Неделен хороскоп ( 11 Февруари - 17 Февруари, 2019)

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Имате чувство дека на деловен план се се распаѓа, а не знаете како да го спречите тоа. Смиете се и размислете за се, ќе сфатите дека хаосот не е толку голем.

ЉУБОВ: Без значајни промени на љубовен план, без оглед дали сте во брак, долга врска или пак сте слободни.

ЗДРАВЈЕ: Лош имунолошки систем.

 

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Конечно ќе имате време да се одморите малку и работата да ја ставите во втор план.

ЉУБОВ: Нови, возбудливи случувања, неделата ќе ви биде кратка за се што ќе ви се случи.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со главоболка.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Најдобро е решавањето на сериозни и поголеми проблеми да го оставите за наредната недела. Оваа недела завртете се кон себеси.

ЉУБОВ: Имате замерки за однесувањето на партнерот, но уште не сте подготвени отворено да зборувате за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната. Стомакот ќе ви биде осетлив.

 

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Добро прочитајте пред било што да потпишете. Оваа недела ви се препорачува зголемена внимателност.

ЉУБОВ: Некое интересно познанство со личност родена во знакот на Риби би можело да прерасне во нешто сериозно.

ЗДРАВЈЕ: Можни се настинка и кивавица.

 

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Оваа недела ќе ја обележат големи осцилации на финансиски план. Можни се големи приходи, но и големи трошоци.

ЉУБОВ: Без оглед дали сте во врска или не оваа недела ќе ви биде многу мирна.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со хемороиди.

 

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Неповолен период за донесување нови деловни одлуки. Одморете оваа недела, а наредната тргнете вредно во нов поход.

ЉУБОВ: Збунети сте. Ни сами не знаете што чувствувате и како треба да се однесувате. Искористете ја оваа недела да размислите за се.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со видот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Иако имате безброј идеи, ова не е баш најповолниот период за вас, бидете повнимателни.

ЉУБОВ: Нејасна ситуација на љубовен план. Време е да станете поотворени и кон себе и кон партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Склони сте кон депресивни мисли.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: И во оваа нова година зачeкоривте со преголеми очекувања. Не го правете тоа, со цел да не се разочарувате.

ЉУБОВ: Слободните ќе имаат интересна понуда, а оние во врска или брак можно е да имаат ситни проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со нервниот систем.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Имате огромна желба нешто да промените на деловен план, но како да не сакате. Проблем се вашите внатрешни кочници.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е комплицирана, бидејќи делува дека вашиот партнер се одалечил од вас. Позборувајте со него.

ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со коските.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Почетокот на годината ќе го одбележи некое раскинување на договор, особено нешто поврзано со странство.

ЉУБОВ: Можна е врска со доста повозрасна личност од вас. Доколку сте во врска или брак, не правете нешто за што подоцна ќе жалите.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика, можни се проблеми со холестеролот.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Можна е загуба, штета или некој непланиран трошок. Значи, оваа недела ќе биде многу неповолна кога станува збор за пари.

ЉУБОВ: Планетите укажуваат на зголемена љубомора.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мочниот меур и уринарниот тракт.

 

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Очекувавте повеќе на деловен план, но бидејќи не дошло до тоа, чувтвувате големо разочарување.

ЉУБОВ: Нестбилна љубовна ситуација. Можни се мали разочарувања.

ЗДРАВЈЕ: Можни се воспаленија на стомакот.

Сузана Гавазова се соблече на крајот од летото (ФОТО)

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова очигледно ги фаќа последните летни зраци, бидејќи таа дури сега успеа да најде време да се одмори по напорната агенда изминативе три месеци.

Гавазова на Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира во бикини, но не ја откри локацијата каде ужива ова „лето“, но тоа не е толку важно.

Важно е дека атрактивната пејачка уште еднаш покажа дека не биле за бадијала теретаните преку целата година.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#makedonka #beach

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Секогаш перфектно облечена за секоја прилика: Беспрекорното издание на Меланија Трамп! (ФОТО)

Споменикот на Џорџ Вашингтон, попознат под името Washington Monument некое време беше затворен за туристите и посетителите поради модернизација на лифтот и унапредување на безбедносните стандарди.

Работите се готови, а популарната културна и туристичка атракција повторно може да се посетува, а свеченото повторно отворање го направи првата дама на Америка Меланија Трамп.

Убавата Словенка ја пресече лентата во прекрасен бел фустан во нејзиниот препознатлив стил – едноставната тоалета со крој А до под колена со бел појас беше одличен избор за оваа свечена прилика.

Покрај фустанот таа облече и бели салонки со принт и висока потпетица, кои дефинитивно се нејзин заштитен знак.

Доколку овие знаци ги забележите кај партнерот, најдобро е да седнете и разговарате за истото

Вашиот партнер се однесува чудно и имате чувство дека не е баш среќен како што знае да биде или пак некогаш бил. Се сомневате, но не сте сигурни во ова и не сакате да кажете или посочите нешто предвреме, за да не ги расипете односите. Подолу прочитајте седум знаци кои ќе ви укажат или потврдат дека вашиот партнер навистина не е среќен во врската.

1. Често заглавува на работа

Ако партнерот почне да останува често на работа и после работно време или често оди на бизнис кафиња и состаноци, ова е знак дека ве избегнува.

2. Постојано е нерасположен и делува депресивно

Ако делува тивко и повлечено повеќе од обично и ако лесно се нервира и избувнува без очигледна причина, ова се знаци дека тој/таа не е среќен во ситуацијата во која што е.

3. Не се труди ни да се расправа

Иако никој не сака кавги, дискусии и расправии се дел од секоја здрава врска. Па ако вашиот партнер одеднаш почнува да не се труди да реши нешто со вас и да се расправа на некоја тема што обично би се расправал, ова значи дека не се ни труди и дека можеби веќе се откажал од вас.

4. Останува до доцна навечер многу после вас

Ова важи за паровите што живеат заедно – ако чека да си легнете и не си легнува со вас, за секс, гушкање или читање нешто, има некој проблем. Ако без конретна причина партнерот го прави ова, значи дека ве избегнува.

5. Бара внимание

Ако не сте му посветувале доволно време на партнерот, ќе почне очигледно да бара внимание од вас. Ова може да биде директно посочување на проблемот или пак индиректно – барање помош од вас за ситници.

6. Го нервира се кај вас

Ако партнерот почне да ви префрла или да ги критикува сите оние нешта што некогаш ги сметал за кул, интересни и уникатни кај вас, има проблем. Дури и да не правите ништо погрешно, ова може да се случи и е знак дека најверојатно се ближи крај на врската.

7. Не прашува за вашиот ден

Вашиот парнер треба да одвои минута за да ве праша како ви поминал денот, што се случило на работа со задачата која што ви била бито и слично. Но ако веќе не го прави тоа или заборава на вашите обврски кои добро ги знае, значи дека веќе не се грижи толку за вас.

Најчитани

Твитови