15 показатели дека сте во врска со прекрасна личност!

Кога станува збор за врските, веројатно се имате запрашано како некои луѓе завршуваат заедно. Зошто едноставно не ја прекинат врската штом не го добиваат она што го сакаат и што го заслужуваат? Најголем дел од проблемот е тоа што голем број од жените не се целосно сигурни како изгледа здравата врска и како би се однесувал добриот партнер со нив. Следниве знаци покажуваат дека сте во врска со добра личност.

1. Постојано ве потсетува колку ве сака

Ако партнерот навистина ве сака, ќе ви го даде тоа до знаење. Секогаш ќе ја чувствувате неговата љубов и ќе се чувствувате ценето и почитувано.

2. Секогаш ве поддржува

Без разлика дали сакате да учите втор јазик или сакате да останете дома и да се грижите за децата, добриот партнер ќе ја поддржува вашата желба. Никогаш нема да ве обесхрабри и ќе биде покрај вас секој чекор од патот што сте го одбрале.

3. Ве инспирира

Добриот партнер ќе ве инспирира да станете подобра личност која знае што сака. Неговите амбиции многу ќе ви помогнат во тоа.

4. Сака да му верувате

Добриот партнер сака да се чувствувате удобно и сигурно во вашата врска. Темелот на сето ова е довербата, а тој е свесен за тоа. На партнерот му е јасно дека довербата не се подарува, туку се заслужува.

5. Прави да се чувствувате убаво

На вашиот партнер му е јасно дека нема да го постигне ова само ако ви каже дека сте убави. Тој го покажува ова мислење со начинот на којшто ве гледа и ве допира, како и со неговото однесување.

6. Прави да се чувствувате сигурно

Еден од најдобрите комплименти што можете да му ги дадете на маж е да му кажете дека се чувствувате сигурно со него. Доколку навистина сте безбедни покрај него, тој е вистинскиот.

7. Прави мали работи за вас

Без разлика колку мали му изгледаат некои работи, тој ќе ги направи доколку ве прават среќни.

8. Никогаш не ја поминува границата

Сосема нормално е да постојат несогласувања, но не постои причина зошто тие да се претворат во навредливи или насилни. Добриот партнер останува мирен и се фокусира на темата за којашто разговарате.

9. Секогаш работи на себе

Без разлика дали станува збор за учење нешто ново, читање книга или гледање документарец, добрата личност секогаш работи на себе. Ова самоподобрување има навистина позитивно влијание и на вашата врска.

10. Знае дека делата кажуваат повеќе од зборовите

Поради вашиот партнер ќе сфатите дека луѓето кои даваат лажни ветувања не ја заслужуваат вашата почит. Оние кои ги исполнуваат ветувања ја заслужуваат, а партнерот е еден од нив.

11. Отворено разговара со вас

На некои луѓе им е тешко да зборуваат за нивните емоции и стравови, но вистинската личност ќе ви помогне да ја отворите и таа врата. На добриот партнер му е јасно дека некои работи не се споделуваат со другите, но тој никогаш нема да ги сокрие неговите емоции или мисли од вас.

12. Искрен е со вас

Во текот на градењето среќна и здрава врска, добриот партнер знае дека искреноста е најдобрата стратегија.

13. Прави да се чувствувате удобно кога сте искрени

Удобноста во врската произлегува од способноста да бидете отворени и искрени со партнерот. Ќе го направите ова само кога знаете дека нема да бидете осудувани. Добриот партнер ќе ве охрабри да зборувате отворено и да ги споделите вашите емоции. Тој не реагира бурно и никогаш нема да ви суди.

14. Никогаш не е насилен

Ова е можеби најважната точка. Без разлика дали станува збор за ментално, емоционално или физичко малтретирање, добриот партнер воопшто не ни помислува на тоа. Тој никогаш не е насилен кон вас и никогаш не би направил нешто што ќе ви наштети. Доколку сте соочени со малтретирање во врската, заминете што побрзо. Таа личност нема да се промени, а вие воопшто не заслужувате тако однесување.

15. Овде е за вас

Секогаш ќе постојат добри и лоши моменти. Секогаш ќе има предизвици и неочекувани ситуации. Но доколку вашиот партнер е добра личност, тој ќе биде постојано покрај вас.

И научно докажано - пивото нѐ прави посреќни

Пивото има неверојатна моќ по самое една испиена голтка да ви го подигне расположението. Чудесно, зарем не?

