Дали може да изгубите тежина само со пешачење?

Ако започнувате план за губење вишок килограми и почнувате од нула, многу е веројатно дека треба да воведете и физичка активност во својата агенда.

Доколку досега не сте биле регуларно физички активни, не си ги преценувајте способностите со недостижни цели, бидејќи никој не очекува од вас да бидете маратонец, туку можете да почнете само со пешачење.

Во просек, потребни се четири часа физичка активност неделно за да може да бидат ефикасни за губење тежина. Најважен е интензитетот, односно истиот треба да биде прилагоден на вашата физичка состојба во моментот на почетокот на режимот.

Она што е важно да го применувате при пешачењето е да одите со побрз интензитет, да почувствувате дека сте изморени. Пешачењето може да биде одлична аеробичка и анаеробичка вежба, бидејќи активира повеќе групи на мускули наеднаш. Исто така, важна е и конзистентноста, дури и кога ќе почнат да се гледаат првите резултати.

Во комбинација со здрави нутриционистички избори, моќното пешачење ќе има резултати и полесно ќе успеете во својата цел, односно губење на дел од вишокот килограми.

Правила во исхраната на Ѓоковиќ: Прво чаша вода, па сè друго

Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

Кога го сменил начинот на исхрана и намирниците што ги внесува во телото, Новак драстично напредувал во играта.

Во 2010 година Ѓоковиќ го сменил начинот на исхрана и тоа му донело неверојатен подем во светот на тенисот. Од 2011 година тој стана гладијатор на тениските терени, кој ги добива натпреварите и по шест часа игра.

Оттогаш Новак ги почитува овие свои 8 правила, кои ги опишува во неговата книгата „Сервирај за победа“.

1. Не јаде глутен и млечни производи

2. Шеќерот го сведува на минимум.

3. Неговата исхраната се базира на зеленчук, грав, риба, овошје, семки и здрави масла.

4. Со години не јаде црвено месо.

5. Најголемиот дел од неговото мени е од растително потекло.

6. Храната долго треба да се џвака за подобро да се свари.

7. Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

8. Чаша со млака вода пие веднаш по станувањето.

Кралицата Летиција беспрекорна и во фустан кој може да си го дозволи секоја жена (ФОТО)

Кралицата Летиција (46) важи за една од жените со истенчен стил на облекување, па секое нејзино појавување привлекува големо внимание.

За разлика од многу славни дами кои не се оттргнуваат од брендираните парчиња облека, кралицата Летиција знае да облече и модели од комерцијални и поповолни брендови.

Така таа во кралската палата Зарзуела во Мадрид се појави во темносин фустан со бели коцкасти форми.

Моделот со кратки ракави и со копчиња на предната страна е украсен со џебови и има нееднаков раб, додека околу половината таа стави темносин ремен.

Со тоа комбинираше и високи потпетици од Каролина Херера од превртена кожа во истата боја.

Поради дојава за бомба 130 луѓе евакуирани од белградскиот аеродром

Од авион на Луфтханза на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград утрово поради дојава дека е поставена бомба се евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот, објавија белградските медиуми.

Контрадиверзионата единица Министерството за внатрешни работи била испратена на аеродромот по дојавата. 

Авионот бил подготвуван за лет до Франкфурт.

„Сите надлежни служби, вклучувајќи ги аеродромските служби, реагираа веднаш, во согласност со процедурите за обезбедување највисоко ниво безбедност на патниците и авионот како главен приоритет“, велат на аеродромот.

Воздушниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ Белград цело време се одвива според предвидениот ред на летање.

Најчитани

Твитови