Српската актерка Неда Арнериќ која вчера се обиде да се самоубие била пронајдена во својот стан.
Нејзините колеги се изненадени и загрижени за нејзиното здравје. Нејзин колега истакна дека таа често психички паѓала по смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ.

Еден од нејзините најблиски соработници и со кого поминувала најмногу време, Феѓа Стојановиќ откри дека Неда по смртта на нејзиниот сопруг дека психички паѓала.

„Јас апсолутно не знам ништо. Знам исто што и вие, пред малку во весниците. Не можам да и се јавам бидејќи е во болница. И посакувам се најдобро. Очигледно дека има депресија против која не може да се бори, а кога работиме претстава, Неда работи со голема љубов. Имаме закажни седум, осум гостувања и по Македонија и не знам уште каде. Се надевам дека брзо ќе оздрави и верувам дека тоа е поврзано со нејзината депресија, друго ништо не знам“ - вели Пеѓа за еден српски портал.
Откако актерката не се јавувала на телефонските повици нејзиниот брат пријавил во полиција, при што пристигнале пожарникарите, полиција и бравар, а Неда ја пронашле без свест со апчиња покрај неа.