чувства и секогаш ќе внимаваат да не ве повредат. Тие ќе ви се извинуваат и повеќе отколку што треба, затоа што сакаат да бидете среќни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие се премногу чувствителни. Тие ќе ве научат поинаку да гледате на животот, да бидете повнимателни… Ќе видете како ќе почнете да се менувате, затоа што ќе се грижите и за себе, но и за сите останати околу вас.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што толку многу се добри, но и срамежливи. Не функционираат најдобро на големи собири, но ако некој ги повлече на страна и започне разговор со нив, тие повторно ќе се претворат во личноста која толку многу ја сакате.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие секогаш го следат своето срце. Дури и ако се работи за нерационален и нелогичен избор. Тие се прилично тврдоглави кога се во прашање работите што ги сакаат.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што навистина ќе се приврзат за вас, а вие ќе бидете пресреќни што сте запознале личност која толку се грижи за вас. Затоа што светот е место во кое луѓето се плашат да го отворат срцето и ретко го прават тоа. Тие беспрекорно ги читаат луѓето и треба да им верувате на нивната процена.

Дури и ако се заколнете дека нема да се заљубите во нив, ќе сфатите дека се заљубувате. Можете да го негирате тоа и да речете дека тоа нема да функционира. Но, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека ги сакате повеќе отколку што сакате да признаете. И тоа е уште една работа во која се добри – секогаш им докажуваат на луѓето дека не се во право.

Постои причина зошто Бог ни носи одредени луѓе во животот

Често велиме дека не можеме да објасниме зошто се чувствуваме на одреден начин за некоја личност. Зошто со некои луѓе полесно се поврзуваме, а со други поврзувањето е тешко или незначајно.

Понекогаш изгледа како Бог да нѐ спојува со некои луѓе, како тие да ни се потребни во тој момент во нашиот живот. Тоа се луѓе кои нѐ учат на важна лекција за животот и за себеси.

Постои причина зошто Бог го придвижува нашето срце кон некоја конкретна личност и зошто со неа се поврзуваме со таа личност повеќе од другите. Кога ќе погледнеме назад, не постои ниту една личност кон која сме биле приврзани, а која не нѐ научила на нешто или не играла голема улога во нашиот развој и созревање. Иронијата е голема, бидејќи таквите луѓе само привремено биле дел од нашиот живот, а оставиле огромна тага на него.

Многу често, фазата во која сме во животот одредува какви луѓе привлекуваме кон себе. Изгледа како Бог да ни ги праќа вистинските луѓе во вистинско време. Тој ни дава одговори за животот преку овие луѓе. Нѐ просветлува доближувајќи нѐ до луѓето кои го вадат најдоброто од нас. Ни помага со тоа што не доближува до луѓе кои на некаков начин ја вадат силата од нас.

Понекогаш посакуваме тие луѓе да останат засекогаш во нашиот живот, но многу многу често тоа е невозможно. Не ни е судено тие да бидат во нашиот живот засекогаш. Бог ги носи само за одреден период, за да не направи подобри личности за оние кои ќе останат со нас засекогаш.

Често многу патиме и се нервираме бидејќи овие луѓе си заминуваат брзо од нашиот живот и си мислиме дека немаме среќа. Не сфаќаме и не можеме да прифатиме дека тие си заминуваат и дека Бог ни ги одзема од животот, по убавите времиња кои сме ги поминале со нив. Многу често, наместо да се инспирираме од приказната помината со нив, патиме долго по нив. Сепак, вистината е дека сите тие искуства ја носат вистинската живот во нашиот живот и нѐ учат како да се однесуваме со неа и како да ја цениме и почитуваме.

Мораме да имаме верба. Мораме да веруваме дека подобри времиња доаѓаат пред нас, а дека сите тие искуства се важни лекции во нашиот живот. Можеби тие луѓе биле како некакви ангели пратени да нѐ научат на некаква лекција и да не направат подобра личност, а потоа да одлетаат од нас.

Можеби и тие нѐ учат како да не се држиме до нешто или некого по секоја цена, како да бидеме радосни во убавите моменти, а да ја прифатиме вистината кога нив ќе ги снема и луѓето ќе си отидат. И, највеќе од сѐ: да веруваме во тоа дека Бог чува нешто подобро за нас.

Зошто е добро да јадете кисела зелка?

Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу корисна за нашето здравје.

Зелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12), кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.

Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.

Расол

Познато е дека расолот е пијалак кој се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето, како и народен лек за смалување на отоците на зглобовите.

Меѓутоа, малку е познато дека сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Со експерименти е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен пијалак за оние кои имаат недостаток на калциум. Исто така се препорачува да го пијат жени во средни години за да го спречат процесот на остеопороза.

Лековити својства:

1. Го подобрува расположението

2. Го прави организмот отпорен на стрес

3. Ја активира размената на материи во мозокот

4. Помага при создавањето на црвени крвни зрнца

5. Ја стимулира работата на клетките и подмладува

6. Помага за зајакнување на коските

7. Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвта

8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите

9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво

Најчитани

Твитови