Запознајте го Џек Ма – основачот на кинеската трговска платформа „Alibaba“, која денес регистрира продажби поголеми од „Amazon“ и „eBay“ заедно.
Тој израснал во семејство на музичари, кои биле прогонувани во времето на „кинеската револуција”, бидејќи припаѓале на интелектуалната група луѓе. И покрај разбрануваното детство сепак, Џек успева да создаде бизнис кој денес вреди стотици милиони долари.
Ова се неговите совети за успех:
Не се занимавајте со политика
Политиката и парите ретко кога можат да бидат во исти раце. Ако сте влегле во политика, заборавете на бизнисот. И обратно. Кога парите се среќаваат со политика – очекувајте експлозија.
Што е неуспех?
Вистински неуспех е оној момент кога престанувате да се борите.
Што е флексибилност?
Ќе дознаеш што е флексибилност кога ќе се сретнеш со вистински проблеми, борби и разочарувања.
Што е одговорност?
Твоја одговорност е да бидеш внимателен, да работиш многу и да си поамбициозен од сите. Само будалите ја користат устата за да зборуваат. Паметните луѓе говорат со главата, а мудрите со срцето. Животот се живее со полн капацитет. Ако го поминувате целото време на работа, во еден момент сигурно ќе зажалите.

За жалењето
Ако повремено западнете во лошо расположение, тоа е сосема ок. Меѓутоа, ако постојано се жалите и кукате, ќе станете депресивни. Депресијата е како алкохолизмот, што повеќе пиете, потешко ви е да престанете. Ќе забележите дека успешните луѓе не се жалат. На светот не му е важно што зборувате, туку што правите.