Медицински феномен: Живеела 99 години со сите органи распоредени на погрешни места!

На универзитетот за здравје и наука во Орегон, Портланд е направена дисекција на леш од жена и откриено е дека нејзините органи биле сосема различно распоредени. Таа не знаела за тоа цели 99 години.

Ворен Нилсон бил во тимот кој пред себе ја имал жената стара 99 години која умрела од природна смрт. Нејзиното име било Роуз Мари Бентли, но студентите тоа тогаш не го знаеле. Поради почит кон починатата, на студентите не им се открива идентитетот на лицето кое лежи пред нив.

Меѓутоа, студентите и нивниот професор дознале колку е посебна госпоѓата Бентли. Заслужила единствено место во медицинските и историските книги.

Причината за тоа е што имала посебна состојба ситус инверсус со левокардија, односно сосема различен распоред на органите од левата и десната страна на телото. Нејзиното тело имало изглед како утроба на нормален човек во огледало. Оваа вродена аномалија ја направи Роуз единствената личност на планетата.

Доцент Камерон Вокер рекол дека можноста на светот да се наоѓа уште една личност како неа е еднаква на 1:50 милиони.

“Сигурна сум дека тој момент никој од нас присутните во салата за дисекција нема да го заборави”, додава Вокер.

Кога во понатамошното истражување студентите ѝ го отвориле градниот кош за да ѝ го испитаат срцето, сфатиле дека ѝ недостига големата вена која се наоѓа обично на десната страна. Професорот исто така бил зачуден што на срцето нема долни шупливи вени. Нилсен и другите млади студенти го прегледале телото и откриле дека нејзината долна шуплива вена се наоѓа на сосема спротивната страна на телото и дека се провлекува под дијафрагмата и се искачува кон градниот кош, се наведнува над аортната порта, ги обиколува пршлените и влегува во десната срцева комора.

Госпоѓата Бентли е единствена од повеќе причини – имала низа аномалии и доживеала да умре од природна смрт на 99 години.

“Никогаш не се жалела на некои поголеми здравствени проблеми. Односно најмногу што знам е дека имала настинка”, објаснила третата ќерка на Бентли, Џинџер Робинс која истакна дека нејзината мајка била одличен пливач.

Роуз Мари била дури и на операција на слепото црево и докторите не ѝ рекле ништо, а подоцна се покажало дека всушност извадена ѝ била матката.

Роуз со својот сопруг одлучиле да станат донори тела за наука и нивните деца се благодарни што ја дознале вистината. Целиот свет слушна за ова неверојатно откритие кое претставува огромен чекор напред за медицинската наука.

 

извор: Курир.мк

Жените родени во овие знаци имаат најголема среќа во љубовта

Овие жени имаат најголема среќа во љубовта, бидејќи за нив не постои посесивност и љубомора.

Тие знаат како да се изборат со тоа и да уживаат во љубовта.

Овен

Тие се многу сигурни во љубовта и секогаш чекорат со главата горе. Тие се зафатени со себе и затоа се одлични и во врска бидејќи се многу зрели и силни.

Стрелец

Жените родени во овој знак се големи авантуристки кои уживаат во љубовта. За нив не постои љубомора, туку само љубов, страст и разбирање. Тие живеат во моментот и секогаш се посветени на тоа што го избрале.

Водолија

Тие се слободни души кои ја почитуваат и туѓата слобода. Во љубовта се многу посветени, но и индивидуалисти кои точно знаат што сакаат.

Флертувајте на ниво, жените ги открија правилата

Сигурно до сега ви се случило да сте излезени со друштво во некое кафиле и таму да здогледате девојка која ви се допаѓа.

За сигурен и успешен пристап ви ги даваме следниве совети:

Контактот со очите е најважен

Достигнете возбудување само со одржување на контакт со очи. Благо погледнување пропратено со блага насмевка.

