Милион причини зошто Италија е толку магична и задолжителна за посета!

Италија! Земјата каде храната е вкусна, уличките тесни, кафулињата романтични а историјата е се уште жива.

Шпагети, мафија, гласно зборување, изразени гестикулации, префинета музикамодерни дами и џентлмени. Вака најчесто се опишува Италија. Во продолжение, слушнете уште неколку интересни карактеристики на оваа земја:

Со речиси 40 милиони туристи годишно, Италија е четврта најпосетена земја во светот.

 

Освен пицата, Италијанците му помогнале на светот со уште многу генијални изуми. Некои од нив се: термометарот, клавирот, машината за пишување, веспа скутерите, како и операта.

 

Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.

Неофицијално, најзначајно животно во Италија е волкот, и тоа најмногу поради познатата легенда за Ромул и Рем, и создавањето на Римската држава.

Италија е позната по своите спортски автомобили како: Ферари, Масерати и Ламборџини.

 

Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.

Доколку сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го донесе, да му оставите пристоен бакшиш. Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.

 

Италијанците се многу романтични. Тие навистина уживаат во романтиката. Италијанец никогаш не би оставил девојка да оди сама дома. Таму уште се негува идеалот за мачо тип.

Италија е и позната како земја на мафијата, и за жал, овој факт е точен и вистинит. Впрочем, самиот збор Мафија, потекнува од Италија, а се користел за означување на организирани криминални банди од островот Сицилија. Сицилијанската мафија која исто така е позната како „Коза Ностра“ или во превод „Наша работа“ се појавила во XIX век. Секоја група, позната како „семејство“ или „фамилија“, „здружение“, „клан“ или „коска“ смета дека има суверенитет врз територијата на која рекетира.

Во една од најубавите фонтани во светот, и воедно најпознатите во Италија, „Фонтана ди Треви“, секојдневно се фрлаат околу 3000 евра.

 

Ниту една друга земја во Европа нема толку многу вулкани како Италија. Таа има дури три активни вулкани: Етна, Стромболи и Везув.

Името Италија потекнува од зборот „italia„ што значи земја на биковите, бидејќи бикот бил симбол на јужно италијанските племиња.

Официјалното име на Италија е Repubblica Italiana.

Речиси четири петтини од Италија е или планинско или стрмно земјиште.

Италијаните тврдат дека ја научиле Европа како се готви. Тие се „виновни“ за претставувањето на сладоледот во светот (преку Кинезите), кафето и овошните пити. Покрај Французите и Белгијците, тие исто така твдат дека го направиле првиот помфрит. Првиот италијански готвач е напишан во 1474-та година од страна на Бартоломео Сиччи.

Италијанскиот волк е неофицијалното национално животно на земјата и има голема улога во легендата за основањето на Рим.

Кога се отворил првиот ресторан McDonald’s во 1986-та година, љубителите на традиционална храна пред ресторанот бесплатно делеле шпагети за да ги потсетат луѓето на нивното кулинарско наследство.

Пармезанот потекнува од областа околу Парма. Италијаните исто така создале многу други видови на сирења, како горгонзола, моцарела, проволоне и рикота. Никој не знае кога е измислена пицата, но сигурно е дека луѓето од Наполи ја направиле популарна.

Има две независни држави во склоп на Италија: Република Сан Марино (25 метри квадратни) и државата Ватикан (само 108.7акри)

Ватикан е единствената држава во светот која може да си ги заклучи портите навечер. Има своја телефонска компанија, радио, телевизија, пари и печат. Дури има и своја армија.

Авторот на светски познатиот Пинокио, Карло Колуди е Италијанец.

Највисокиот врв во Европа се наоѓа во Италија – Монте Бјанко или Бела Планина има 15.771 метри и е дел од Алпите.

Главниот град на Италија е Рим (познат како вечниот град) и е речиси 3000 години стар. Тој е главен град од 1871 година и е дом на познатиот Колосеум и фонтана Ди Треви.

На годишно ниво речиси 50 милиони туристи ја посетуваат Италија. Туризмот е од витално значење за државата и обезбедува речиси 63% од приходот.

Италијаните имаат интересен ритуал кој се одвива пред вечерата и се нарекува passeggiata (вечерна прошетка) и е една од најинтересните и лежерни активности каде тие шетаат по улиците само за да видат и да бидат видени.

Фудбалот е најпопуларниот спорт во Италија и познатиот Сан Сиро стадион во Милано има капацитет за 85.000 посетители. Италија го има освоено Светското првенство четири пати (1934, 1938, 1982, and 2006)

Фудбалот е донесен во Италија во доцните 1800 години од страна на Британците, но се до 1930 година не бил сфатен сериозно се додека Мусолини не го подигнал на повисоко ниво.

Италија е земја која се наоѓа меѓу водечките кога станува збор за модата. Во 1950-те години, Нино Черути и Валентино го однесоа светот на многу поинакво ниво. Тогаш и Армани, Версаче, Гучи и Прада станаа светски препознатливи брендови. Италија е позната и по спортските коли како Ферари и Ламборџини.

Многу неженети деца живеат во својата фамилија дури и до 30-те години, дури и ако имаат работа. За оваа нација фамилијата е срцето на италијанското општество.

Арапите ја донеле сувата паста во Италија во 13-от век. Тогаш се јадело со мед и шеќер, додека доматниот сос не бил додаден се до 17-от век. Традиционалниот начин на јадење паста бил со прсти, раката била високот крената, а главата навалена. Пастата традиционално се правела од мајката на домаќинството, која скапоцената техника им ја пренесувала на ќерките.

Во централна Италија има фонтана од која 24 часа во денот извира црвено вино. Бесплатна е за секого, освен за оние кои имаат проблем со алкохолот.

Направите вкусно турско кафе по стар рецепт!

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.

Пред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.

Дел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).

Се промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.

Тргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:

Пречестото мешање го убива вкусот.

Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.

Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.

Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.

Кој плаче повеќе, мажите или жените?

Истражувањето направено во врска со емоционалното празнење, односно плачење покажа - верувањето дека жените плачат почесто е точно. Сепак резулатите се изненадувачки во однос на тоа колку редовно плачат мажите, ако се земе во обзир дека ниеден маж нема да признае дека некогаш плачел.

Припадничките на понежниот пол плачат просечно секој шести ден, а мажите еднаш во 3 недели...

Последното истражување на германски научници покажа дека жените ронат солзи 30-64 пати годишно, а мажите многу помалку, само 17 пати. Додека се деца до 13 години, девојчињата и момчињата плачат речиси подеднакво, но понатаму работите се менуваат.

Истражувањето покажало дека возрасните жени обично плачат долги временски периоди и тоа го прават подраматично за разлика од мажите. Времетраењето на просечно плачење кај жените е околу 6 минути, а кај мажите околу 2-3 минути.

Жените плачат почесто отколку мажите, затоа што на тој начин си ги олеснуваат своите емоции или го отфрлаат чувството на тага. Истото истражување покажало дека 65% од дамите плачат со липање, додека таква ситуација се случува само кај 6% од мажите.

Причините за плачење се разликуваат. Жените плачат кога ќе се соочат со ситуација или проблем за кој е тешко да се најде решение, но и со потсетувањето на тажни и тешки искуства од минатото. Од друга страна, мажите плачат кога сочувствуваат со некоја личност, а многу често поради прекин на љубовна врска.

Како најлесно да ги преболите бившите?!

Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Тоа е процес низ кој сите поминуваме различно. 

За да се поштедите од поголема болка и постапки за кои подоцна може да зажалите, бидете разумни и послушајте што вика науката за преболувањето на бившите.

Повеќе во видеото:

Најчитани

Твитови