Според едно неодамнешно истражување, било утврдено дека само една голтка пиво влијае на создавањето на хормонот допамин, кој е попознат по неговото второ име - хормонот на среќата.

Во истражувањето учествувале доброволци чија задача било да дегустираат 15 мл. пиво во текот на 45 минути. По пиењето нивниот мозок бил скениран, а резултатите покажале дека со помош на само една голтка пиво, се јавува чувство на задоволство и среќа.

Ослободувањето на допамин се случува во адреналински и возбудливи ситуации, но и под дејство на дрога и алкохол. Меѓутоа, пивото не нѐ расположува од тие причини, бидејќи за расположеноста е задолжен само неговиот добар вкус кој ја буди среќата во луѓето. 

Иако резултатите не се изненадувачки, прв пат научно е докажано "среќното" дејство на пивото. На здравје!

Како да се решите од „пивскиот" стомак

Мажите и жените имаат различни метаболизам, па поради тоа, добивањето и губењето на екстра килограмите е доста поразлично.

На мажите им е потребно повеќе храна од жените па затоа и диетите за нив се разликуваат од оние на понежниот пол.

Исхрана здрава за срцето
Мажите се сколони кон болестите на срцето, бидејќи кај нив често се акумулираат штетни масти во крвта. Токму поради ова диетата со ниско ниво на холестерол е добро за нив. Немасно месо, како и немасни млечни производи се главни намирници на оваа диета, заедно со рибата, зеленчукот и овошјето.

Диета богата со протеини
Мажите треба да внесуваат повеќе протеини од жените, бидејќи протеините им помагаат да ги изгубат вишокот килограми. Исто така, треба да го намалат внесувањето на јаглехидратите и од својата исхрана да го изостават солот, путерот, сирењето, лебот итн.

"Пивски" стомак
Постојат два виновници за големиот стомак кај мажите, а тоа се стресот и големите количини на рафинирани јаглехидрати. Квалитетниот сон е уште еден важен чекор до цврст стомак па осум часа се пожелни. Кафето пијте го само наутро.

Што никогаш не смеете да кажете на пар со едно дете

Тоа што некој пар има само едно дете може да биде резултат на личен избор, но, и неможност за зачнување. Во секој случај, ова е лична работа во која нивната околина не би смеела да се меша, исто како што не би смееле на пар кој нема деца, да им сугерирате да имаат.

Следниве изјави имаат моќ да ги повредат, но, и навредат некои луѓе. Затоа внимавајте!

"Ќе има ли наскоро второ дете?"

Ова прашање е погрешно од многу причини, било да е тоа жената да не сака друго дете или очајнички го посакува, но, не може да го има. Исто така, постојат низа други интимни причини поради кои еден пар не се одлучуваат за носење на свет на второ дете, кои едноставно не сакаат да ги споделат со луѓето.

"Ќе видите со второто дете!"

Ваквите изјави ги омаловажуваат родителите со едно дете, сугерирајќи дека тие се "помалку родители" поради бројот на децата кои го имаат, или во овој случај го немаат. Оваа изјава остава впечаток дека квалитетот и способноста на родителите и родителската љубов е правопропорционална со бројот на децата.

"Толку сте среќни што имате само едно дете!"

На овие изјави се склони родителите со повеќе деца кои мислат дека нивниот живот е многу повеќе тежок и преполн со обврски, додека родителите на единците имаат време за одмор и уживање. Не само што е ваквата изјава е погрешна,но, се потценува и туѓиот живот.

"На секое дете му треба брат или сестра"

Тврдењето дека единците се осамени, склони на размазување или слични изјави се научно недокажани, а се знае дека на детскиот карактер најголемо влијание има примерот кој ќе го остават родителите. Затоа сугерирањето дека на детето му треба брат или сестра како тоа би било подобар човек се еднакво безобразни, како и неточни.

"Лесно е да се изгледа така по само едно породување!"

Оваа изјава обично излегува од устата на оние жени кои за своите вишок килограми ја обвинуваат единствено бременоста. Не се свесни дека еднакво е тешко да се дојде до посакуваната фигура после една или повеќе бремености. Единствена тајна на успехот е добрата волја.

"Не сакате сега девојче или момче?"

Оваа изјава има еднаков ефект со онаа првата, но, за некоја нијанса полоша поради тоа што подразбира дека сите родители треба да имаат деца од двата пола, бидејќи животот може да им биде некомплетен доколку ја немаат совршената комбинација.

Најчитани

Твитови