НЕУРОМЕДИКА - официјален партнер и медицинско обезбедување на фудбалскиот камп на Фондацијата „Реал Мадрид“ во Македонија!

Болницата НЕУРОМЕДИКА стана официјален партнер на компанијата „Спорт Арена“ која доби можност да биде лиценциран партнер на Real Madrid Fundation Campus Experience. 

 

Фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.

По денешната официјална средба на Генералниот директор на Неуромедика - д-р Емил Угриновски и г-дин Влатко Тодев, претставникот на компанијата „Спорт Aрена“, НЕУРОМЕДИКА официјално стана спонзор на кампот.

Како што изјави генералниот директор на Неуромедика - д-р Емил Угриновски, на сите учесници ќе им бидат обезбедени целосни медицинско - специјалистички прегледи пред почетокот на кампот, а воедно и целосна медицинска грижа целиот период додека трае овој настан. Учесниците ќе имаат медицинска грижа од врвни лекари специјалисти, физиотерапевти и останат медицински персонал. 

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови