Како се сложуваат два исти хороскопски знаци во љубовна врска?!

Врската помеѓу два исти хороскопски знаци може да биде или совршена, или вистински пекол. Иако не сте идентични, ќе видите некои од своите најдобри и најлоши особини како се рефлектираат во вашиот партнер.

Овен-Овен

Кога ќе се сретнат два огнени знаци, често доаѓа до експлозија. Врската на два Овни може да биде незгодна ако дозволат да започнат постојано да се бодат со роговите. Но, ако дозволат импулсивниот партнер да ги инспирира, односот може да биде функционален.

Бик-Бик

Овој пар може да биде сосема компатибилен, затоа што двајцата честопати може да бидат домашни типови. Овие два земјени знаци претставуваат стабилност кога се заедно. Ако се караат, тоа е најчесто само поради пари.

Близнаци-Близнаци

Односот помеѓу два Близнаци може да биде исклучиво бурен и возбудлив. Сепак, двајца Близнаци не можат долго да издржат заедно.

Рак-Рак

Два Ракови можат да функционираат единствено ако секој од нив прифати дека поради себе има исто толку чувствителна и емотивна личност.

Лав-Лав

Врската помеѓу два Лавови тешко може да биде успешна, едноставно затоа што едниот или другиот секогаш ќе чувствуваат потреба да бидат главни. Рамнотежата може да се воспостави некое време, но вистинската еднаквост многу тешко.

Девица-Девица

Две Девици може да имаат совршена врска. Секој од вас има високи очекувања од другата страна. Тоа понекогаш доведува до недоразбирање, но почесто доведува до тоа едниот од вас двајца да му помага на другиот да биде подобра личност.

Вага-Вага

Овие два хороскопски знаци можат да бидат заедно само ако двајцата сфатат што е вредно за расправии, а што не. Секој од вас сака хармонија и попрво ќе попушти отколку да се расправа околу некои ситници. Вашата компатибилност зависи од тоа колку двајцата сте свесни на овој факт.

Скорпија-Скорпија

Иако за две Шкорпии важи дека можат да остварат многу добра комуникација и длабока поврзаност, во ситуации кога доаѓа до поголеми кавги и несогласувања, љубовниот пар може да стане склон кон вртење еден против друг наместо да настојува да ја смири ситуацијата и да комуницира на мирен и сталожен начин.

Стрелец-Стрелец

Тешко е два Стрелци да остварат стабилна врска, едноставно затоа што и двајцата сакаат да се натпреваруваат и имаат страв дека другиот ќе почне да му ја ограничува слободата. За среќа, и двајцата се многу искрени еден кон друг, што може да ја ублажи природната неспоивост.

Јарец-Јарец

Врската помеѓу два Јарци може да трае долго, бидејќи и двајцата се свесни дека на другиот му е потребен и жкивот надвор од врската. Бидејќи го почитуваат времето и работата на партнерот, двајца Јарци се во состојба полека да ја зацврстуваат длабоката врска во која делат заеднички вредности.

Водолија-Водолија

Иако можат да бидат одлични пријатели, кои се охрабруваат меѓусебно да ги водат внатрешните пориви, токму тоа може да биде пречка во емоционалната врска.

Риби-Риби

На прв поглед може да изгледаат како складен пар. Да ги планираат заедно своите соништа, но не ги остваруваат и тоа е најголемата пречка. Важно им е да не ја жртвуваат својата личност до точка кога стануваат ограничени или инертни.

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови