11-годишниот Вилијам Маилисм им пркоси на Ајнштајн и Хокинг: Решил научно да докаже дека Бог постои!

11-годишниот Вилијам Маилис, за разлика од неговите врсници, веќе ја трасира својата животна определба како астрофизичар и тоа прв од таа фела кој планира да докаже научно дека Бог постои. Со таа негова идеја, тој им пркоси на генијални и брилијантни умови од рангот на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Иако има само 11 години, Вилијам најсериозно ги поврзува својата вера и афинитетот кон астрофизиката како негов врвен научен предизвик. Тврди дека научно може да докаже дека Ајнштајн и Хокинг не биле во право со своите научни тези.

Вилијам средно училиште завршил на 9-годишна возраст. Веќе има диплиомирано на државен колеџ, а во 2018 година се запиша на факултет. Професорката и психолог од Универзитетот во Охајо, Џоан Рутсац, го прогласи Вилијам за гениј.

Неговиот татко Питер Маилис, по професија грчки православен свештеник, за синчето открива дека почнал да зборува со целосни реченици на само 7-месечна возраст. Неколку месеци пред да наполни 2 години веќе знаел да дели, а до роденденот научил и да множи. На тие години веќе без проблем читал книги за деца и напишал книга од 9 страници со наслов „Среќна мачка“ (Happy Cat).

Кога имал 4 години учел алгебра, знаковен јазик и како да чита грчки. Кога наполнил 5 години прочитал учебник од 209 страници за геометрија, и тоа во само една вечер. Следното утро веќе решавал и задачи.

Со своите научни идеи и тези веќе им пркоси на гениите Ајнштајн и Хокинг во врска со настанувањето на универзумот, преку кои сака да докаже дека Бог навистина постои како надворешна сила која единствно може да го создаде космосот.

Во однос на изјавата на Хокинг дека Бог не постои, малиот Вилијам вели:

„Затоа што постојат атеисти кои се обидуваат да кажат дека нема Бог, кога во реалноста потребна е повеќе верба да верувате дека нема Бог, отколку да верувате дека постои… Има повеќе смисла дека нешто го создало универзумот, отколку тоа дека универзумот се создал сам. Потребна е повеќе верба да кажете дека универзумот се создал сам, наместо дека го создало нешто друго, бидејќи е пологично“.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови