Природен лек од вашата градина: Ги чува коските, го јакне мозокот, го превенира ракот, па дури и подмладува!

Руколата е преполна со влкна кои му помагаат на варењето, заситува и по консумирањето не чувствувате потреба за мрсна и слатка храна. Помага да го снижите холестеролот и да го држите под контрола нивото на шеќер.

100 грама свежа рукола содржат само 25 калории, но многу значајни фитохемикалии, антиоксиданси, витамини и минерали кои се неизмерно здрави за нашето здравје.

Како член на семејството зелки, зелените делови од руколата се богати извори на одделни фитохемикалии, како што се индоли, тиоцијанати, сулфорафан и изотиоцијанати. Сите овие соединенија имаат противканцеогени ефекти на естрогенот  и така можат да обезбедат заштита од рак на простата, на дојки, на грлото на матката, дебелото црево, јајниците.

Антиоксидантни својства

Руколата е одличен извор на антиоксиданси и може да ги зголеми ORAC вредностите (антиоксидативен капацитет) во организмот на некоја личност, што е начин за мерење на силата на тој антиоксиданс.

Антиоксидансите имаат функција да одржат здрава рамнотежа на ензимските реакции во клетките, додека активно бараат и уништуваат болести предизвикани од слободните радикали кои можат да го нападнат организмот. Вашиот имунитетен систем исто така ќе ви биде благодарен што сте ја одбрале руколата, затоа што антиоксидансите работат на јакнење на вашата одбрана против едноставни болести каква што е настинката или против посериозните состојби, како ракот, срцевите заболувања и прераното стареење.

Здраво тело

Витаминот А е еден од горе споменатите антиоксиданси и неговото значајно присуство во руколата исто така гарантира подобрување на состојбата на коските, забите и очите. Покажано е дека соедининенијата на флавоноидите во лиснатиот зеленчук сличен на руколата ја штитат кожата, белите дробови и оралните празнини од ракот.

Ги јакне коските и мозокот

Уште една полза од вклучувањето на руколата во редовната исхрана е витаминот К. Овој антиоксиданс исто така функционира како антивоспалителен поттик во вашето тело. Витаминот К ја поттикнува остеотрофичната активност во клетките, што значи дека помага коските да се формираат и да зајакнуваат. Постепената деградација на нервните патишта, како во случајот на Алцхајмеровата болест, може да се забави со зголемување на внесот на витамин К во исхраната. Бидејќи е добар извор на витамин К, руколата се наведува како мал, но вреден превентивен метод за тој тип на болести.

Здрав систем за имунитет

Овој добро познат витамин се наоѓа во руколата во големи количини и помага да се спречи ракот и да е одржи доброто здравје во организмот давајќи му дополнителен поттик на вашиот систем за имунитет. Втаминот Ц е една од надобрите одбрани за вашето тело да се ослободи од слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија и да ги елиминира пред да предизвикаат вистинска штета. Руколата е преполна со витамини и минерали кои на некој начин ја акнат одбраната на системот за имунитет на организмот. Телото е стимулирано да создава повеќе бели крвни зрнца, а руколата има и други бројни начини да ги подобри силата, издржливоста и функционирањето на вашиот систем за имунитет.

Спречување на ракот

Консумирањето на рукола е добро за спречување на ракот зашто содржи доста фитохемикалии. Фитохемикалии се супстанции како што се тиоцијанатите, сулфорафанот или индолите. Студиите покажале дека овие супстанци се многу успешни во борбата против рак на простата, на дојки, на грлото на матката, на дебелото црево или јајниците. Овие фитохемикалии кои се наоѓаат во големи количини во руколата ја спречуваат активноста на овие канцерогени клетки.

Пренатално здравје

Руколата е одличен избор за содаток во исхраната за бемените жени. Фолатите кои вклучуваат фолна киселина, докажано ја намалуваат појавата на одредени ментални дефекти кај бебињата. Руколата е богата со фолати, како и повќето лиснати зеленчуци.

Губење на тежината

Вклучувањето на руколата во исхраната е исто како вклучување на било која друга нискокалориќна билка богата со витамини и хранливи материи и сигурно ќе има позитивни ефекти на било какви обиди да ослабнете. Бидејќи задоволува толку многу нутритивни потреби, руколата е едноставен начин да внимавате на вашето здравје и да го држите вашиот систем под контрола, без некои драстични измени во вашата исхрана.

Подмладување

Заради високиот процент на витамин А, одлична е за кожата и за одржување на нејзината еластичност, затоа што на 100 г рукола има дури 47 отсто витамин А, но и 25 отсто витамин Ц. И двата наведени витамини се одлични за одржување на здрава, еластична и младешка кожа.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови