Изненадувачки, но вистинити факти: Медот никогаш не се расипува, Ајкулите живеат и до 500 години, Облаците тежат околу 500.000 килограми...

Постојат многу факти кои звучат толку чудно, што сите би помислиле дека се лажни. Но нашето ограничено знаење нè тера да се сомневаме во нештата што се целосно вистинити. Доколку ги сакате чудните факти за кои не можете да бидете сигурни дека се вистина, продолжете со читање.

1. Националното животно на Шкотска е еднорог.

2. Ајкулата Гренланд има просечен животен век од 272 години. Некои од овие ајкули можат да живеат и до 500 години.

3. Лосовите се одлични пливачи. Тие се родени со оваа способност, можат да пливаат со брзина од 9 километри на час и можат да пливаат со ова темпо 2 часа.

4. Ракчињата мантис можат да удираат со сила на куршум. Тие имаат еден од најбрзите и најмоќните удари во природата.

5. Медот никогаш не се расипува. Тој има одлична хемиска композиција која ги спречува организмите да живеат во него. Па без разлика колку е стар медот, најверојатно е одличен за јадење.

6. Сер Хју Бивер ја добил идејата за „Гинисовата книга на рекорди“ во 1950-тите, кога имал расправа во еден паб за најбрзата птица во Европа. Бидејќи не можел да најде одговор во ниту една книга, решил да направи книга со факти.

7. Секоја планета од Сончевиот систем може да се смести помеѓу Земјата и месечината.

8. Има многу повеќе дрва на Земјата отколку ѕвезди во галаксијата. Според НАСА, во Млечниот пат има помеѓу 100 и 400 милијарди ѕвезди. На Земјата има над 3 трилиони дрва.

9. Најголемиот производител на гуми во светот е Лего. Компанијата прави 50% повеќе гуми од другите познати компании.

10. Леопардите не рикаат, туку прават звук сличен како на домашните мачки.

11. Мекдоналдс е најголемиот дистрибутер на играчки во светот. Околу 20% од нивните продажби се оброци со играчка.

12. Каталогот на Икеа е популарен колку Библијата и Куранот. Ширум светот се разнесуваат околу 203 милиони копии од него.

13. Компанијата Нинтендо е основана пред повеќе од 100 години – во 1889-та година. Јапонската компанија за игри на почетокот бил бизнис за карти за играње и постепено се претворила во брендот што ни е познат денес.

14. Забите можат одново да се „закачат“ за нивните корени откако ќе се извадат, доколку се вратени на место.

15. Запалките биле измислени пред кибритот.

16. Луѓето се родени без чашки на колената. Тие се развиваат на околу 3-годишна возраст.

17. Облаците изгледаат навистина лесно, но науката вели поинаку. Облакот кумулус што се гледа кога времето е сончево, тежи околу 500.000 килограми.

18. Индиските ореви се собираат од дното на плодот што расте на дрвото.

19. Иако не се гледаат, пингвините имаат колена. Тие се прекриени со густи пердуви, па поради ова се невидливи.

20. Низ историјата на светот, живееле над 108 милијарди луѓе. Бидејќи денес има над 7 милијарди луѓе кои се живи, тоа значи дека денес постојат само 7% од сите луѓе кои живееле.

21. Стаклена топка може да скокне повисоко од гумена топка со иста големина.

22. Рогот на носорозите е направен од кератин, истата состојка од којашто се направени нашите нокти.

23. Во Франција во 1977-ма година била направена последната егзекуција со гилотина. Ова е годината и кога излегол првиот филм „Војна на ѕвездите“.

24. Иако многумина го мислат спротивното, кикириките не се јатки. Всушност, тие спаѓаат во истото семејство како и леќата, гравот и слично.

25. Малите морковчиња се всушност исечени нормални моркови.

26. Две пици со дијаметар од 30 центиметри се повеќе од една пица со дијаметар од 45 центиметри.

27. Постојат повеќе начини за редење на картите на играње отколку што има атоми на Земјата. Во обичниот шпил од 52 карти има 8×10^67 можни комбинации.

28. Во 2018-та година, Тако Бел бил прогласен за најдобриот мексикански ресторан во Америка.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови