Преполна со витамини, лекува рани и го јакне имунитетот: Оваа билка е една од најдобрите домашни растенија!

Алое Вера растението е омилено во многу домаќинства и е многу моќен исцелител на рани. Постојат повеќе од 75 биоактивни компоненти кои помагаат на телото на многу начини, од смирување на акни до зајакнување на имунолошкиот систем.

Алое Вера како едно од најдобрите домашни растенија

Медицинскaта Алое Вера има анти-воспалителни, антибактериски, аналгетски и антимикробни својства, и затоа објаснува зошто Египќаните го нарекуваат растение на бесмртноста, а индиските племиња рајско стапче или растение кое лекува.

Богат извор на витамини и антиоксиданти

Алое Вера е богата со витамини А, Б1, Б2, Б6, Б12, Ц ,Е и исто така содржи фолна киселина. Недостаток на витаминот Б12 може да биде многу честа појава кај мажите постари од 65 години, и оние кои во нивната исхрана не внесуваат месо и месни производи. Додатокот на витамин Б12 не се апсорбира во телото секогаш како што би требало.

Извор на минерали

Освен витамини, алое вера содржи многу минерали, како што се бакар, магнезиум, калиум, калциум, цинк, манган, хром и селен. Сите заедно работат да се зголеми функционалноста на ензимот и зајакнување на метаболичките патишта кои ги одржуваат клетките во добра состојба. Истовремено обезбедувајќи 20 од 22 аминокиселини, вклучувајќи ги и 7-те есенцијални амино киселини, алое вера помага за зајакнување на имунолошкиот систем и обезбедува точна синтеза на хормони, протеини и ензими.

Уште едно засилување за Борусија Дортмунд: Пристигнува и Брант!

Напаѓачот на германската репрезентација ќе биде нов член на клубот од „Вестфален“. „Милионерите“ жестоко кренаа во летниот преоден рок. До сега потрошија околу 70 милиони евра и тоа за Пако Алкасер кој го откупија од Барселона, на Нико Шулц од Хофенхајм и Торган Азар од Мехенгладбах.

Иако Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сепак Џулија Брант се одлучи за чекор понапред. Преговорите помеѓу директорот на Дортмунд, Михаел Цорк и агентот на фудбалерот се веќе во тек, а најважно од се е дека играчот изразил желба да го облече дресот на „милионерите“.

Трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот помеѓу Брант и „фармацефтите“. Реално, Германецот вреди многу повеќе, но Леверкузен мораше да ја прифати оваа клаузула кога го продолжуваа договорот со фудбалерот.

2 работи што се неопходни за долга и среќна љубов

Сигурно не постои рецепт за среќна врска, но постојат некои работи без кои врската не би успеала. Доколку сакате да дознаете дали вашата врска има потенцијал, размислете дали ги има следниве 2 нешта.

1. Слични особини

Веројатно сте слушнале дека спротивностите се привлекуваат, но ако гледате на долгорочен план, потребно е да имате некои сличности со партнерот. Односно, потребно е да делите одредени ставови и погледи за животот. Сепак, доколку сте различни, не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да наоѓате компромис и меѓусебно да се надополнувате.

2. Сексуална компатибилност

Доколку сте компатибилни и уживате во интимноста, сè друго може да функционира. Без сексуална компатибилност, врската ќе страда, без разлика колку добро се согласувате во другите области.

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година благодарение на дополнителни приливи во буџетот кои ги одобри американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

„Само 12 луѓе оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“, вели директорот за комуникации на НАСА, Нетини Инклан, додавајчи дека послениот човек на месечината чекорел во 1972 година.

Наведува дека ни една жена никогаш не чекорела по Месечината.

 

Доналд Трамп во понеделникот откри дека ќе издвои дополнителни 1,6 милијарди долари за НАСА за да можат да „се вратат на Месечината“.

„Под моја управа ќе ја направиме НАСА повторно голема и ќе ја вратиме на Месечината, потоа одиме на Марс“, објави Трамп.

Зголемувањето на буџетот е по иницијалното барање на НАСА за 21 милијарди долари што ќе овозможи повторно враќање на Месечината.

Администраторот на НАСА Џим Бриденстајн изјави дека инвестицијата ќе овозможи НАСА да тргне напред во дизајн, развој и истражување.

Најчитани

Твитови