Печење на храна во обвивка од хартија!

Јадењата приготвени со помош на хартија за печење се миризливи, сочни, и многу здрави.

Ако решите да испробате и да го приготвите зеленчукот, рибата или месото во обвивка од хартија, нема да згрешите. Ќе бидат еднакво вкусни не само месото, туку и зеленчукот приготвен на тој начин.

При печењето во хартиена обвивка се собира пареа, па затоа треба внимателно да се отвори. Ако сакате да заштедите време, компирите не морате да ги варите, туку само исечете ги на многу тенки кришки.

Еве како можете да ги обликувате пакетчињата.

Како бонбона

Пакетчињата кои се од двете страни врзани со кујнски конец изгледаат како бонбони. Ваквиот начин на пакување е пригоден за помалипарчиња овошје, зеленчук и слично.

Наредете ги состојкитеврз хартијата за печење, од страните оставете малку слободен простор, а потоа обликувајтепакетчиња во облик на бонбони или вреќички.

Како писмо

Овој облик се формира такашто треба да превиткате едно парче хартија или да споите две парчиња. Аглите завиткајте ги неколку пати и прицврстете ги со чепкалки или со мали штипчиња.

Ваквиот облик е пригоден за поголеми порции, на пример, за тиквички, лазањи, месо и слично.

 

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ: Зошто е подобро на дете да му дадете сладолед, за разлика од некој друг вид благо?

Не е сеедно дали на детето ќе му дадете гумени бомбони или сладолед, бидејќи благите кои децата ги обожаваат и со кои родителите ги наградуваат и подмитуваат влијаат на здравите заби на малите. 

Знаеме дека шеќерот и слатките ги упропастуваат забите, но детските стоматолози тврдат дека едни слатки се подобри од други. 

Гумените бомбони и лижавчињата за разлика од сладоледот и бисквитите се далеку многу по опасни за детските заби кои се осетливи на кариес. Одкако децата ќе изедат сладолед или бисквити, остатоците од храната можат да се измијат со вода и усната плунка, додека гуменуите бомбони се лепат на забите. Киселината од овие слатки ја напаѓа забната глеќ и доведува до ерозија на забите. 

Лижавчињата на пример остануваат многу подолго во устат одколку сладоледот, а шеќерот кој е присутен во нив така повеќе ги напаѓа детските заби. Дури и одкако ќе изедат некое благо, помеѓу нивните заби остануваат парчиња храна кои предизвикуваат настанување на забен плакт и карие, пишува „net.hr.“.

Независно кои благи ги давате на децата, дадете им обврска после јадење убаво да ги измијат забите како би ги отстраниле остатоците и ќе го зачуваат здравјето на нивните заби. 

Со неговиот син одела во градинка, а сега му е маќеа: Таа е 45 години помлада од својот сопруг!

Двајцата се запознале пред четири години, кога Стефани почнала да работи во омиленото кафуле на Дон.

Брачниот пар со разлика од дури 45 години, открил дека биле поврзани и пред некој да замисли дека двајцата ќе завршат во брак.

Имено, 24-годишната жена одела во градинка и училиште со синот од првиот брак на сопругот. Дон за нив и зборувал кога биле во врска три месеци.

Таа и сопругот моментално не разговараат со неговиот син. 

“Многумина не разбираат дека разликата во години може да биде генијална. Сите мислат дека станува збор за нешто друго. Ме прашуваат како воопшто можам да го сакам. Сакаш некого затоа што го сакаш”, вели младата мајка.

 

Пијте ВОДА на празен желудник, веднаш по будење - еве зошто!

Водата која се пие на празен стомак помага да ги исплакнете цревата, дебелото црево и да го исчистите отпадот во вашето тело. Чаша млака вода во утринските часови може да го регулира движењето на дебелото црево, помага во ослободување на токсините од телото преку урина, зголемување на апетитот и спречување на главоболки.

Пиење 8 чаши вода од 8 мл на ден може да го зголеми метаболизмот за најмалку 24% и да ве поттикне. Таа исто така ви помага да изгубите тежина и да го зајакнете имунитетот.

Водата е најдоброто нешто што можете да го пиете за да ја угасите жедта. Пиење вода на празен стомак секогаш има свои предности, а тука се и првите 10 бенефиции, кои се прикажани на следното видео:

 

Најчитани

Твитови