Има бесконечно многу бонтон правила за културно однесување, но секако, никој не наложува дека мора баш сите да се почитуваат.

Одвојуваме листа со најосновните, кои не ги почитуваат само некултурните луѓе:
Давајте им шанса на луѓето да ја кажат својата страна и да се одбранат
Треба добро да знаете не е во ред да зборувате лошо за луѓето пред да ја слушнете нивната страна од приказната и без да добијат шанса да се оправдаат.
5 основни теми кои треба да ги избегнувате:
Религија, политика, здравје, возраст и финансии – ова се темите кои никогаш не треба да ги спомнувате и да разговарате за нив, посебно не со луѓе кои не ви се блиски.
Не ги ставајте луѓето во непријатна ситуација да мора да зборуваат за нешто што е лично и не е од ваш интерес.
Не чекајте другите да ви ја платат сметката
Ако поканите некој на ручек, не треба да очекувате да ве честат, туку вие треба да ја платите сметката.
Никогаш немојте да се потпирате на тоа дека одите со некој кој сигурно ќе сака да ја плати сметката – независно каква е ситуацијата, секогаш е културно да се понудите да платите.
Ако некој вас ве покани на ручек, прифатете ја поканата само ако знаете дека ќе можете сами да си платите, дури и ако потајно сте свесни дека нема да мора.
Најавете се пред да одите кај некого на гости
Ако сакате да посетите некого, независно колку ви е близок, задолжително прво јавете се. Не е добро да се појавите на врата на некој кој воопшто не ве очекувал и си го замислувал текот на денот на сосема поинаков начин или не е подготвен за гости.
Не постои нешто такво како „доцнење со стил“
Никој не сака да чека луѓе кои „хронично доцнат“. Не се тешете со фрази како оние дека ѕвездите доаѓаат последни, ниту пак, дека сте фини што им оставате простор на домаќините да се подготват.
Бидете гостин кој секој домаќин го посакува
Кога некој ќе ве покани на гости, културно е да однесете симболичен подарок, независно дали ќе биде цвеќе, благо или пијалак.
Дури и кога домаќинот не бара или не прифаќа подарок, сепак може да однесете нешто симболично.
Понудете се и да му помогнете на домаќинот во поставувањето или раскревањето, но не претерувајте, ако еднаш ве одбие, почитувајте ја неговата желба, сепак сте само гостин.
Запомнувајте ги имињата на луѓето
На сите им е тешко да ги запомнат имињата при запознавање, но обидете да вложите малку труд и да се заинтересирате за туѓото име.
Доколку не може да се сетите на нечие име, подобро не се обидувајте да погодувате бидејќи може да го навредите, а давањето прекари затоа што не можете да ги запомните е исто така некултурно.
Доколку одите на средба со луѓе од друга култура, добро е да ги знаете и нивните обичаи и правила, па да ги испочитувате.
извор: Црнобело