Платете и го пијалокот, но на вистински начин

Немојте да и праќате светло пиво. Прашајте го келнерот, девојката што ви се допаѓа што пие и тоа пратете го. Доколку не можете да дознаете што пие, чаша шампањско е полн погодок.

Понудете го со пијалок и нејзиното друштво

Бидете фини кон нејзините другарки. Доколку се веднаш до неа, во тој случај и нив почастете ги со пијалок! Ќе изгледа многу безврска доколку не го направите тоа.

Не очекувајте ништо во замена за пијалокот

Почекајте на одговор. Мажите најчесто мислат дека ако им платат пијалок на девојките, дека тие треба со нив да разговараат. Не сте помислиле дека можеби ја вознемирувате. Секогаш гледајте на частењето како на несебичен гест. Тој освен фала и не заслужува ништо друго.

Замолете го келнерот да ве запознае

Не можете да знаете дали таа имала лош ден, дали сака да биде сама или можеби има супер ден и расположена е за нови познанстава. Келнерите во 99 отсто сигурно го знае тоа. Додека вие сте на непознат терен, келнерот веќе има поразговарано со таа личност, ако ништо друго додека нарачувала пијалок.

Бидете внимателни со комлиментите

Искрено, површни комплименти се одличен начин да го уништите расположението и да и направите да се чувствува непријатно. Во тој случај таа нема да ви верува на ништо што ќе и речете.

Само бидете опуштени

Кажете и “здраво” и започнете нормална комуникација. Не можете ни да замислите колку таквото нормално однесување може далеку да ве однесе.

Не значи не

Прифатете не како одговор

Списокот на нови министри ќе биде објавен во петок, но кого се ќе опфати?

Официјално не е соопштено, но ново име во неговиот кабинет ќе биде Горан Милевски, претседателот на Либерлано Демократската партија.

Тој не сака да коментира, но во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека ЛДП очекува да добие министерство со ресор, што досега не беше случај.

-Не би сакал да коментирам. Одлуките за нови функционери е коректно да ги соопшти мандаторот, Зоран Заев. ЛДП очекува да добие министерство со ресор, Горан Милевски –пратеник и претседател на ЛДП.

Неофицијално, премиерот Заев предложил ЛДП да избере помеѓу култура и локална самоуправа. Но, сепак во партијата понаклонети биле кон ресорот локална самоуправа каде што се уште раководи Сухејл Фазлиу од партијата на Весел Мемеди.Зоран Шапуриќ од ЛДП кој раководи со министерството без ресор пак, се поизвесно е дека ќе ја отстапи функцијата на кадар на партијата на Мемеди. Со назначување на Милевски за нов министер, неговото пратеничко место во Собрание ќе го пополни пратеничка од СДСМ.

Она што е сигурно е дека култура, земјоделство и политички систем се тритересори кои сигурно ќе добијат нови министри. Според информации од ДУИ актуелниот министер за животна средина Садула Дураку ќе биде на чело на новоформираното министерство за политички систем, а неговото место во животна средина и просторно планирање ќе го пополни Насер Нуредини, син на бизнисменот Аки Нуредини.

На почетокот на идната недела најверојатно ќе се одржи и собраниската седница каде што пратениците ќе гласаат за новиот владин состав.

Од СДСМ не откриваат многу детали, освен дека до петок премиерот ќе ги соопшти промените кај високите функционери, а паралелно и на новите директори на државните институции.

Во меѓувреме од СДСМ најавуваат и внатрепартиски измени. Ветуваат дека во идниот период ќе се надгледува сработеното на функционерите на СДСМ. Доколку не ги исполнат очекуваните резултати од партиската програма,  тврдат дека од нив ќе бараат одговорност. 

За опозициската ВМРО ДПМНЕ целиот процес на реконструкција е само манипулација со која се прави ротација на актуелните функционери. И од албанскиот опозициски блок не веруваат на големи промени испоред нив се потребни предвремени парламентарни избори.

Најчитани

Твитови