Постојат 4 видови далтонизам: Откријте дали и вие спаѓате во една од овие категории!

Далтонизмот е нарушување при кое луѓето не можат да ги гледаат боите онакви какви што се, а наречен е така според англискиот хемичар Џон Далтон, роден во 1766 година. Далтон и самиот имал проблеми со препознавањето на боите, исто како и неговиот брат. Тој прв опишал за какво нарушување станува збор, а истото може да се појави во неколку варијанти.

Видови слепила на бои:

Нормален вид: Начинот на кој повеќето луѓе ги гледаат боите.

Протонопија: Без способност за препознавање на боите од црвениот спектар. Само 1% од луѓето имаат ваков проблем со видот.

Деутеранопија: Слабо разликување на боите од зелениот спектар и тешкотии при разликување зелена и црвена боја. Овој вид слепило на бои е најчест, а некои луѓе не се ни свесни дека го имаат, туку веруваат дека она што го гледаат е нормално.

Тританопија: Се појавува кај оние на кои им е проблем да ги разликуваат боите од синиот спектар. Ова нарушување е многу ретко и го имаат само 0,0001% од мажите и жените.

Целосна неможност за распознавање бои: Овие луѓе го гледаат светот околу себе во црно-бели тонови. Ова нарушување е исклучително ретко и од него страда само 0,00003% од населението.

Се проценува дека во светот 8% од мажите и 0,5% од жените имаат едно од овие нарушувања.

Виновникот е ген во Х хромозомот

Далтонизмот најчесто е условен од полот, а за нарушувањето е одговорен ген во Х хромозомот, кој е заеднички и за жените и за мажите. Од далтонизам почесто заболуваат мажите, иако жените се најчести носители на тој ген. Мажите се повеќе изложени на ова нарушување, затоа што жените би морале да го примат „критичниот“ Х хромозом од двајцата родители, за да ја наследат болеста.

Дали постои лек?

Далтонизмот најчесто може да се дијагностицира уште и во детството. Постојат тестови спроведени од очни доктори со кои се утврдува перцепцијата на бои и разликувањето нијанси. Затоа, ако забележите дека вашето дете има одредени проблеми со разликување бои, одведете го на офталмолог. Најдобро е проблемот да се воочи што е можно порано, затоа што далтонизмот може да го отежни читањето, учењето и генерално самиот живот.

Погледнете го и видеото и видете како луѓето со одреден вид далтонизам го гледаат светот околу себе.

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ: Зошто е подобро на дете да му дадете сладолед, за разлика од некој друг вид благо?

Не е сеедно дали на детето ќе му дадете гумени бомбони или сладолед, бидејќи благите кои децата ги обожаваат и со кои родителите ги наградуваат и подмитуваат влијаат на здравите заби на малите. 

Знаеме дека шеќерот и слатките ги упропастуваат забите, но детските стоматолози тврдат дека едни слатки се подобри од други. 

Гумените бомбони и лижавчињата за разлика од сладоледот и бисквитите се далеку многу по опасни за детските заби кои се осетливи на кариес. Одкако децата ќе изедат сладолед или бисквити, остатоците од храната можат да се измијат со вода и усната плунка, додека гуменуите бомбони се лепат на забите. Киселината од овие слатки ја напаѓа забната глеќ и доведува до ерозија на забите. 

Лижавчињата на пример остануваат многу подолго во устат одколку сладоледот, а шеќерот кој е присутен во нив така повеќе ги напаѓа детските заби. Дури и одкако ќе изедат некое благо, помеѓу нивните заби остануваат парчиња храна кои предизвикуваат настанување на забен плакт и карие, пишува „net.hr.“.

Независно кои благи ги давате на децата, дадете им обврска после јадење убаво да ги измијат забите како би ги отстраниле остатоците и ќе го зачуваат здравјето на нивните заби. 

Со неговиот син одела во градинка, а сега му е маќеа: Таа е 45 години помлада од својот сопруг!

Двајцата се запознале пред четири години, кога Стефани почнала да работи во омиленото кафуле на Дон.

Брачниот пар со разлика од дури 45 години, открил дека биле поврзани и пред некој да замисли дека двајцата ќе завршат во брак.

Имено, 24-годишната жена одела во градинка и училиште со синот од првиот брак на сопругот. Дон за нив и зборувал кога биле во врска три месеци.

Таа и сопругот моментално не разговараат со неговиот син. 

“Многумина не разбираат дека разликата во години може да биде генијална. Сите мислат дека станува збор за нешто друго. Ме прашуваат како воопшто можам да го сакам. Сакаш некого затоа што го сакаш”, вели младата мајка.

 

Пијте ВОДА на празен желудник, веднаш по будење - еве зошто!

Водата која се пие на празен стомак помага да ги исплакнете цревата, дебелото црево и да го исчистите отпадот во вашето тело. Чаша млака вода во утринските часови може да го регулира движењето на дебелото црево, помага во ослободување на токсините од телото преку урина, зголемување на апетитот и спречување на главоболки.

Пиење 8 чаши вода од 8 мл на ден може да го зголеми метаболизмот за најмалку 24% и да ве поттикне. Таа исто така ви помага да изгубите тежина и да го зајакнете имунитетот.

Водата е најдоброто нешто што можете да го пиете за да ја угасите жедта. Пиење вода на празен стомак секогаш има свои предности, а тука се и првите 10 бенефиции, кои се прикажани на следното видео:

 

Најчитани

Твитови