Храна за луѓе кои добар дел од денот го поминуваат во канцеларија!

Ако добар дел од денот го поминувате во канцеларија, сигурно сте свесни дека долгорочното седење остава нездрави последици врз вашето тело.

За време на долгото седење, чувството на глад се зголемува, шеќерот во крвта се зголемува, како и крвниот притисок. Сето ова може да биде решено со соодветна храна.

Ананас

Покрај бананите, ананасот е еден од најпопуларните тропски плодови. Многу витални супстанции се скриени во него. Пред се, бромелаин, ензим кој го забрзува метаболизмот и дејствува против воспаление.

Покрај тоа, еден дел од ананасот ја покрива целата дневна потреба за витаминот Ц, што дополнително ќе го зајакне вашиот имунолошки систем.

Како да го јадете ананасот: со пилешко и кари, со јогурт или во мешавина со банани или манго.

Маслиново масло

Маслиновото масло е многу здраво, бидејќи го намалува воспалението во организмот и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Како да го користите: сезонска салата, готвени јадења, за печење риба или зеленчук.

Куркума

Позната по интензивната портокалова боја, куркумата има одличен ефект врз целото тело. Овој зачин, меѓу другото, лечи воспаление и заштитува од Алцхајмеровата болест.

Секој ден треба да јадете барем малку куркума ако долго седите на работа и не се занимавате редовно со спорт.

Како да ја јадете куркумата: со палачинки, ориз и зеленчук, како зачин во готвени јадења или во колачи.

Бобичесто овошје

Можете да изберете јагоди, рибизли, боровинки: мали витамински бомби кои со редовна употреба ги намалуваат воспалителните процеси во телото благодарение на флавоноидите што ги содржат.

Покрај тоа, овие плодови се одлични за варење, ја зајакнуваат одбраната на телото и го забрзуваат метаболизмот.

Авокадо

Оваа овошје има највисок процент на маснотии, но не треба да се избрише од менито. Неговите незаситени масни киселини ги перцепираат мускулните клетки како здрави и се борат со маснотиите околу абдоменот.

Како да јадете авокадо: зачинет со сол и бибер, може да се наполни со топено темно чоколадо или да уживате во салати.

Мрсна риба

Лосос или јагула – овие риби содржат масни омега 3 киселини кои телото не може да ги произведе само. Есенцијалните масти се важни за многу процеси: за метаболизам и против воспаление.

Како да ги јадете: во сос од домати или на скара.

Ореви

Оревите содржат масни омега 3 киселини, а бадемите содржат многу антиоксиданс витамин Е. Според тековните истражувања, 60 грама бадеми дневно, се доволни за да се заштитите од дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Како да ги јадете бадемите: со утрински мусли, солени.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови