Мажите родени во овие хороскопски знаци ги третираат жените како кралици!

Некои хороскопски знаци се попосветени на своите партнери, а други пак, сметаат дека нема потреба од „воздигнување до небо“ за да ја изразат својата љубов, што не значи дека таа не постои.

Според астролозите, Овенот, на пример, сака романтичен и рамноправен однос. Тој смета дека на партнерката повремено треба да ѝ се купуваат подароци, но не и да ја разгали и да ја претвори во материјалистка.

И Бикот сака да ѝ покаже внимание, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо подароци или масажа, тој љубовта ќе ја покаже како поддршка, грижа и одговорност.

Од Близнаците не би требало да очекувате кралски третман. И тој ќе ве сака, и ќе ве држи за рака, но постојаното удоволување не му е во природата. Според него, таквите работи се непотребни и изненадувањата се чуваат само за посебни пригоди.

Ракот сака да ја разгали својата партнерка и ќе ѝ даде сѐ што посакува. Тој е зависен од взаемни бакнежи и топли зборови.

Лавот ужива во внимание и галење, па тоа ѝ го нуди и на својата поубава половина, со очекување дека ќе му вратите со иста мерка. Тука ќе има многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што треба да направи за да бидете среќна.

Мажот Девица нема да направи ништо посебно за да покаже колку сте му посебна, но неговите суптилни гестови и оригиналноста ќе кажат сѐ. Вие за него сте принцеза и ќе го забележите тоа додека, на пример, ви ја отвора вратата, ви го извлекува столчето, или ви испраќа кратки слатки пораки за да ви покаже дека мисли на вас.

Вагата се грижи за другите, но тоа нема да се случува постојано само зашто вие тоа го барате. Ќе ви ја пружи сета љубов, но нема да ве стави на престолот.

Мажите родени во знакот Скорпија се интензивни и прилично страствени. Иако би можеле да бидете негова кралица, најдобро е да не очекувате ​​премногу внимание. Просто, не се склони кон романтични и креативни гестови. Затоа пак, во кревет ќе ве обожуваат како кралица, секако – еднаква на себе.

Стрелецот е авантурист и сака забава. Повремено сака и слатки подароци и излегувања. Претпочита силен однос и во врската нема да се чувствувате како дадилка.

Јарецот изгледа сериозно, но всушност е доста мек. Ќе ви се поклонува и ќе ви го подари сиот раскош што го заслужувате. Тоа е неговиот начин на покажување на преданоста.

На мажите Водолии им е важна длабоката поврзаност. За него подароците се површна работа. Претпочита обајцата да вложите еднаков труд во врската и сака да бидете со него поради тоа каков е, а не заради материјалните нешта.

Рибите се многу внимателни и ќе направат сѐ за да се чувствувате посебно. Очекувајте многу букети, отмени вечери и непредвидени патувања

Без цензура: Карлеуша како од мајка родена!

Јелена Карлеуша стана заштитно лице на кампањата ПЕТА за Европа, па нејзините голи фотографии ќе се најдат на билбордите ширум континентот. Рамо до рамо со светските ѕвезди како Ева Мендез, Наоми Кемпбел и многу други подржувачки, пејачката се фотографираше гола под заедничкиот слоган „Подобро гола отколку во крзно“

Понудата да биде токму таа во акцијата против употреба на крзно во модната индустрија веројатно ќе треба да ја оправда со тоа што нема, ниту да купува, ниту да се појавува, во облека и со модни додатоци од крзно, па останува да видиме...

Тим научници открија: Што ги прави мажите среќни во бракот?

Тим на научници откри дека за мажите естетскиот момент е многу важен и дека остануваат што подолго во брачните води ако покрај себе имаат убава партнерка, бидејќи се среќни.

Убавината на партнерката, за повеќето мажи е пресудна за успешен брак – покажало истражувањето. Студијата траела четири години и е спроведена на 450 парови, кои пред почетокот на истражувањето имале задача да го оценат партнерот, за неговата убавина. Резултатите покажале дека мажите и пред и по истражувањето не го промениле мислењето и оцената за убавината на својата партнерка. За разлика од мажите за жените убавината е на второ место. На прво место им е интелигенцијата и комуникативноста на партнерот.

Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Најчитани

Твитови