Пролетта е идеално време за прошетка: Моќните придобивки од прегратката

Дали некогаш сте се чуделе зошто се чувствувате подобро откако ќе го гушнете вашиот партнер или зошто солзите престануваат да ви течат веднаш штом ќе ве прегрне вашата пријателка или сестра? Одговорот лежи во неверојатната моќ на прегратката.

Прегрнувањето е позитивна и исклучително топла форма на комуникација која пренесува љубов, приврзаност, благодарност, закрила, пријателска грижа, родителска поддршка, охрабрување...

Прегрнувањето често е нарекувано „чудотворен лек“, затоа што има позитивно влијание врз здравјето. Прегратките обично траат околу 3 секунди, но според некои експерти, здравата прегратка треба да трае околу 20 секунди. Еве кои се здравствените придобивки од прегрнувањето:

Редуцирање на стресот. Дали некогаш ви се случило стресот едноставно да исчезне по долгото гушкање со вашиот партнер? Прегрнувањето го намалува нивото на кортизол, хормон кој се лачи за време на стрес, а ги зголемува нивоата на серотонин и допамин, хормони поврзани со доброто расположение, па нормално е по пријатната прегратка да се чувствувате подобро.

Подобрување на спиењето. Намалениот кортизол го намалува неспокојството во нашиот мозокот, што води до полесно заспивање. Исто така, гушкањето, особено кај малите деца, се поврзува со намалена активност на центарот за страв во мозокот, па тие полесно заспиваат во прегратката на своите родители.

Редуцирање на болката. Сигурно и вие во детството сте го тестирале овој позитивен ефект на прегратката. Болката од крвавото колено речиси исчезнуваше кога ќе ве прегрнеше мајка ви или заборававте на болката од ставената инјекција кога ќе ве прегрнеше татко ви... Истражувањата спроведени со мали деца докажале дека тие чувствуваат помала болка кога се во прегратките на своите родители.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови