Која е љубовницата на милијардерот Џеф Безос, поради која се разведува по 25 години брак!

„Инквајер“ известува дека љубовниците заедно патувале на егзотични дестинации со неговиот 65 милиони долари вреден авион, како и дека Џеф бил тој кој ѝ праќал непристојни пораки и еротски фотографии.

Извршниот директор и основач на, во моментот највредната компанија на светот „Амазон“, Џеф Безос се најде среде афера и развод. Имено, откако Џеф тајно со месеци се гледал со поранешната телевизиска водителка Лорен Санчез и откако целата афера излезе на виделина, милијардерот објави дека се разведува по 25 години брак од сопругата, наградуваната писателка Мекензи Безос.

Џеф, според пишувањето на американските медиуми, Лорен, која е мажена за холивудскиот могул Патрик Вајтсел, почнале да се гледаат минатата есен.

„Инквајер“ известува дека љубовниците заедно патувале на егзотични дестинации со неговиот 65 милиони долари вреден авион, како и дека Џеф бил тој кој ѝ праќал непристојни пораки и еротски фотографии.

Но, извор близок на милијардерот изјавил за „Дејли мејл“ дека тој и сопругата вложиле големи напори за да го сочуваат својот брак, пред да одлучат да се разведат, и дека врската со Лорен почнала дури по одлуката за разводот.

Сепак, „Инкваер“ тврди дека ги следел Мекензи, Лорен и Џеф последните четири месеци и дека тоа бил нивен најголем истражувачки потфат во историјата на магазинот, вклучувајќи го фотографирањето на „вљубените птички“. Според нивните тврдења аферата траела дури осум месеце зад грбот на Мекензи Безос.

Лорен и Џеф се запознале пред неколку години во текот на едно снимање, а потоа биле забележани во исто друштво неколкупати, бидејќи нивните семејства се познаваат со години, што не е чудно имајќи предвид дека живеат во Сиетл.

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови