Снимен Михаел Шумахер !! Пет години по тешката повреда на главата (видео)

Легендарниот светски шампион во Формула 1 по страшната несреќа на скијање, кога тешко ја повреди главата веќе пет години живее скоро во целосна изолација.

Семејната вила во која живее  седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер е затворена за јавноста, барем до сега. Сега семејството на славниот возач одлучи да ги отвори портите на вилата поради снимањето на документарен филм за животот на големиот ас во Формула 1.

Германските режисери Михаел Вех и Бруно Камеретнс направиле кинематографско дело со наслов „Шумахер“.

Филмот е посветен на според многумина најдобриот  возач во Формула 1 во историјата. Премиерата на филмот за популарниот Шуми е закажана за декември годинава.

Во документарниот филм ќе бидат опфатени различни аспекти од животот на Михаел, а мозаикот на сторијата е претставен преку визурата на таткото на Михаел, Ролф, сопругата Корина и децата Мик и Џина.

Семејството Шумахер во целост го поддржува документарниот филм. Во филмот ќе видиме неколку ретки интервјуа и досега невидена архивски снимки. Премиерата на филмот е планирана за 50 роденден на Михаел Шумахер и за 25- годишнината од неговиот прв триумф.

Инаку пред пет години Михаел Шумахер на скијање на Француските Алпи удри во карпа и доживеа тешка повреда на главата. Цели шест месеци Шумахер беше во вештачка кома поради повеќекратните повреди на главата и рбетниот столб. Многу работи поврзани со неговата рехабилитација  се уште се држат во тајност, дури и во моментов не е познато во каква здравствена состојба е легендарниот шампион.

Зошто ШВАЈЦАРСКОТО СИРЕЊЕ има дупки?

Постои научно објаснување зошто во швајцарското сирење има дупки, но и зошто во поново време тие дупки се сè помали.

Се работи за честици сено кои останувале во млекото дури и при термичката обработка. Кога сирењето зрее, во тој процес честичката сено околу себе создава меур од воздух, што резултира со познатите дупки.

Во последните години некои производители додаваат вештачки вакви честички, за да се осигураат дека во сирењето ќе има дупки. Причина за тоа е што модерниот начин на молзење на кравите и складирање на млекото е автоматизиран и под строги контроли, па затоа тешко се случува во млекото да остане честичка од сено.

ФОТО: Сораја ја вжешти атмосферата во претесното бикини

Една од најпопуларните Балкански старлети Сораја Вучелиќ очигледно го живее животот  на „висока нога“. Таа на своите фанови на социјалните мрежи постојано им споделува фотографии на кои се гледа како ужива на егзотични дестинации.

Старлетата летово се забавува и проведува со своите исто така секси пријателки во Марбеља, Шпанија.

Зошто ви е тешко да го преболите раскинувањето?

Зошто ви е тешко да продолжите понатаму со животот после раскинувањето на врската, иако сте свесни дека тоа било најдоброто можно решение и исход?

Раскинувањето не е лесен чекор, без разлика дали одлуката била взаемна, ваша или на другата страна. Сепак сте се разделиле од личност со која некогаш сте биле среќни, во која сте биле вљубени.

Има неколку причини зошто ви е тешко да го преболите и надминете раскинувањето:

Осаменост

Една од најчестите причини зошто на луѓето им е тешко да продолжат понатаму по раскинувањето е осаменоста за која стануваат свесни во моментот кога веќе го немаат партнерот покрај себе.

Осаменоста може да нѐ натера да почнеме да копнееме по личност која не била добра за нас.

Решение за ваквите моменти на криза е префрлање на фокусот. Најдобро е фокусот да го префрлите на себе, на нешто што ви причинува среќа, задоволство и радост. Искористете го ова слободно време за нешто корисно и продуктивно и не заборавајте – подобро е да сте сами отколку со некој кој не е добар за вас.

Изгубена самодоверба

Ако сте биле во врска со личност која не била добра за вас или не ви обрнувала внимание, можно е вие да сте почнале да ја губите самодовербата уште додека сте биле во таа нефункицонална врска.

Но, не е сѐ изгубено. Тоа била вашата реакција на таа личност и таа ситуација. Сега сте сами и целото внимание е насочено на вас и вашата добросостојба.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат и во го посакуваат само најдоброто, луѓе кои ве ценат и ве почитуваат, кои веруваат во вас и вашите способности.

Полека, полека, ќе избледи сеќавањето на тоа дека таа личност правела да се чувствувате лошо, а вие ќе најдете начин, механизам и метод да се сакате себе си и да ја одржувате таа љубов и почит кон себе.

Најчитани

Твитови