Што Ви паѓа прво на ум кога ќе помислите на типичен Македонец? Дали тоа е ајвар, ракија, кафеана, трошење повеќе од што имате и страв од промаја?


Работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец:
Обожавате алкохол и пиете многу
- Не верувате многу во лекарства препишани од доктор, туку имате став дека ракијата и виното се универзален лек.
- Не ви е проблем да појдете до кај соседот и да позајмите шолја масло, јајце или малку кафе
- Кога сте среде нешто и сфаќате дека некој продукт ви недостига воопшто не ви е срам да тропнете на вратата на соседот за помош.
- Ги давате последните пари за кафеана или кафуле
- Имате ниска плата едвај ги подмирувате сметките, но кафеаната не смее да трпи, за таму ќе ги дадете и последните пари.
- Се карате за историја и со припадници на други нации, но и со други Македонци
- Најлошо е кога се обидува некој да ве натера да ја разделите историјата од политиката. Почнувате дебата и таа нема крај.
- На сите им велите: „Мора да го посетите Охрид и манастирите и Маврово и...“
- Не можете да се смирите додека на некој дојденец не му ги посочите топ дестинациите во Македонија. Но, вистина е, навистина имаме што да понудиме.
- Јадење без запршка не може да помине
- Нашите мајки и баби нè научија така и ако сакате да направите манџа без запршка дефинитивно ќе бидете осудени.
- Сте ги гледале филмовите „Пред дождот“, „Прашина“ и „Тетовирање“ најмалку еднаш
- Горди сте на овие култни македонски филмови и дури знаете фрази од нив.
- Ја почитувате и алтернативната музичка сцена
- Одите во кафеани на фолк музика, но уживате и во добра рок, метал или електронска музика и се забавувате одлично на вакви настани.
- Гледате фудбал и ставате пари во спортска обложувалница
- Обложувањето како да стана традиција, па и вие не можете да одолеете.
- Пријателски сте настроени и многу гостопримливи
- Сакате да дочекувате гости и да ги служите со традиционална храна, ајвар, ракија...