Кога е идеално време за секс после породувањето?

На паровите обично им се советува да почекаат 6 недели од раѓањето на бебето пред да стапат во сексуални односи, но ново истражување нагласува дека всушност не постои специфично идеално време за тоа, пренесува Health24.

Искуствата се различни на оваа тема. Жените кои имале многу тешко породување и кои на своето тело имаат рани од операцијата на царскиот рез можеби ќе помислат дека 6 недели од породувањето е премногу рано. Но, жена која имала породување без компликации и брзо закрепнала можеби ќе почувствува потреба за интимен однос по само неколку недели од раѓањето на бебето.

„Временскиот рок од 6 недели е врежан кај паровите, но не можевме да пронајдеме докази кои би го поддржале. Всушност, науката нема конкретни докази за било кој временски рок кога станува збор за стапување во сексуални односи по породувањето“, вели Андреа Де Марија, главната авторка на истражувањето.

Од друга страна, Американскиот колеџ за гинекологија во соработка со други здравствени групи неодамна ја ажурираше препораката за постпородилна нега. Препораката е дека жените можат да имаат секс во рок од 3 недели по породувањето, но со редовна контрола во текот на првите 12 недели.

„Откривме дека некои жени едноставно не беа сигурни во своето тело или чувствуваа болка и неудобност, некои биле само уморни и исцрпени од грижата за своето бебе“, вели Ди Марија за факторите кои биле препрека жените да стапат во редовни сексуални односи по породувањето.

Резултатите од студијата се објавени во списанието Vulture, Health and Sexuality.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови