Кога последен пат сте ја провериле функцијата на тироидната жлезда?!

Tироидната жлезда се наоѓа во предниот дел на вратот. Таа произведува два важни хормони - тироксин и тријодтиронин, кои влијаат на голем дел од процесите во човечкото тело, меѓу кои метаболизмот, телесната температура и работата на срцето, како и нормалниот раст и развој кај децата. Проблемите се појавуваат кога тироидната жлезда станува прекумерно активна или пак премалку активна. 

Намаленото лачење на хормони на штитната жлезда - хипотиреозата може да предизвика симптоми како што се промени во менструалниот циклус, сува кожа и кршливи нокти, чувство на трнење во рацете и прстите, и опстипација. Хипертиреозата, или зголеменото лачење на хомони, исто така предизвикува промени во менструалниот циклус, но тие се обично придружени од други симптоми како што се проблеми со видот, чувство на слабост во мускулите, треперење на рацете и дијареја. Хипотиреозата се јавува почесто од хипертиреозата.

СИМПТОМИ КОИ УКАЖУВААТ НА НАРУШУВАЊА НА ТИРОИДНАТА ФУНКЦИЈА

Стручните лица од БИОТЕК Лабораторија препорачуваат проверка на тироидната жлезда во следните случаи:

Нагли промени во телесната тежина

Оток во пределот на вратот

Промени во пулсот

Промени во расположението и енергијата

Опаѓање на косата

Промени во телесната температура

Во случај на неплодност кај жената

Кај новороденчињата, бидејќи нарушената работа на тироидата може да доведе до ретардираност

Кај децата со нарушен раст и развој

Ако веќе се лекувате од болести на тироидната жлезда и сте на терапија со синтетски антитироидни лекови или со тироксин (Т4)

Ако сте на некаква терапија со лекови кои можат да предизвикаат промени на функцијата на тироидеата

Ако имате нетироидно автоимуно заболување

Ако имате повеќе од 40 години

Ако патите од несоница или анксиозност

При промени на кожата

При покачени маснотии и ензими на црниот дроб

Превентивна контрола за канцер на тироида

Заради ризиците кои ги носат пореметувањата на тироидната жлезда, многу е важно тие да се детектираат што е можно поскоро, со што пософистицирана опрема и реагенси.

КАКО ДА ЈА ПРОВЕРИТЕ СОСТОЈБАТА НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

Функцијата на тироидната жлезда најбрзо и најточно се проверува преку анализа на крвта на три главни параметри: TSH, FT4 и FT3.

TSH – Тиреостимулаторниот хормон ја стимулира штитната жлезда да ги лачи хормоните тријод тиронин и тироксин (T3 и Т4). Неговото излачување во крвта зависи од концентрацијата на овие хормони и укажува директно на состојбата та на тироидната жлезда.

FT4 и FT3 – тироидните хормони кои се јавуваат во слободен облик и претставуваат нивна активна форма.

 

 

Мажи, сте слушнале ли за Наполеонов комплекс?

Според некои преданија, Наполеон нискиот раст го компензирал војувајќи. Наполеновиот комплекс е еден од најголемите машки проблеми со кои мора да се борат целиот живот.

Личноста која има просечен или неколку сантиметри помал раст од останатите, се чувствува неадекватно и помалку вредно.

Стереотипот кој ги прати мажите со низок раст е дека се поагресивни, погласни и имаат желба за привлекување внимание и докажување.

Фројд тоа го објаснува со фактот дека тоа е одбрамбен став на егото заради кое мажот не може да поднесе да е понизок од просекот.

Антрополозите го поврзуваат агресивниот настап на ниските мажи со еволуциската теорија според која ниските и слаби мажи својата надмоќ ја докажувале така што биле гласни и нападни.

Научниците од центарот за контрола на болести во Атланта неодамна објавиле студија која покажала дека тоа може да биде вистина, односно дека ниските луѓе се поагресивни и понасилни.

Студијата опфатила 600 мажи на возраст од 18-50 години и утврдено е дека тие кои се чувствувале помалку мажествено имаат три пати поголема веројатност да станат насилници.

Стручните лица тврдат дека ниските мажи се чувствуваат поранливо и се склони кон параноја. Но, треба да се наведе дека тестираната група сепак е премногу мала за да може да се извлечат коректни заклучоци.

Зошто сексот на плажа понекогаш е лоша идеја?

Иако звучи многу привлечно и романтично, природата не работи во ваша полза кога се во прашање интимните и страствени моменти. Освен тоа што има многу работи кои ќе ви пречат, ризикувате и опасност од инфекции.

А навистина звучи секси: море, плажа, песок, двајца заљубени… Но, не е се така едноставно како што изгледа. Еве зошто сексот на плажа може да се претвори во ноќна мора.

Песокот влегува секаде

Песочните плажи изгледаат како од бајка, но не се идеално место за секс. Ситните песочни зрнца ќе ви се вовлечат речиси во сите делови од телото, а ако ви се залепат за телото, тогаш ќе ви сметаат за време на односот, а можно е и да почувствувате болка ако влезат во интимните делови.

Сексот би требало да биде спонтан

Но, не е. За почеток ќе посакате да ставите нешто под себе, затоа што не можете да бидете голи ниту на песок, а особено не на камења, бидејќи ќе ве боли. Морате да ставите пешкир или ќебе, но за да не ви пречат, ќе мора да ставите камења на краевите за ветерот да не ги вее. Кога ќе го направите тоа, сфаќате дека сепак има премногу луѓе околу вас, па потоа одите да барате поосамени плажи. Кога ќе го направите се ова, подготвени сте за акција. Но, дали? Или попатно сте ја изгубиле желбата затоа што тоа веќе е навистина детално планиран секс.

Летен пинџур со тиквички - вкусно и брзо се прави

Многу лесно и вкусно пинџурче за ручек во жешки денови.

Се сецкаат тиквички, модар патлиџан, пиперки и домати и се ставаат во тава.

Се посолуваат и се става малку зејтин, се меша и се пече околу пола час на 180 степени. Треба да се промешува неколку пати за време на печењето. Пред крајот се додава сецкан лук и магдонос, се промешува и се пече уште 5 минути.

Состојки 2 тиквички 5,6 пиперки (благи и по некоја лута ако сакате) 3 домати 1 модар патлиџан 1 голема лажица свеж магдонос 2 чешниња лук по вкус масло и сол

Се сервира со павлака и сиренце.Наздравје! Прочитај повеќе: 

Најчитани

Твитови