Хормони чиј недостаток прави жените да стареат пред време: Надоместете ги по природен пат!

Научете како да го одржите оптималното ниво на хормоните и вашата кожа, коса и нокти ќе ви бидат благодарни.

Според научниците, нашето тело синтетизира околу 100 хормони од кои 6 се важни за убавината на жената. Тие придонесуваат за еластичност на кожата, нè одржуваат млади, па дури и придонесуваат за добро расположение.

Добрата вест е што постојат методи коишто ќе ви помогнат да воспоставите рамнотежа на хормоните:

1. Естроген

Естрогенот влијае клетките на фибробластот да произведуваат колаген и еластин. Кога нивото на овој хормон е намалено, се појавуваат брчки, овалниот облик на лицето станува нерамномерен, а градите стануваат опуштени. Но, не се работи само за кожата, колку е пониско нивото на естрогенот, толку телото побрзо се троши.

Како да го покачите нивото на естроген?

Храна: Млеко од соја, кафеав грав, ленено семе, свеж зеленчук и овошје. Научниците велат дека месните производи го потиснуваат производството на естроген, затоа подобро е да се намали потрошувачката на животински протеини.

Козметика: Особено креми кои содржат фитоестрогени. На пример, серуми и креми со сладок корен се добри за борба против стареењето, бидејќи содржат ликуиритигенин, антиоксиданс кој го стимулира производството на колаген.

2. Хормон за раст – соматотропин

Луѓето имаат тенденција да добијат соматопауза со текот на годините – состојба кога нивото на хормонот во крвта почнува да опаѓа. Кога нивоата на соматотропин се намалени, мускулите се смалуваат, а маснотиите и брчките почнуваат да се појавуваат во прекумерни количини, расположението се влошува, а издржливоста се смалува.

Познатите личности од Холивуд почнуваат да си вбризгуваат хормон за раст, но ова знае да има многу непријатни нуспојави, како што се отекување, главоболки, па дури и неконтролиран раст на коските и внатрешните органи.

Како да го зголемите нивото на хормонот за раст?

Физичка активност: Одење со брзина од околку 4 km/h, вежби со тегови (10-15 повторувања за секоја рака). Подобро е ако тренингот за сила е пред аеробните вежби – прво работа со тегови, а потоа одење.

Промена на температура: Посета на сауна или туширање наизменично со топла и ладна вода го стимулира производството на хормонот за раст.

3. DHEA (dehidroepiandrosteron)

DHEA е хормон што делува смирувачки и е ефикасен против стареењето. Работата е во тоа што се произведува само до триесетата година, а потоа тонусот на мускулите почнува да опаѓа, крвните садови стануваат кршливи, а кожата ја губи еластичноста.

Како да го подигнете нивото по природен пат?

Вклучете здрави масти во исхраната: Нашето тело произведува DHEA со помош на нив. Јаткастите плодови, семките, мрсната риба и авокадото содржат есенцијални полизаситени масни киселини.

Јадете протеини за појадок: Тие помагаат во борбата против промената на расположението и го стабилизираат нервниот систем на почетокот на денот.

4. Мелатонин

Мелатонинот го регулира нашиот дневен ритам. До други зборови тој го информира телото кога е време за одмор. Сите процеси на обновување на клетките се одвиваат во текот на спиењето и доколку сонот ви е нарушен, тогаш почнувате предвреме да стареете.

Недостатокот на мелатонин придонесува појавување на брчки, губење на косата и создавање на пигментирани дамки на кожата.

Како да го подигнете нивото на мелатонин?

Храна: Бананите, доматите, оризот и пченката се богати со мелатонин.

Алкохолот, цигарите и кофеинот имаат контра-ефект. Кога ги консумирате овие работи, производството на овој хормон престанува. Некои лекови како што се бета блокаторите и антивоспалителните лекови го имаат истиот ефект на организмот.

5. Кортизол

Високото ниво на хормонот на стресот – кортизол придонесува за прерано стареење. Во зависност од типот на кожата, негативниот ефект на кортизолот се манифестира на различни начини: од сива боја на лицето до премногу сува кожа која се лупи, до длабоки видливи брчки и мрсна кожа со акни.

Овој хормон ги разградува влакната на колагенот и прави кожата да изгледа уморно и млитаво.

Како да го намалите нивото на кортизолот и стресот?

Пијте доволно вода: Дури и мала дехидрираност го покачува нивото на овој хормон. Една сосема обична работа како чаша вода може многу да ви помогне да се опуштите.

Додатоци во исхраната кои содржат корен од роза го намалуваат нивото на анксиозност и кортизол.

Слушајте добра музика која ве опушта: Научниците потврдуваат дека музичката терапија го намалува нивото на стрес.

Медитацијата е уште еден одличен начин природно да се намали нивото на кортизол без никакви дополнителни лекови.

6. Инсулин

Инсулинот го зголемува нивото на глукоза во крвта, и кога ќе се наруши состојбата со истиот, на кожата, се појавуваат рани знаци на стареење. Високото ниво на шеќер доведува до појава на брчки како и на кожа што виси.

Поради зголемувањето на нивото на глукоза, процесот што се нарекува гликација (поврзување на молекули на шеќери и протеини) се одвива побрзо отколку што треба во одредена старост, што доведува до уништување на колагенот и еластинот. Еластичната кожа станува поцврста, подебела и поподложна на пукање, како и дехидрирана.

Како да ја заштитите кожата од вишокот на шеќер?

Консултирајте се со лекар за да се утврди нивото на шеќер во вашето тело. По консултација со специјалист, можете да започнете со третирање на проблемот.

Козметика: Употребувајте креми и серуми со ретиноиди (витамин А и неговите деривати) кои стимулираат производство на колаген. Овие козметички производи треба да ги содржат витамините Ц, Е и зелен чај – сите се одлични антиоксиданти.

Користете крем со заштитен фактор секојдневно, дури и во зима. Сончевите зраци ги уништуваат еластинските влакна и придонесуваат за брзо стареење.

 

извор: crnobelo.mk

Без цензура: Карлеуша како од мајка родена!

Јелена Карлеуша стана заштитно лице на кампањата ПЕТА за Европа, па нејзините голи фотографии ќе се најдат на билбордите ширум континентот. Рамо до рамо со светските ѕвезди како Ева Мендез, Наоми Кемпбел и многу други подржувачки, пејачката се фотографираше гола под заедничкиот слоган „Подобро гола отколку во крзно“

Понудата да биде токму таа во акцијата против употреба на крзно во модната индустрија веројатно ќе треба да ја оправда со тоа што нема, ниту да купува, ниту да се појавува, во облека и со модни додатоци од крзно, па останува да видиме...

Тим научници открија: Што ги прави мажите среќни во бракот?

Тим на научници откри дека за мажите естетскиот момент е многу важен и дека остануваат што подолго во брачните води ако покрај себе имаат убава партнерка, бидејќи се среќни.

Убавината на партнерката, за повеќето мажи е пресудна за успешен брак – покажало истражувањето. Студијата траела четири години и е спроведена на 450 парови, кои пред почетокот на истражувањето имале задача да го оценат партнерот, за неговата убавина. Резултатите покажале дека мажите и пред и по истражувањето не го промениле мислењето и оцената за убавината на својата партнерка. За разлика од мажите за жените убавината е на второ место. На прво место им е интелигенцијата и комуникативноста на партнерот.

Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Најчитани

Твитови