Совети како да ја подобрите комуникацијата со партнерот!

 

 

Заземање одбранбен став. Се појавува кога и двајцата партнери се чувствуваат како жртви, заземаат став „Не сум јас виновен/на“ и ниту еден не се обидува да го реши конфликтот. Заземањето дефанзивен став е деструктивно, затоа што најчесто станува рефлексно, т.е. при појавата на проблем партнерите по автоматизам започнуваат да се бранат со најразлични аргументи, и ги оставаат проблемите да растат од ден на ден.

Незаинтересираност. Со појавата на незаинтересираноста врската го достигнува своето дно. Секој од партнерите едноставно престанува да реагира на она што го прави или вели другиот. Во оваа состојба, нема ниту обвинување, ниту одбрана. Двајцата се повлекуваат во себе и не реагираат на проблемите, избегнуваат контакт со очите и имаат вкочанет говор на телото кој укажува дека не се ислушуваат. Ова се јасни знаци дека партнерите целосно ги пресекле сите линии за комуникација.

Критизерство. Добронамерните критики не само што не треба да се избегнуваат, туку и се пожелни во секоја врска. Но, од друга страна, неконструктивните критики кои само го навредуваат партнерот треба да останат подалеку од врската. Едно е да му укажете на вашиот партнер за некоја негова негативна особина и да му предложите како да ја промени, а сосема друго е да го критикувате без да имате цврста основа, ниту пак совети.

Премолчување. Премолчувањето на проблемите може да биде фатално за врската. Малите проблеми ќе се трупаат и пред да се свестите, може да се најдете исправени пред куп од испреплетени проблеми кои направиле толку цврста пајажина, што ќе ви биде многу тешко да ја расплетете.

СОВЕТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈАТА СО ПАРТНЕРОТ

Научете се да слушате. Слушањето е основен дел од секоја комуникација. Иако изгледа како многу лесна задача, влегувањето во улогата на добар слушател и не е толку едноставно. Ако додека партнерот зборува, вие размислувате што да кажете наредно, тоа не е ефективно слушање. Ислушувајте го што има да каже, концентрирајќи се на секој негов збор. За да му докажете дека внимателно го слушате, повторете дел од она што го кажал и прашајте го дали добро сте разбрале, на пример „Значи, ти мислиш дека...(неговото размислување)..., така?“, а потоа кажете го вашето мислење.

Бидете отворени и искрени. Да имате здрава врска значи да бидете отворени и искрени кон својот партнер. Многу жени ги кријат своите емоции, чувства и потреби, затоа што се плашат од реакцијата на партнерот или затоа што сметаат дека нивниот партнер би требало да претпостави што ги мачи. Но, како што знаете, вашиот партнер не е суперхерој кој може да чита мисли. Затоа, започнете да зборувате отворено со него, дури и ако тоа значи да му кажете нешта за вас кои никој друг не ги знае. Тоа ќе ја подобри вашата комуникација и ќе го поттикне и него да споделува повеќе и повеќе.

Не правете се дека знаете сè. Фрустрирачки е да разговарате со некој кој „знае сè“. Добрата комуникација се состои од слушање и поставување прашања, без тврдоглаво наметнување на мислења. Добро е да дадете совет и да го поткрепите својот став со аргументи, но празното зборување зачинето со непопустливост и тврдоглавост може да биде контрапродуктивно.

Научете се да правите компромис. Наместо да се обидувате да излезете како победник од секоја расправија, обидете се да најдете компромисно решение. Здравата комуникација вклучува пронаоѓање на решение кое ќе ги задоволи и двете страни.

Направите вкусно турско кафе по стар рецепт!

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.

Пред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.

Дел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).

Се промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.

Тргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:

Пречестото мешање го убива вкусот.

Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.

Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.

Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.

Кој плаче повеќе, мажите или жените?

Истражувањето направено во врска со емоционалното празнење, односно плачење покажа - верувањето дека жените плачат почесто е точно. Сепак резулатите се изненадувачки во однос на тоа колку редовно плачат мажите, ако се земе во обзир дека ниеден маж нема да признае дека некогаш плачел.

Припадничките на понежниот пол плачат просечно секој шести ден, а мажите еднаш во 3 недели...

Последното истражување на германски научници покажа дека жените ронат солзи 30-64 пати годишно, а мажите многу помалку, само 17 пати. Додека се деца до 13 години, девојчињата и момчињата плачат речиси подеднакво, но понатаму работите се менуваат.

Истражувањето покажало дека возрасните жени обично плачат долги временски периоди и тоа го прават подраматично за разлика од мажите. Времетраењето на просечно плачење кај жените е околу 6 минути, а кај мажите околу 2-3 минути.

Жените плачат почесто отколку мажите, затоа што на тој начин си ги олеснуваат своите емоции или го отфрлаат чувството на тага. Истото истражување покажало дека 65% од дамите плачат со липање, додека таква ситуација се случува само кај 6% од мажите.

Причините за плачење се разликуваат. Жените плачат кога ќе се соочат со ситуација или проблем за кој е тешко да се најде решение, но и со потсетувањето на тажни и тешки искуства од минатото. Од друга страна, мажите плачат кога сочувствуваат со некоја личност, а многу често поради прекин на љубовна врска.

Како најлесно да ги преболите бившите?!

Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Тоа е процес низ кој сите поминуваме различно. 

За да се поштедите од поголема болка и постапки за кои подоцна може да зажалите, бидете разумни и послушајте што вика науката за преболувањето на бившите.

Повеќе во видеото:

Најчитани

Твитови