Жена од Кина родила близнаци од различни татковци

Жена во Кина родила близнаци од различни татковци, пишуваат кинеските медиуми. По добиените резултатите од ДНК-анализата, таа му признала на сопругот дека го изневерила, иако првично негирала дека била со друг маж, пишува „Страјт хералд“.

Двојката од кинескиот град Ксиамен го пријавила раѓањето на синовите, а за да докажат дека децата се нивни морале да направат тест за татковство. Сопругот се сомневал дека едно од двете момчиња не е негово и по ДНК-анализата мајката на близнаците ја признала вистината.

Близнаци од различни татковци се многу редок, но можен случај. Според една студија, ова е можно во еден од 400 случаи, а според друг – во еден од 13.000 двојки.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови