Природата знае да биде многу чудна и да предизвика интересни реакции кај луѓето. Овојпат, се случи нова интересна работа, затоа што кокошка снесе јајце во јајце.
Техничкиот израз за тоа кокошка да снесе јајце во јајце е (ако добро го преведуваме) против-перисталсична контракција т.е. „cоunter-peristalsis contraction“. Во основа, јајцето што не е целосно подготвено да биде испилено, се враќа во „производната линија“ на кокошката, каде што околу него се формира друго јајце.