Универзални сексуални желби на мажите - девојки бидете иновативни!

Ние жените обожаваме да му отвораме работа на нашиот мозок. Постојано анализираме, донесуваме едно решение, па се премислуваме. Се обидуваме да најдеме смисла во сè што е околу нас, во секој збор и потег на луѓето околу нас.

А кога станува збор за мажите и за нивните желби и потреби, работите стануваат уште покомплицирани. Па затоа, воопшто не е чудно што постојат цели книги, стотици илјади статии и истражувања за машкото однесување. Но, понекогаш предолгото размислување и навлегувањето во деталите може само да нè оддалечи од очигледниот одговор.

Сексуалните потреби и желби на мажите навистина кријат одредена мистерија. Сепак, постојат некои работи кои сите мажи ги посакуваат.

Мажите сакаат разновидност. Повторувањето можеби е мајка на знаењето, но воопшто не е возбудливо или привлечно. Ако тој има омилена поза, тоа не значи дека секогаш треба ја избирате неа кога сакате да го зашеметите. Внесете разновидност во стилот, времето и местото. Имате секс само навечер? Време е да ја откриете убавината на утринскиот секс. Стандардно трчате во спалната за таму да си покажете колку се сакате? Можеби е време да останете во кујната и не мора да завршите со оброкот за да се фрлите во страсна прегратка.

Мажите сакаат да гледаат. Се разбира дека мажите обожаваат да гледаат. Токму поради тоа се обожаватели на порно филмовите. Наједноставен начин да му го доставите ова задоволство на вашиот партнер е да имате секс пред огледало. Бидете сигурни дека ќе биде повеќе од возбуден додека ве гледа како уживате. Ако сте похрабри и послободни пред него, изненадете го со тоа што ќе се допирате самите.

Мажите сакаат да бидат изненадувани. Не треба да чекате да дојде неговиот роденден или пак Св. Валентин за да му приредите секси настап со еротски танц. Изберете си најобичен ден и подгответе му неочекувано жешко изненадување. Ако сте во долга врска, добро знаете колку може да биде возбудлива спонтаноста.

Малите кучиња се поагресивни

И покрај верувањата дека најагресивни и најопасни кучиња се бул-териерите (пит бул, стафордски териер), доберманите и ротвајлерите, ново американско истражување посочува дека најопасни се малите раси. Трудот е објавен во списанието „Аплајд енимал бихејвиор сајенс“, а спроведен од Универзитетот на Пенсилванија.

Тоа опфатило 6.000 испитаници, сопственици на 33 раси кучиња, и се покажало дека најагресивно куче е – дакелот (познат и како јазавичар). Според наводите, секој петти дакел гризнал непознато лице или нападнал друго куче, а секој дванаесетти го нападнал својот сопственик. На второ место е чивавата, а трети е „Џек Расел“ териерот.

Најнеагресивни се басетите, златните ретривери, лабрадорите, сибирските хаски и англиските кратковлакнести борзои. Бул-териерите и ротвајлерите се некаде на средина, а некои и под просекот. Научниците напомнуваат и дека за нападите на оние „големите кучиња“ нај многу се говори оти тие се посилни и поопасни од другите.

Истражување: Малите кучиња се поагресивни | opserver.mk

Карлеуша се смири со најголемата ривалка, познати деталите

Кристина Киа Коcкар и Јелена Карлеуша се смирија.
 
Фолк дивата одлучи да ги „закопа военаите секири“ заради мајката на Киа која во младоста му помагала на нејзиниот сопруг Душко.

– „Никогаш не мислев ништо лошо, без врска се препукувавме … Бев културна, постојано велев дека тоа е само шоубизнис. Имаше една работа што многу ми пречеше, но сега нема да зборувам за тоа. Било, па поминало. На Карлеуша и се случи трагедија во случајот со мајка и, па јас не продолжив повеќе да полемизирам со неа. Потоа видов дека на Инстаграм Јелена ми ја лајкнала нејзината песна што јас ја изведував. Јас на настапите пејам дури четири нејзини песни“  – изјави Киа за српски „Гламур“.

Решете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

Овие совети ќе ви помогнат да не се нервирате премногу на работното место…

Три четвртини од жените чувствуваат стрес на работното место и сметаат дека токму тој го загрозува здравјето и го убива расположението. Нешто помал број (но сепак значаен) се оние кои поради стресот со кој се соочуваат секојдневно развиваат сиптоми на депресија. Со оглед на состојбата во друштвото, мал број на работни места и силната конкуренција разбирливо е зошто толку многу стресот е присутен. Се обидовме да пронајдеме решенија што ќе ви помогнат засекогаш да го победите стресот:

Земете пауза!

Иако понекогаш се чини дека тоа ќе предизвика катастрофа од поголеми размери ако го напуштите работното место, тоа нема да се случи. Направете пауза од половина час, прошетајте, јадете ужина во мир или разбистретете ја главата на свеж воздух. Тргнувајќи се од стресната средина, па макар и на кратко, ќе ве опушти, ќе се смирите и ќе ги наполните батериите, а со тоа ќе бидете и продуктивни.

Џвакајте!

Бројни студии покажале дека гумите за џвакање го намалуваат стресот за дури 17%, а освен тоа што смируваат, за дури 67% ги подобруваат мултитаскинг способностите.

Најчитани

Твитови