Предности и недостатоци од пиењето кафе!

 

Науката во изминатите децении укажува на неколку здравствени придобивки од кафето. Во многу истражувања луѓето кои пијат кафе имале помал ризик од дијабетес тип 2, мозочен удар, болести на срцето, деменција и одредени видови рак.

Добри страни

Две нови истражувања од јули минатата година покажале дека луѓето кои пијат кафе имаат пониска стапка на смрт од која било причина, вклучувајќи рак, дијабетес и болести на бубрезите. Покрај тоа, оние кои пиеле 2-3 шолји кафе дневно имале помал ризик од смрт за разлика од оние кои пиеле само 1 шолја дневно. Кафето е всушност водечки извор на антиоксиданси во модерното општество. Сепак, овие истражувања треба да се толкуваат внимателно.

Сепак, многу експерти тврдат дека врската помеѓу кафето и здравјето е научно возможна поради високото количество антиоксиданси. Иако и обичното и безкофеинско кафе имаат антиоксиданси, кафето со кофеин има и уште некои придобивки. Кофеинот има и неколку краткотрајни придобивки – ги зголемува концентрацијата, менталната енергија и вниманието. Ова сигурно им е познато на сите кои не можат да се расонат без шолја кафе.

Лоши страни

Кафето, со или без кофеин, е познато дека ги влошува болестите на гастроинтестиналниот тракт. Па, ако имате киселини или болки во стомакот кога пиете кафе, подобро е да се држите настрана од него. Оние кои имаат проблеми со спиењето исто така треба да бидат повнимателни. Едно истражување покажало дека пиењето кафе 6 часа пред спиење може да има лошо влијание на сонот.

Исто така постои опасност од премногу кофеин. Предозирањето со кофеин може да води до анксиозност, проблем со стомакот и нерамномерно чукање на срцето. Во главно овие ефекти се гледаат по консумирани 400 милиграми кофеин, односно 4 шолји кафе.

Накратко - пиењето кафе е безбедно. Иако многу критичари тврдат дека кафето со кофеин може да предизвика дехидратација, оваа појава трае кратко и не се јавува кај луѓето кои редовно пијат кафе. Истото важи и за крвниот притисок. Кофеинот може да го покачи крвниот притисок кај луѓе кои не го консумираат редовно. Луѓето кои постојано пијат кафе речиси и да не чувствуваат ефект на крвниот притисок од кофеинот.

Уште едно засилување за Борусија Дортмунд: Пристигнува и Брант!

Напаѓачот на германската репрезентација ќе биде нов член на клубот од „Вестфален“. „Милионерите“ жестоко кренаа во летниот преоден рок. До сега потрошија околу 70 милиони евра и тоа за Пако Алкасер кој го откупија од Барселона, на Нико Шулц од Хофенхајм и Торган Азар од Мехенгладбах.

Иако Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сепак Џулија Брант се одлучи за чекор понапред. Преговорите помеѓу директорот на Дортмунд, Михаел Цорк и агентот на фудбалерот се веќе во тек, а најважно од се е дека играчот изразил желба да го облече дресот на „милионерите“.

Трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот помеѓу Брант и „фармацефтите“. Реално, Германецот вреди многу повеќе, но Леверкузен мораше да ја прифати оваа клаузула кога го продолжуваа договорот со фудбалерот.

2 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

Сигурно не постои рецепт за среќна врска, но постојат некои работи без кои врската не би успеала. Доколку сакате да дознаете дали вашата врска има потенцијал, размислете дали ги има следниве 2 нешта.

1. Слични особини

Веројатно сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но ако гледате на долгорочен план, потребно е да имате некои сличности со партнерот. Односно, потребно е да делите одредени ставови и погледи за животот. Сепак, доколку сте различни, не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да наоѓате компромис и меѓусебно да се надополнувате.

2. Сексуална компатибилност

Доколку сте компатибилни и уживате во интимноста, сè друго може да функционира. Без сексуална компатибилност, врската ќе страда, без разлика колку добро се согласувате во другите области.

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година благодарение на дополнителни приливи во буџетот кои ги одобри американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

„Само 12 луѓе оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“, вели директорот за комуникации на НАСА, Нетини Инклан, додавајчи дека послениот човек на месечината чекорел во 1972 година.

Наведува дека ни една жена никогаш не чекорела по Месечината.

 

Доналд Трамп во понеделникот откри дека ќе издвои дополнителни 1,6 милијарди долари за НАСА за да можат да „се вратат на Месечината“.

„Под моја управа ќе ја направиме НАСА повторно голема и ќе ја вратиме на Месечината, потоа одиме на Марс“, објави Трамп.

Зголемувањето на буџетот е по иницијалното барање на НАСА за 21 милијарди долари што ќе овозможи повторно враќање на Месечината.

Администраторот на НАСА Џим Бриденстајн изјави дека инвестицијата ќе овозможи НАСА да тргне напред во дизајн, развој и истражување.

Најчитани

Твитови