Видео кое го потресе светот: Маж со нож во грб излезе од болницата за да запали цигара!

 

Во рускиот град Казан забележан е несекојдневен настан, кога маж со нож во грбот го напушти болничкото одделение за итни случаи, само за да запали цигара.

Станува збор за 34-годишниот Владимир, кој крварел додека излегувал и бил предупреден да се врати бидејќи го ризикува својот живот.

Целата ситуација ја сними медицинска сестра, додека шокираните медицински работници се обидуваа да го убедат мажот со нож во грбот, да се врати во болницата.

Иако предупреден да не излегува, тој им кажал на медицинските работници дека само сака да запали цигара.

Се надевал дека некој пред болницата ќе му даде цигара, се додека докторот не излезе по него за да му каже дека ќе умре ако не се врати назад.

Откако успеале некако да го убедат да се врати, на Владимир му е изваден ножот од грбот и се наоѓа во стабилна состојба.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови