ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: Неуромедика во соработка со Grouper ви нудат до 77% попуст на специјалистички преглед по избор!

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 26 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди.

Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.

Грижата на пациентите е нивна обврска. Со таа цел во соработка со Grouper добивате до 77% попуст на специјалистички преглед по избор: ОРЛ, очен, невролошки, ортопедски, интернистички, кардиолошки, гинеколошки, дерматолошки, физијатриски или уролошки преглед. И тоа...

ОРЛ преглед 1,150 ден. 490 ден.

Очен преглед 1,150 ден. 490 ден.

Невролошки преглед 2,600 ден. 590 ден.

Ортопедски преглед 2,400 ден. 590 ден.

Интернистички преглед со ЕХО и ЕКГ 3,000 ден. 990 ден.

Кардиолошки преглед со ЕХО и ЕКГ 3,500 ден. 1,190 ден.

Гинеколошки комплетен преглед 3,500 ден. 1,390 ден.

Дерматовенеролошки преглед 1,300 ден. 490 ден.

Физијатриски преглед 1,280 ден. 330 ден.

Уролошки и нефролошки преглед 3,000 ден. 2,099 ден.

За повеќе информации и купување на купони со овие екстра намалени цели кликнете на линкот...

https://grouper.mk/deal/zlatna-zdelka-neuromedika

НЕУРОМЕДИКА - Партнер на Вашето здравје! 

Зошто ШВАЈЦАРСКОТО СИРЕЊЕ има дупки?

Постои научно објаснување зошто во швајцарското сирење има дупки, но и зошто во поново време тие дупки се сè помали.

Се работи за честици сено кои останувале во млекото дури и при термичката обработка. Кога сирењето зрее, во тој процес честичката сено околу себе создава меур од воздух, што резултира со познатите дупки.

Во последните години некои производители додаваат вештачки вакви честички, за да се осигураат дека во сирењето ќе има дупки. Причина за тоа е што модерниот начин на молзење на кравите и складирање на млекото е автоматизиран и под строги контроли, па затоа тешко се случува во млекото да остане честичка од сено.

ФОТО: Сораја ја вжешти атмосферата во претесното бикини

Една од најпопуларните Балкански старлети Сораја Вучелиќ очигледно го живее животот  на „висока нога“. Таа на своите фанови на социјалните мрежи постојано им споделува фотографии на кои се гледа како ужива на егзотични дестинации.

Старлетата летово се забавува и проведува со своите исто така секси пријателки во Марбеља, Шпанија.

Зошто ви е тешко да го преболите раскинувањето?

Зошто ви е тешко да продолжите понатаму со животот после раскинувањето на врската, иако сте свесни дека тоа било најдоброто можно решение и исход?

Раскинувањето не е лесен чекор, без разлика дали одлуката била взаемна, ваша или на другата страна. Сепак сте се разделиле од личност со која некогаш сте биле среќни, во која сте биле вљубени.

Има неколку причини зошто ви е тешко да го преболите и надминете раскинувањето:

Осаменост

Една од најчестите причини зошто на луѓето им е тешко да продолжат понатаму по раскинувањето е осаменоста за која стануваат свесни во моментот кога веќе го немаат партнерот покрај себе.

Осаменоста може да нѐ натера да почнеме да копнееме по личност која не била добра за нас.

Решение за ваквите моменти на криза е префрлање на фокусот. Најдобро е фокусот да го префрлите на себе, на нешто што ви причинува среќа, задоволство и радост. Искористете го ова слободно време за нешто корисно и продуктивно и не заборавајте – подобро е да сте сами отколку со некој кој не е добар за вас.

Изгубена самодоверба

Ако сте биле во врска со личност која не била добра за вас или не ви обрнувала внимание, можно е вие да сте почнале да ја губите самодовербата уште додека сте биле во таа нефункицонална врска.

Но, не е сѐ изгубено. Тоа била вашата реакција на таа личност и таа ситуација. Сега сте сами и целото внимание е насочено на вас и вашата добросостојба.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат и во го посакуваат само најдоброто, луѓе кои ве ценат и ве почитуваат, кои веруваат во вас и вашите способности.

Полека, полека, ќе избледи сеќавањето на тоа дека таа личност правела да се чувствувате лошо, а вие ќе најдете начин, механизам и метод да се сакате себе си и да ја одржувате таа љубов и почит кон себе.

Најчитани

Твитови