Видови луѓе коишто ги среќавате во текот на животот, а ви помагаат да останете на вистинскиот пат!

Во текот на животот ќе наидете на луѓе кои поради некоја непозната причина требало да ги сретнете. Овие луѓе се лекции, некои минливи, некои трајни, но сите се со моќна порака која има влијание на вашиот живот и на вашите одлуки. 

1. Луѓе кои треба да ве разбудат

Постојат некои луѓе кои влегуваат во вашиот живот и кои прават огромна промена. Тие, свесно или несвесно, со нивното присуство ве потсетуваат дека не можете да тргнете напред во животот доколку не промените нешто. Овие луѓе ќе го разбудат вашиот потенцијал, кој во спротивно би останал неоткриен.

2. Луѓе кои треба да ве потсетат

Некои луѓе едноставно се појавуваат во вашиот живот само за да ве потсетат за вашите цели. Целта на овие средби е да ви помогнат да останете фокусирани на вашиот животен пат. Овие луѓе ве потсетуваат кои сте и што навистина сакате.

3. Луѓе кои ви помагаат да созреете

Постојат луѓе кои ви помагаат да созреете како личност. Тие ве следат и ве водат на вашето животно патување. Понекогаш може и да ве повредат, но секогаш ве носат на неверојатна авантура и на тој начин ви го покажуваат патот кога ќе скршнете од него. Овие луѓе ви помагаат да научите нешта кои не би ги научиле самите и ве тестираат за да можете да созреете.

4. Луѓе кои го окупираат вашиот простор

Некои луѓе се во вашиот живот на толку кратко и незначајно време, па веројатно не се ни сеќавате на нив. Ова се луѓе кои ги среќавате на автобуска постојка, на улица или со кои сте размениле само 2-3 збора. Никогаш не градите врска со нив. Нивната цел е само да го окупираат вашиот простор. Овие луѓе ве поддржуваат на вашето патување и се овде за да ве развеселат и да го поттикнат доброто во вас.

5. Луѓе кои остануваат

Некои луѓе засекогаш ќе останат со вас. Тие се ретки и тешко е да ги пронајдете, но се највредните. Тие се ваши блиски пријатели, семејство, а можеби и сродни души. Ова се луѓе кои имаат иста, или слична мисија како вашата.

Кога ќе дојде вистинскиот момент, животот ќе ви прати некоја од овие личности. Сè што вие треба да направите е да бидете трпеливи додека чекате. Порано или подоцна, секако ќе се појават во вашиот живот.

Дневна доза смути: Здрава замена за кафе!

Денешниот предлог е за сите љубители на кафето. Од нашата нова омилена веб страна, smuti.mk., ви нудиме рецепт со кој ќе сакате да се расонувате секој ден.

За само неколку минути ќе го започнете денот свежи и енергични.

Потребно:

една голема лажица цимет

една банана

една шолја смрзнат јогурт од ванила

една шолја кафе

Подготовка:

Сите намирници се ставаат во одличниот Nutribullet, каде за само неколку секунди, со помош на неговото циклонско дејство и патентирани сечила, ќе го добиете вашиот омилен пијалок. Nutribullet целосно ги разложува замрзнатото овошје, јаткастите плодови и семките за вашето тело да може да ги апсорбира и искористи.

Во продолжение погледнете го и видео-рецептот од smuti.mk, каде ќе го видите подетално начинот на подготовка. Добијте ја потребната доза кафе. Здраво, вкусно, евтино. И, најважно, знаете што содржи!

 

извор: Fashionel.mk

Направите вкусно турско кафе по стар рецепт!

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.

Пред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.

Дел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).

Се промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.

Тргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:

Пречестото мешање го убива вкусот.

Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.

Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.

Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.

Кој плаче повеќе, мажите или жените?

Истражувањето направено во врска со емоционалното празнење, односно плачење покажа - верувањето дека жените плачат почесто е точно. Сепак резулатите се изненадувачки во однос на тоа колку редовно плачат мажите, ако се земе во обзир дека ниеден маж нема да признае дека некогаш плачел.

Припадничките на понежниот пол плачат просечно секој шести ден, а мажите еднаш во 3 недели...

Последното истражување на германски научници покажа дека жените ронат солзи 30-64 пати годишно, а мажите многу помалку, само 17 пати. Додека се деца до 13 години, девојчињата и момчињата плачат речиси подеднакво, но понатаму работите се менуваат.

Истражувањето покажало дека возрасните жени обично плачат долги временски периоди и тоа го прават подраматично за разлика од мажите. Времетраењето на просечно плачење кај жените е околу 6 минути, а кај мажите околу 2-3 минути.

Жените плачат почесто отколку мажите, затоа што на тој начин си ги олеснуваат своите емоции или го отфрлаат чувството на тага. Истото истражување покажало дека 65% од дамите плачат со липање, додека таква ситуација се случува само кај 6% од мажите.

Причините за плачење се разликуваат. Жените плачат кога ќе се соочат со ситуација или проблем за кој е тешко да се најде решение, но и со потсетувањето на тажни и тешки искуства од минатото. Од друга страна, мажите плачат кога сочувствуваат со некоја личност, а многу често поради прекин на љубовна врска.

Најчитани

Твитови