Причини плус зошто секојдневно треба да пиете Колаген!

Колагенот е најзастапениот протеин во кожата, а покрај еластичните ткива, го има и во дермисот (средниот слој) на кожата кој и ја дава цврстината и исполнетоста.

Колагенот го има и во коските, тетивите, лигаментите, органите, мускулите, крвните садови, косата и е главната компонента на нашите сврзни ткива, па поради тоа често се вели дека тој е „лепакот“ кој ни го држи телото заедно.

Консумирањето на колаген не е ништо ново. Желатинот е зготвена форма на колаген и се добива со варење на животинската кожа, ‘рскавица и коски во вода, а често пати се користи како зацврснувач во разните пудинзи и овошни желеа како и во тортите, јогуртот, сладоледот, супата, па дури и витамините како обвивка за капсули.

Колагенот ја одржува нашата кожа „исполнета“ и младешка, но за жал во неа има и ензим кој ги крши врските во колагенот. Иако нашите тела создаваат колаген секојдневно, по 25-тата година губиме повеќе колаген отколку што телото произведува, што е причината за појава на брчки, ослабување на зглобовите, опуштање на кожата и сл.

 

Бидејќи тоа се случува, пиењето на колаген може да го подобри тонот на кожата и нејзината еластичност, што му помага на телото да формира нови резерви колаген. Исто така е докажано дека пијалаците и прашоците кои содржат колаген содржат и антиоксиданси кои ја заштитуваат кожата со тоа што ја ограничуваат продукцијата на слободните радикали кои ги оштетуваат кожните клетки.

Скорешни студии имаат покажано поврзаност помеѓу оралните суплементи со колаген пептид и подобрувањето на текстурата и растот на ноктите, како и со зголемувањето на хидрацијата на кожата,

Една порција прашок од колаген има и протеин – до 18 грама во две мерици – па така ваквите суплементи нудат повеќекратни здравствени придобивки.

Покрај стареењето, консумирањето премногу шеќер или алкохол, интензивното изложување на сончевите зраци како и пушењето ја намалуваат продукцијата на колаген во телото. Поради тоа здравата, балансирана исхрана е најлесниот начин таа да се подобри на природен начин.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови