3 хороскопски знаци кои навидум изгледаат силни а всушност се многу емотивни!

Сигурно ве се случило барем еднаш во животот да запознаете некој и веднаш да помислите дека се работи за бесчувствителна личност, а потоа да сфатите дека погрешно сте ја процениле. Некои луѓе ја кријат својата кревка личност и тоа го прават одлично. Колку и да знаете да читате луѓе, нв едноставно не можете веднаш.

Рак

Овој хороскопски знак има цврста, но мека личност. Имено, Ракот на прв поглед делува дека е силна личност која ги крие своите емоции. На многумина им делуваат одбивно, а под таа маска се крие чувствителна личност која е подготвена да скокне во оган за луѓето кои ги сака.

Девица

Овој знак од Зодијакот остава впечаток на одмерена и ладна личност до која ретко што може да допре, но во суштина има прекрасно срце. Девиците се емпатични и подготвени да им помогнат на другите. На работа се перфекционисти, а приватно се предадени и лојални пријатели и партнери. Иако своите блиски личности знаат да ги налутат поради своето ситничарење, сите знаат дека нивната желба е да им помогнат.

Скорпија

Овој знак се смета за еден од најзлобните астрознаци со кои нема шега. Но, ако допрете до неговата душа ќе сфатите дека се најпредадени и најчувствителни личности на кои секогаш може да сметате. Тие се подготвени да направат сѐ за своите пријатели и семејство, на тој начин докажувајќи ја безусловната љубов. Таа предаденост на саканите личности е знак на голема емпатија и добрина.

ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛУЃЕТО РОДЕНИ ВО ЗНАКОТ НА ВАГА

Луѓето родени во знакот на Вага се љубезни, нежни и вљубеници во убавината, хармонијата и мирот. Меѓутоа, трудејќи се да ги усреќат другите, тешко им е да кажат “НЕ”, и како резултат на тоа, тие се под стрес. Тие имаат многу позитивни особини, но и некои негативни. 

Позитивни страни

Тактичари

Луѓето родени во знакот на Вага се експерти во справувањето со проблемите, ситуациите и задачите, но сепак не може да се каже дека се лукави. Тие се премногу добри за да можат да ги злоупотребуваат емоциите на другите луѓе.

Романтични

Со нив владее планетата Венера и тие се екстремно романтични личности. Без разлика што прават во животот нив ги водат љубовните емоции.

Шармантни

Тие додека зборуваат го шармираат соговорникот и прават луѓето да се чувствуваат среќни во нивно друштво.

Праведни

Имаат силно изразено чувство и потреба за правда и фер игра. Тие можат вешто да се извлечат од некоја ситуација, но не на сметка на некој друг, туку преку свои методи со кои располагаат.

Дипломати

Тие се добро познати по своите дипломатски вештини и способни се да сослушаат секого со трпение.

Негативни страни

Површни

Родените во знакот на Вага честопати знаат да се занесат по надворешната убавина, до тој степен што може да ја игнорираат внатрешната убавина и сите квалитети со кои располага личноста.

Нестабилни

Вагите лесно можат да потпаднат под влијание на други луѓе и склони се кон постојано менување на мислењето. Поради тоа, тешко е да сфатите дали ќе го одржат ветувањето.

Неодлучни

Една од најтешките работи за Вагата е да се одлучи. Кога ќе се соочи со избор, тешко е да одберат што е најдобро за нив, што може да биде голема препрека на патот

Што купуваме и јадеме: Каде македонските пазарџиите ги чуваат производите на овие горештини!

Во какви услови се складираат прехрамбените производи кои потоа како артикли им се продаваат на граѓаните. Ова е особено важно во летниот период кога температурите се високи.

Пеколни горештини го вклучија алармот за прашањето каква храна конзумираме и колку е таа безбедна на овие временски услови. Во какви услови продавачите ја чуваат и продаваат храната, а и колку самите граѓани внимаваат што и од каде купуваат. Тие велат пазарат единствено од проверени продавачи.

Масовни труења нема, велат од клиниката за инфективно, освен некои изолирани случаи кои главно се предизвикани од храна која не била добро згрижена. Докторите препорачуваат граѓаните најмногу да внимаваат на храната која содржи јајца и мајонез.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за консумирање на безбедна храна, да купуваат на одобрени и регистрирани објкети кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, и да внимаваат и на тоа каде се чуваат производите. Граѓаните кога приготвуваат храна дома да внимаваат на подготовката и на нејзиното чување на соодветна температура.

Домашен рецепт за груби пети: По само еден третман ќе имате совршено мазни стапала!

За да се ослободите од овој проблем испробајте го овој рецепт.

Потребно:

* 10 таблети од 300 милиграми аспирин или андол

* 250 милилити ракија, или медицински алкохол од 70 проценти.

Издробете ги таблетите и измешајте со ракијата и оставете да отстои 1- 2 а потоа пред спиење со газа нанесете од смената на испуканите пети и обложете ги со најлонска фолија до наредното утро.

Најчитани

Твитови