Подгответе превкусна домашна штрудла од јаболки за вашите најмили! (РЕЦЕПТ)

Штрудлата е еден од најпопуларните десерти во светот, а постојат многу различни варијанти на подготовка на овој превкусен колач. Ова е рецепт за штрудла од јаболки која може да се служи и со сладолед од ванила.

Потребни состојки:

1 пакување кори за пита

1 кг кисели јаболки

100 грама шеќер

50 грама маргарин

цимет

малку рум или млеко

суво грозје

сладолед од ванила

Подготовка:

Корите за питата намачкајте ги со стопениот маргарин, па потоа додадете ги претходно изренданите јаболки.

Посипете со шеќер, цимет и суво грозје, кое претходно ќе ги натопите во рум или млеко. Направете ролад од корите и ставете го во сад за печење, подмачкан со маргарин.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час до 40 минути, додека кората не добие жолтникава боја. Оставете ја штрудлата да се излади, потоа исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и сервирајте со сладолед од ванила.

Добар апетит!

Сите очи вперени во неа: 47-годишната „Росалинда“ мами воздишки, во зелена креација!

Талија Соди мами воздишки каде и да се појави. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.

На свечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.

 

Знаци дека си имате работа со психопат!

Според податоците кои ги даваат психолозите, од 1 до 4% од вкупното население на Земјата се психопати. Психопатските тенденции кај некоја личност можат да бидат скриени и тешко може да се открие.

Психопатијата е синдром кој е демонстриран од бездушноста кон другите луѓе, неспособноста да се сочувствува, да се почувствува искрено каење за повредување на други луѓе, лажење, егзистенција и нереални емоционални реакции.

1. Тие немаат емоции

2. Тие спијат многу малку

3. Сакаат да прават другите да се чувствуваат виновно

4. Тие се харизматични и сакаат да се центар на внимание

5. Тие се нарцисоидни

6. Тие лажат постојано

7. Тие се неодговорни

 

Легендарни грешки на реклами, ќе ве насмеат до солзи!

Покрај оние навистина добри и успешни има и такви реклами кои ќе ви го привлечат вниманието но со грешките кои ги имаат, по што и ќе ги запаметите... Во продолжение погледнете - легендарни грешки на реклами,  кои ќе ве насмеат до солзи! 

 

 

 

Најчитани

Твитови