Зошто сонуваме?

На организмот му е потребен одмор од целодневниот напор и затоа спиеме. Но, зошто сонуваме?

Нашиот мозок е активен дури и кога патуваме  во "земјата на соништата". Телото тогаш одмора, но невролошките функции не прекинуваат.

Постојат два типа на спиење: non REM (NREM) и REM спиење. И двата типа се одликуваат со карактеристични физиолошки промени во организмот.

NREM го чини 75-80% од вкупното спиење на возрасните. Тоа е таканаречено ортодоксно спиење, карактеризирано со опаѓање на метаболитичките активности, крвниот притисок и бројот на отчукувањата на срцето. Ортодоксното спиење може да се подели на уште две фази: лесен и длабок ортодоксен сон. Во лесниот сон, телото во текот на ноќта до 40 пати ја менува својата положба за циркулацијата да се одвива непречено, а мускулите да останат подвижни. Но, во длабокиот ортодоксен сон и мускулите и мозокот се крајно опуштени. Додека спиеме, обично околу пет пати преминуваме од ортодоксен во парадоксален сон.

За парадоксалното спиење се карактеристични неправилното дишење и пулс, како и брзото движење на очите (REM). Повеќето сонови се јавуваат во REM фазата од спиењето. Експериментално е докажано дека луѓето можат многу точно да ги опишат соновите доколку ги разбудиме за време на ваквото спиење. Од друга страна, откако ќе поминат само пет минути од REM спиењето, сеќавањето на сонот е магловито, а доколку поминат 10 минути воопшто нема да се сеќаваат на сонот. Оние кои тврдат дека не сонуваат се оние кои не се будат веднаш по REM фазата, туку влегуваат во нова фаза на ортодоксно спиење. REM фазата трае во просек околу 15-20 минути, а потоа следи 60-90 минути ортодоксно спиење.

Спијачите кои експериментално биле лишувани од REM спиењето така што биле будени кога влегувале во оваа фаза, станувале пораздразливи и агресивни, а тешко се концентрирале. Некои од нив имале и халуцинации.

Квалитетот и квантитетот на спиењето се зависат од тоа кога кога се заминува на спиење, потоа од  периодот од легнување до станување, бројот и времето на будењата за време на спиењето, времето на конечното утринско будење и зачестеноста на дневниот сон.

Мало мајмунче кое пее додека се капе: Замислете да го имате овој пресладок миленик (видео)

Можеби на прв поглед ви делува не вообичаено за домашен миленик да се има мало мајмунче, но откако ќе го погледнете видеото веднаш ќе го посаката.

Мајмуните како едни од најинтелигентните животни се почесто земаат место за домашен миленик покрај мачките и кучињата. Ова преслатко животно ќе ви го направи денот поубав:

Откриено што ја намалува машкоста за 1 см! Внимавајте ако го практикувате ова

За интимните односи и половите органи речиси и да нема тема која не е разработена и за која не е зборувано. Покрај методите и исхраната која влијае позитивно на големината на машкиот полов орган постои и нешто кое влијае и негативно.

Според студија објавена од „Journal of Sexual Medicine" потврдено е дека дури 20 отсто од машката популација има помал пенис дури и од просечниот, 12,5 цм во ерекција. На нашите простори просечната должина на машкиот полов орган е 14 цм во ерекција.

Она што негативно влијае и доведува до намалување на пенисот е нередовното мастурбирање и немањето сексуални акти.

За виталност и здрав пенис истражувачите велат потребно е барем два пати недлно да имате секс или да мастурбирате, особено ако сте на возраст од 18 до 30 години.

Психолозите тврдат: Сите ова го прават по сексуалниот чин, а навистина е ОПАСНО!

Британските психолози открија интересна работа поврзана со интимните односи, односно за моментите што следат по сексуалниот чин.

Без разлика дали вашата врска е солидна и долга, или сте на самиот почеток, сигурно се случило откако ќе имате секс, да имате голема желба да ги запознаете внатрешните пориви и чуства на вашиот партнер.

Психолозите тврдат дека овој модел на однесување е сосема нормален, бидејќи повеќето луѓе по сексуалните односи сметаат дека се најблиску до нивниот партнер и се склони кон емоционално отворање и доверување на нивните интимни тајни.

Иако во хармоничен емотивен однос ова е пожелна работа и тоа овозможува да се доближите и подобро да се запознаете со партнерот, експертите предупредуваат дека тоа може да биде многу штетно на почетокот на врската или во случај на површни односи.

Ако сметате дека вашата врска нема капацитет да стане долгорочна, може да жалите за зборовите што ги споделивте, или дека на некој начин вашиот партнер ќе го користи подоцна против вас.

Најчитани

Твитови