Стручно објанување: Зошто емоционалните спротивнсоти се привлакуваат!

Од сите начини на кои спротивностите се привлекуваат, можеби најтрнливиот е оној кога тип на емоционален давач ќе се спои со емоционално резервиран тип.

Давачите сакаат да покажуваат блискост: Гушки, бакнувања, цвеќе, натписи на небото – нема такво нешто што би се нарекло премногу за нив. Но, тие исто така имаат и голема потреба да добиваат такви покажувања на љубов.

Тоа не значи дека резервираните типови не сакаат длабоко, туку тие едноставно се чувствуваат непријатно да го покажат тоа. Честопати, тие се потпираат на нивниот партнер да иницира приказ на љубов. Понекогаш, дури и не уживаат да добиваат изрази на љубов.

Во психологијата, овие различни начини на поврзување се нарековаат стилови на приврзаност (атачмент). Делумно се научени а делумно се генетски одредени. Амир Левин, психијатар и невронаучник при Колумбија Универзитетот во Њујорк, идентификувал три типа на стилови на приврзаност. Сигурен, анксиозен и избегнувачки.

Сигурниот тип на луѓе ја сочинуваат повеќе од половината од популацијата и вообичаено се топли, грижливи и се чувствуваат удобно во однос на интимноста.

Оние со анксиозен стил на приврзаност се околу 20% од популацијата и честопати се загрижени за нивната врска и дали партнерот ги сака. Обично тие се емоционално давачки расположени.

Оние со избегнувачки стил на приврзаност сочинуваат 25% од вкупната популација. Според нив, интимноста води до губење на автономијата и се обидуваат да ја минимизираат блискоста.

Во средината на шеесеттите, психологот Мери Ејнсворт разви експеримент кој го нарече „чудната ситуација". Имено, мало дете си игра со својата мајка во една соба. Во собата се наоѓа и некој непознат човек. Во еден момент, мајката ја напушта собата а странецот останува. По некое време, мајката се враќа. Повеќето од децата биле потресени кога мајката ја напуштила собата.

Ејнсворт проучувала што се случува за време на повторното спојување на детето со мајката. Некои од децата побрзале кон своите мајки и биле лесно утешени. Ејнсворт ги окарактеризирала како сигурни. Други пак, не било можно толку лесно да се утешат. Нив ги нарекла „анксиозно-резистентни". Некои од децата не потрчале кон мајките, или пак почнале да се доближуваат но потоа се завртеле наназад. Ејнсворт ги означила како „анксиозно-избегнувачки" .

Друг експеримент „Безизразното Лице", направен од Едвард Троник, развоен психолог, демонстрира како уште на мала возраст децата можат да го осетат емоционалното повлекување на мајките. Д-р Троник снимал мајки кои со љубов се грижеле за своите околу едногодишни бебиња. Во еден момент, мајката го прави своето лице неподвижно. Бебето го забележува тоа и се обидува повторно да предизвика близок однос со неа преку смеење, па со покажување со прст, потоа со испуштање крици и на крај со плачење.

Добрата вест е, како што вели д-р Левин, дека стилот на приврзаност може да се смени. Според експертите, двојките мора да си кажуваат еден со друг што им треба и да бидат што е можно појасни. На пример, може да се каже „Знам дека ти е тешко да искажуваш приврзаност пред моите пријатели, но дома навистина ми е потребно гушкање секој ден."

Целта е да се дојде до заедничко рамниште, а тоа не може да се оствари без комуникација. Советот би бил да обрнувате повеќе внимание на потребите на својот партнер, да ги цените сите различни начини на изразување на приврзаност и љубов и секогаш да бидете јасни во она што го сакате од својот партнер.

Облечена во црно: Јелена Карлеуша се појави на судење со Цеца (фото)

Во Основиот суд во Нов Белград се продолжува судењето меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.

Откако претходниот пат Јелена избегна да се појави во судот, овој пат пристигна.

Цеца ја тужеше Јелена поради изјавите во еден лист дека Ражнатовиќ го нарачала убиството Зоран Давидовиќ Чанде, а Карлеуша денес во судот се појавила облечена во црно од глава до пети.

Јелена прва влегла на судењто и прва излегла. Пејачката била нерапсоложена и не сакала да дава изјави.

Од друга страна, Цеца била расположена, а нејзиниот адвокати истакна дека судењето е одложено.

„Бараше десквалификација на судијата. Подобро нека се изјасни браникот, ќе видиме што ќе одлучи претседателот на судот по барањето за десквалификација на судијата“ изјави адвокатот на Цеца.

