Вторник е резервиран за позитива, јако кафе и астрологија, (12 Февруари, 2019)

Овен 21.3-20.4.

 

Љубов

Не се откажувајте од заведување и страст , па дури и ако партнерот  ви е повеќе од верен. Тоа едноставно е ваш стил

Кариера

Ќе почувствувате голема поддршка од вашите колеги . Тоа обврзува и ја провоцира вашата одговорност на работа.

Здравје

Победувате во битка.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе решаваат како да ја зацврстат врската. Она што го замислиле доследно ќе го спроведат на дело.

Кариера

Средствата што ви стојат на располагање или што сте ги заработиле, денеска ќе сакате да ги потрошите на нешто убаво

Здравје

Знаете што сакате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе ви се наметнат ситуации за да поработите на нов начин на изразување и однесување кон личности од спротивниот пол .

Кариера

Одличен ден за деловни патувања, состаноци или преговори. Работите ќе ви одат од рака.

Здравје

Полни сте со елан.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Леснотијата со која ќе ги изразувате чувствата , ќе ве зачуди Се ќе покажувате и повеќе од јасно.

Кариера

Вработените во самостојни професии денеска ќе решаваат како да ја продолжат кариерата.

Здравје

Движете се и уживајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е денеска да се решите за мали промени на некои заеднички навики , со кои ќе ги освежите меѓусебните односи

Кариера

Нема да заборавите ниту еден детал. Ќе се потрудите да ја разубавите работната средина.

Здравје

Здрави сте и се грижите за здравјето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Оние кои имаат врска на далечина , денеска ќе решаваат за иднината. Ќе бидете конструктивни.

Кариера

Ќе утврдите дека ви е важна една соработка со странци повеќе отколку што сте мислеле.

Здравје

Стабилно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно ќе ја анализирате вашата врска и ќе најдете мотив работите да тргнат во нова насока.

Кариера

Истражете ги новите деловни миожности преку преговори. Не треба сеуште да дефинирате , но може да се информирате.

Здравје

Бидете трпеливи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно подлабоко ќе се замислите и ќе го преиспитате вашиот статус во врската. Обидете се да бидете што пообјективни.

Кариера

Работи поврзани со естетика или со изразување на емоции денеска ќе ви бидат во прв план.

Здравје

Можна е главоболка.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно најдобро ќе се чуствувате заштитени во својот дом. Денеска нема да ве интересираат излегувања.

Кариера

Нема да ви се работи , зашто ќе ви недостига енергија и мотивација. Сепак, она што морате , одработете го професионално.

Здравје

Не претерувајте со колачи и благо.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас , па дури и ако сте во врска. Ќе се засили копнежот и спомените.

Кариера

Во текот на денот најверојатно ќе ви стане јасно во кој правец ја развивате кариерата.

Здравје

Ве чека подобро утре.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние Водолии кои се во тајна љубовна врска, денеска ќе се најдат пред промена на статусот.

Кариера

Би можеле да препознаете нешто што не го гледаат другите и да делувате во таа насока. Некој можеби нема да ве разбере.

Здравје

Некои бараат  нова терапија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате отворен дух и може да лесно да освојувате . Оние кои имаат партнер , се подготвени се да споделат со него

Кариера

Студентите решаваат битни прашања, Учениците постигнуваат резултати, стипендистите носат одлуки за стипендии.

Здравје

Следете ги своите идеи.

Едноставен, вкусен и совршен за велигденските пости: Направете си колач од кој прсти ќе излижете!

Состојки за кора:

400 мл вода

18 лажички меко брашно

13 лажички шеќер

3 лажички џем

мармалад по избор

100 г посен мелен кекс

4 лажички масло

2 лажички какао во прав

2 лажички сода бикарбона

Фил:

125 г маргарин

100 г шеќер во прав

100 г чоколадо

100 г мелени ореви

200 г мелен кекс

200 мл сок од портокал

Глазура:

100г чоколадо

3 лажички масло

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во топла вода изматете 13 лажици шеќер. Додадете масло и џем и промешајте повторно. Потоа, додадете брашно, какао, сода бикарбона и кекс (може и ореви) и сѐ заедно изматете. Во плех со димензии 30 x 20 цм ставете хартија за печење и ставете ја смесата. Ставете ја кората на хартија за печење па ставете ја смесата. Печете ја кората 13 минути. Печената кора оладете ја.

Изматете го пенливо маргаринот со шеќерот во прав и додадете го мелениот кекс и со миксер изматете. Масата ќе биде густа и сува, но не грижете се, се додава сок. Потоа додадете го ренданото чоколадо и мелените ореви. Повторно со миксер вклучен со мала брзина соединете.

Потоа полека истурете го сокот и матете додека не добиете маса која може да се намачка на кора. Нанесете ја на кората и израмнете. Истопете чоколада со масло за глазура па прелијте преку колачот. Оставете чоколадата да се зацврсти и послужете.

Добар апетит!

 

Важни животни лекции кои ги научивме од книгите на Паоло Коелјо!

„Затоа што не живеам ниту во минатото ниту во иднината. Ме интересира само сегашноста. Ако можеш секогаш да се сконцентрираш на сегашноста, ќе бидеш среќен човек.“

1. Стравот е поголема препрека од самата препрека

„Кажете му на своето срце дека стравот од патење е полош од самото патење. И дека ниедно срце не патело кога ги барало своите соништа, бидејќи секоја секунда помината во потрага е средба со Бога и со вечноста.“

Секоја нова потрага бара блегување во неистражена територија – тоа е застрашувачки. Но, со секој голем ризик доаѓа голема награда. Искуствата кои сте ги стекнале со осварување на вашите соништа ќе направат сѐ да се исплати.

2. Она што е “вистина“ секогаш ќе трае

„Доколку она што човекот ќе го пронајде е направено од чиста материја, тоа никогаш нема да се расипе. И секогаш може да се врати. Ако она што сте го пронашле е само момент на светлост, како експлозија на ѕвезди, нема да најдете ништо на патот назад.“

Вистината може да биде прикриена со чад и огледала – таа секогаш ќе биде цврста. Кога барате „вистинска“ одлука, таа ќе биде онаа која ќе ги издржи тестовите на времето и тежината на испитувањата и проверките.

3. Прекинете ја монотонијата

„Кога секој ден е ист како претходниот, тоа е поради тоа што луѓето не ги препознаваат добрите работи кои се случуваат во нивните животи секој ден кога излегува сонцето.“

Благодарноста е пракса на пронаоѓањето на доброто во секој ден. Животот лесно може да почне да стагнира, да стане монотон, но тоа се менува во зависност од тоа што ќе избереме да видиме. Секогаш постои сребрена облога, ако ја побарате.

4. Прегрнете ја сегашноста

„Затоа што не живеам во минатото ни во иднината. Ме интересира само сегашноста. Ако можеш секогаш да се сконцентрираш на сегашноста, ќе бидеш среќен човек.“

Нема смисла да се живее во минатото и да дозволите тоа да ве дефинира, ниту пак да се изгубите и да се грижите за иднината. Но, во сегашниот момент, вие сте на полето на можностите – така ќе се вклучите во сегашниот момент и ќе го насочите вашиот живот.

5. Вашиот успех има ефект на бранови

„Тоа го прават алхемичарите. Тие покажуваат дека кога се трудиме да бидеме подобри од она што сме, сѐ околу нас станува подобро.“

Растењето, промените и еволуцијата се наоѓаат во ткивото на реалноста. Да се биде подобра верзија од себе создава ефект на бранови кој оди во корист на сите околу вас: вашиот животен стил, на вашето семејство, пријателите, вашата заедница.

6. Донесете одлука

„Кога некој ќе донесе одлука, тој во потполност впловува во силна струја која што го носи до места до кои никогаш не ни сонувал дека ќе дојде.“

7. Бидете нереални

„Јас го гледам светот во светлото на она што би сакал да се случи, а не она што всушност се случува.“

Некои од најголемите пронајдоци не би се случиле, доколку луѓето избрале да го прифатат светот онаков каков што е. Големите достигнувања и иновации почнуваат од начинот на размислување кој го игнорира невозможното.

8. Продолжете да се враќате

„Меѓутоа, тајната на животот е да паднеш седум пати и да станеш осмум пати.“

Затоа што осмиот пат може да биде вашиот успех. Некои од најголемите романи во историјата се објавени по стотина години. За среќа, тие автори никогаш не се откажале.

9. Фокусирајте се на сопственото патување

„Ако некој не е она што другите сакаат да биде, другите се лутат. Се чини дека сите имаат јасна визија за тоа како другите луѓе треба да ги водат своите животи, но не знаат ништо за својот живот.“

Лесно е да се биде под влијание на другите, но ќе останете мизерни ако на крај живеете туѓ живот. Нема ништо лошо во прифаќањето на совети и учењето од други, но погрижете се тоа да биде во склад со вашите желби и страсти.

10. Секогаш преземете мерки

„Постои само еден начин на учење. Тоа е низ акција.“

Може да учите, читате и слушате, но потполно искуство се сктекнува кога ќе преземете акција. Кога добро ќе се насочите кон метата, тогаш повлечете го чкрапалото.

Најчитани

Твитови