Истражување: Интелигентните луѓе се многу посклони на овој порок!

Научниците успеале да најдат поврзаност меѓу најразлични појави, па неодамна решиле да откријат и дали интелигенцијата мое да влијае на склоноста кон пороци. Студијата спроведена во Лондон ги следела животите на неколку илјади возрасни мажи и жени, со цел да откријат дали и во овие области има поврзаност. Резултатите биле позитивни, и тие заклучиле дека интелигентните луѓе многу почесто консумирале алкохол во периодот од 20 до 40 години.

Истражувањето покажало дека поинтелигентните луѓе во возрасната доба пиеле алкохол скоро дупло почесто, за разлика од нивните врсници со просечна и пониска интелигенција, како и дека за време на адолесценцијата, потпросечно интелигентните скоро никогаш не пиеле, додека пак натпросечно интелигентните се опивале барем еднаш месечно.

Научниците исто така ги поделиле испитаниците и на полови, притоа откривајќи дека жените со повисоко образование имале 71% повеќе шанси да консумираат алкохол, додека пак кај мажите со повисоко образование овој процент изнесувал 49%.

Изгледа дека високата интелигенција води кон „желба“ за алкохол, но не дозволувајте ова да ви биде изговор да го зголемите консумирањето. Иако е знак за висока интелигенција, тој исто така е и многу штетен за вас, како за вашето физичко, така и за вашето ментално здравје.

Невремето искрши автомобили во Крива Паланка (ВИДЕО)

Невремето кое вчера беснееше во Крива Паланка попладнето, направи голема штета.

Пукнати ветробрански стакла, оштетени објекти се само дел последиците, кои се гледаат во видеото од невремето постирано на сајтот на Курир.

Невремето се случи додека цела Македонија беше во жолта фаза.

Убиство го потресе Скопјe: Семејна драма заврши трагично

Скопјанка била убиена вчера вечер во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.

Убиството се случило околу 22 часот и 30 минути кога 31-годишната жена настрадала сакајќи да спречи тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив, па едниот се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои., но во хаосто таа била прободена.
Од МВР го потврдија убиството, а детали денеска.

За една недела 70 нови случаи на морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и две деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16-годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата, пак, изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца.

„Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници“, велат од МЗ.

Во извештајот на Европската Комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

„Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат“ велат од Министерството.

Најчитани

Твитови