За потсетување, Јелена исто така се тужи и со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш со кого наводно имала афера. На претходното судење со Огњен, пејачката не се појави бидејќи е во жалост поради смртта на нејзината мајка.

КАСАНДРА: Лумпувам со песните на Цеца и Карлеуша, го обожавам Ѓоковиќ!

Не пропуштам ни еден тениски меч од Ѓоковиќ. Јас сум негов најголем фан, просто го обожавам. Сакам да танцувам со песните на Цеца и Карлеуша иако не разбирам ниту еден збор, изјави за информер.рс, популарната глумица Кораима Торес, која ја играше улогата на Касандра.

Кораима Корес, звездата на теленовела “Касандра”, која ја обележија деведесеттите години ширум светот, во интервју за Информер изјави дека ги обожава србите.

Венецуелската глумица откри дека лудува по Новак Ѓоковиќ и лумпува на песните од Цеца и Карлеуша.

Дали сте слушнале за некои наши звезди?

Секако, слушнав за Цеца и Карлеуша, ми се свиѓаат двете. Сакам да играм на нивните песни. Жалосно е што ништо не разбирам, но тоа не ме спречува да уживам во нивната музика. Ми се свиѓа тој ритам.

Кога можеме повторно да те очекуваме во Србија, ти не посети 1997 година?

За мене таа посета беше неверојатна. Преубаво искуство кое го чувам посебно во моето срце. Ја запознав вашата култура и традиција. Сонувам дека пак ќе дојдам. Се надевам дека ќе бидам во можност.

По што е позната Касандра?

Таа серија обори многу рекорди во светот. Големата љубов помеѓу двајца млади ги разнежи срцата на многу. Касандра ми ја отвори вратата во целиот свет и ми го промени животот. Поради успехот на таа серија која се случи во Колумбија, јас се преселив овде каде живеам и работа,

Кораима Торес е венецуелска актерка. Родена е на 6 јуни 1973 година во Валенсија.

Нејзините први улоги ѝ биле во теленовелите “Гарденија” и “Алондра”.Првата главна улога ја добила во 1992 година во теленовелата “Касандра”, што е прикажувана во повеќе од 100 земји.

После тоа отиде во Колумбија, каде ја добила главната улога во теленовелата “Соништа и огледала”. Нејзин партнер во таа сапуница е колумбискиот актер Николас Монтеро. Се заљубиле и се зеле во 1996 године.

Instagram инфлуенсерите го уништуваат јавниот простор

Проблемите кои инфлуенсерите ги прават кога се во прашање јавни и приватни простори, најдобра илустрација е една приказна од 2018 година, кога фармата Bogle Seeds мораше да го затвори својот имот за сите посетители, поради виралните фотографии со полиња на сончогледи кои многу Instagram верници се мотивираа веднаш да тргнат на пат и да прошетаат по споменатите полиња, така што и самите да станат вирални. И ова не е единствен пример, бидејќи заработката од добри фотографии ги преминува сите граници.

Оние кои се веќе некое време на Instagram сигурно забележале некои шаблони во однесувањето на другите луѓе, едноврсни видови на фотографски навики, бидејќи на истата локација се појавуваат повеќе налози, а фотографиите се врамени и филтрирани на скоро ист начин. Така, некои јавни места, природни атракции, се доволно лоша среќа да станат омилена дестинација за љубителите на Instagram од поширокиот регион, а вниманието е фокусирано на просторот кој до тој момент претставува светилиште за локалното население, а кое често излегува од контрола.

Така, секоја ливада во цветање брзо се полни со инфлуенсери, особено во развиените делови од светот каде што од таквите активности и заработуваат. Horde инфлуенсери не само што се сликаат на чувствителните простори, туку и добро газат, берат цвеќиња и после себе оставаат помал хаос. Тоа што луѓето непримерно се однесуваат во природа не е ништо ново, но се чини дека проблемот еволуира како што се развиваат мотивите за излегување во природа.

Поради оваа причина се јавуваат се повеќе интернет одмазници, а еден од нив е анонимен Instagram корисник кој го води профилот Public Lands Hate You, на кој укажува на оштетување од Instagram туризмот, опустошувањето кое инфлуенсерите го оставаат зад себе. Покрај тоа, анонимен корисник се обидува “нежно да ги едуцира инфлуенсерите”, и да им покаже како да не прават штети, а ако тоа не проработи Publik Lands ги контактира нивните спонзори.

Најчитани

Твитови