Синчето на „Онур и Шехерезад“ денес има девет години и е копија на неговиот татко!

Турската актерка Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенџ се венчаа во 2009 година откако нивната љубов се роди на снимањето на серијата „1001 ноќ“.

Во месец февруари 2010 година тие станаа родители. Бебето го доби името Али, едно од најпопуларните машки имиња во Турција. Денес Али веќе е потпораснато момченце кое има 9 години, а мама и тато ретко го покажуваат во јавност.

Сепак, папараците секогаш се околу нив, па кога ќе ги зачекаат заедно во ретки прилики имаат можност да го фотографираат и Али кој личи на својот познат татко.

Инаку, една од најплатените актерки двојки во Турција, моментално ги гледаме во улогите на Азизе и Џевдет од драмата „Далеку од дома“.

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови