Сè што треба да знаете за трансплантацијата на коскена срцевина!

Коскената срцевина е сунѓерестото ткиво коешто ги исполнува шумлините во коските.

Трансплантација на коскена срцевина е медицинска процедура што се врши со цел да се замени коскената срцевина којашто е оштетена или уништена од болест, инфекција или хемотерапија. Оваа постапка вклучува трансплантација на матични клетки од крвта кои патуваат до коскената срцевина, каде што произведуваат нови крвни клетки и го стимулираат растот на новата коскена срцевина.

Коскената срцевина е сунѓерестото ткиво коешто ги исполнува шумлините во коските и ги создава следните делови од крвта:

црвени крвни зрнца (еритроцити) кои го пренесуваат кислородот и хранливите материи низ телото;

бели крвни зрнца (леукоцити) кои се борат против инфекциите;

крвни плочки (тромбоцити) кои имаат клучна улога во згрутчување на крвта.

Коскената срцевина, исто така, содржи незрели матични клетки, познати како хематопоетски матични клетки или ХСЦ кои ги создаваат крвните клетки и клетките на имунолошкиот систем. Трансплантацијата на коскената срцевина ги заменува оштетените матични клетки со здрави клетки. Ова му помага на телото да направи доволно бели крвни зрнца, тромбоцити или црвени крвни зрнца за да избегне инфекции, крвни нарушувања или анемија.

Здравите матични клетки може да потекнуваат од донатор или од самото тело на оној на кој му се прави трансплантација на коскена срцевина. Во вториот случај, матичните клетки може да се собираат или да се одгледуваат пред да се започне со хемотерапија или зрачење. Овие здрави клетки потоа се складираат и се користат при трансплантацијата.

Кога е потребна трансплантација на коскена срцевина?

Трансплантациите на коскената срцевина се вршат кога таа не е доволно здрава за да функционира правилно. Ова може да биде резултат на хронични инфекции, болести на крвта или рак. Некои причини за трансплантација на коскена срцевина вклучуваат:

апластична анемија, што е нарушување во кое коскената срцевина престанува да создава нови крвни клетки;

одредени типови на рак кои влијаат на срцевата срцевина, како што се леукемија, лимфом и мултипен миелом;

оштетена коскена срцевина поради хемотерапија;

вродена неутропенија, која е наследно нарушување кое предизвикува повторливи инфекции;

српеста анемија, која е наследено крвно нарушување кое предизвикува изобличени црвени крвни клетки;

таласемија, која е наследено крвно нарушување кое предизвикува телото да прави абнормална форма на хемоглобин, составен дел од црвените крвни клетки.

Кои се компликациите поврзани со трансплантацијата на коскена срцевина?

Трансплантацијата на коскената срцевина се смета за важна медицинска процедура. Таа може да го зголеми ризикот од:

пад на крвниот притисок;

главоболка;

гадење;

болка;

скратен здив;

треска;

температура.

Прочитајте:  Прерано обелената коса не е секогаш знак на прерано стареење

Горенаведените симптоми се обично краткотрајни, но трансплантацијата на коскената срцевина може да предизвика и посериозни компликации. Шансите за развој на овие компликации зависат од неколку фактори, вклучувајќи:

возраста на лицето на кое се прави трансплантација;

целокупното здравје на лицето на кое се прави трансплантација;

болеста или сотојбата заради којашто се третира на лицето на кое се прави трансплантација;

типот на трансплантација којашто е извршена.

Компликациите од трансплантацијата на коскена срцевина може да бидат помали или многу сериозни и може да вклучуваат:

графт-наспроти-домаќин (ГНДБ), состојба во која донорските клетки го напаѓаат телото на пациентот;

неуспех на графтот, што се јавува кога трансплантираните клетки не почнуваат да произведуваат нови клетки како што вообичаено се случува;

крварење во белите дробови, мозокот и другите делови на телото;

катаракта, која се карактеризира со замаглување во леќата на окото;

оштетување на виталните органи;

рана менопауза;

анемија, која се јавува кога телото не произведува доволно црвени крвни клетки;

хронични инфекции;

гадење, дијареа или повраќање;

мукозитис, што е состојба која предизвикува воспаление и болка во устата, грлото и стомакот.

Видови на трансплантација на коскена срцевина

Постојат два главни типа на трансплантација на коскена срцевина. Во зависност од причината заради која е потребно да се изведе трансплантација се одлучува за типот на истата.

Автоложна трансплантација

Автоложните трансплантации вклучуваат употреба на хомеопоетичните матични клетки на пациентот. Овој тип на трансплантација обично вклучува извлекување и складирање на клетките на пациентот пред да се започне третмани со хемотерапија или зрачење. По завршувањето на третманите, клетките се враќаат во телото на пациентот. Овој тип на трансплантација не е секогаш достапен и може да се врши само доколку лицето има здрава коскена срцевина. Сепак, овој тип на трансплантација го намалува ризикот од некои сериозни компликации, вклучувајќи ја и состојбата ГНДБ.

Алогенетска трансплантација

Алогенетските трансплантации вклучуваат употреба на клетки од донатор. Донаторот треба да биде компатибилен со пациентот, односно да биде крвно поврзан или да не биде крвно поврзан, но да има висок процент на совпаѓање помеѓу неговото ткиво и она на пациентот. Алогенетските трансплантации се неопходни доколку лицето боледува од состојба која ги оштетува клетките на коскената срцевина. Сепак, тие имаат поголем ризик од одредени компликации, како што е состојбата ГНДБ.

Мажи, сте слушнале ли за Наполеонов комплекс?

Според некои преданија, Наполеон нискиот раст го компензирал војувајќи. Наполеновиот комплекс е еден од најголемите машки проблеми со кои мора да се борат целиот живот.

Личноста која има просечен или неколку сантиметри помал раст од останатите, се чувствува неадекватно и помалку вредно.

Стереотипот кој ги прати мажите со низок раст е дека се поагресивни, погласни и имаат желба за привлекување внимание и докажување.

Фројд тоа го објаснува со фактот дека тоа е одбрамбен став на егото заради кое мажот не може да поднесе да е понизок од просекот.

Антрополозите го поврзуваат агресивниот настап на ниските мажи со еволуциската теорија според која ниските и слаби мажи својата надмоќ ја докажувале така што биле гласни и нападни.

Научниците од центарот за контрола на болести во Атланта неодамна објавиле студија која покажала дека тоа може да биде вистина, односно дека ниските луѓе се поагресивни и понасилни.

Студијата опфатила 600 мажи на возраст од 18-50 години и утврдено е дека тие кои се чувствувале помалку мажествено имаат три пати поголема веројатност да станат насилници.

Стручните лица тврдат дека ниските мажи се чувствуваат поранливо и се склони кон параноја. Но, треба да се наведе дека тестираната група сепак е премногу мала за да може да се извлечат коректни заклучоци.

Зошто сексот на плажа понекогаш е лоша идеја?

Иако звучи многу привлечно и романтично, природата не работи во ваша полза кога се во прашање интимните и страствени моменти. Освен тоа што има многу работи кои ќе ви пречат, ризикувате и опасност од инфекции.

А навистина звучи секси: море, плажа, песок, двајца заљубени… Но, не е се така едноставно како што изгледа. Еве зошто сексот на плажа може да се претвори во ноќна мора.

Песокот влегува секаде

Песочните плажи изгледаат како од бајка, но не се идеално место за секс. Ситните песочни зрнца ќе ви се вовлечат речиси во сите делови од телото, а ако ви се залепат за телото, тогаш ќе ви сметаат за време на односот, а можно е и да почувствувате болка ако влезат во интимните делови.

Сексот би требало да биде спонтан

Но, не е. За почеток ќе посакате да ставите нешто под себе, затоа што не можете да бидете голи ниту на песок, а особено не на камења, бидејќи ќе ве боли. Морате да ставите пешкир или ќебе, но за да не ви пречат, ќе мора да ставите камења на краевите за ветерот да не ги вее. Кога ќе го направите тоа, сфаќате дека сепак има премногу луѓе околу вас, па потоа одите да барате поосамени плажи. Кога ќе го направите се ова, подготвени сте за акција. Но, дали? Или попатно сте ја изгубиле желбата затоа што тоа веќе е навистина детално планиран секс.

Летен пинџур со тиквички - вкусно и брзо се прави

Многу лесно и вкусно пинџурче за ручек во жешки денови.

Се сецкаат тиквички, модар патлиџан, пиперки и домати и се ставаат во тава.

Се посолуваат и се става малку зејтин, се меша и се пече околу пола час на 180 степени. Треба да се промешува неколку пати за време на печењето. Пред крајот се додава сецкан лук и магдонос, се промешува и се пече уште 5 минути.

Состојки 2 тиквички 5,6 пиперки (благи и по некоја лута ако сакате) 3 домати 1 модар патлиџан 1 голема лажица свеж магдонос 2 чешниња лук по вкус масло и сол

Се сервира со павлака и сиренце.Наздравје! Прочитај повеќе: 

Најчитани

Твитови